САД ВО ЕВРОПА ГИ ГУБИ СОЈУЗНИЦИТЕ: Орбан предвидува крај на либерализмот, Да се орекинат односите со САД – Европа да се врати на европските земји…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
САД полека во Европа ги губи сојузниците, Унгарија и го врти грбот. Порталот http://webtribune.rs/orban-predvida-slom-liberalnog-carstva-prekinuti-uticaj-sad-i-vratiti-evropu-evropljanima/ излезе со наслов Орбан предвидува крај на либерализмот: Да се орекинат односите со САД, Европа да се врати на европските земји“. Понатаму порталот во текстот вели:
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека би сакал претстојните избори за Европскиот парламент да станат нов почеток за Европа, со што ќе се стави крај на американското влијание и ќе ја врати Европа на Европејците, објави Танјуг.
“Европејците можат да бидат среќни само ако можат да одлучат за својата судбина и за иднината на својата нација”, рече Орбан, објави агенцијата МТИ.
Претходно, Орбан предупреди дека ЕУ може да пропадне, ако еден дел од неа ги присили другите да прифатат про-имиграциона политика.
Водечката партија на Унгарија, Фидес, чиј претседател е Виктор Орбан, го постави својот анти-имиграциски став како главна поента на кампањата за европските избори, во која популисти и евроскептици се во добра позиција за профит, објави Ројтерс.
“Луѓето во Европа мора да разберат дека Европа нема да биде слободна без нејзината христијанска култура”, рече премиерот на одбележувањето на годишнината од Унгарската револуција во 1848 година.
Тој ја истакна важноста на христијанството за слободата на Унгарија и предупреди дека сите ние можеме да ја изгубиме слободата во “либералната империја”.
Споделете