Еконмскиот колапс на Запад се зголемува. Во Австрија се крена голем аларм, секој втор граѓанин на крајот на месецот нема пари на сметката, четвртина од граѓаните немаат заштеда…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Во минатиот текст нагласив како западните земји ма чело со САД влезени се во големи должнички кризи, особено, носителите на Европската Унија Германија, Франција, Италија и Велика Британија која се „инати со излегувањето“. Порталот http://webtribune.rs/alarm-u-austriji-svaki-drugi-na-kraju-meseca-nema-para-na-ziro-racunu-cetvrtina-nema-ustedevinu/ донесува текст за економската состојба во Австрија, која е алармантна. Порталот во текстот вели:

           Повеќе од една четвртина од Австријците, што е 27 проценти, немаат заштеди, според една студија спроведена за “Директбанк ИНГ”. Секој втор австриец на крајот на месецот нема повеќе пари на жиро-сметката, податоците од оваа студија се наведуваат понатаму. Поопширно, најчест проблем се жените, од кои 32 проценти имаат проблем со пари на крајот од месецот. На почетокот на минатата година, вкупно 24% од Австријците имале проблем со недостаток на пари. Како причина за недостатокот на пари, 55 отсто рекле дека не заработиле доволно.

“Финансиската ситуација не се влошува само во Австрија, туку во многу европски земји. Прекрасната квота за штедење во еврозоната не треба да ја крие проблематичната ситуација, бидејќи јазот меѓу богатите и сиромашните расте. Уделот на оние кои не можат да заштедат постојано расте. Во исто време, оние кои можат да штедат, ставаат повеќе пари „на страна”, вели главниот економист на” Директбанк”, Карстен Бржески.

(Танјуг)

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20