Лавров на САД и кажа: Русија се враќа на политичката сцена, Вашето владеење и доманацијата на Западот од 500 години заврши…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Секој што ја следи светската политичка сцена, особено новинарите аналитичари, како и политичките (тука не мислам на хаус мајторите во новинарството) добро им е познато дека САД и нивните сојузници, особено западните земји влегоа во економски, а со тоа и во воен колапс – Влегоа во должничка криза. Пандам на Европската Унија се формира Евроазијската зона, на чело со Русија, Кина Индија, Иран… Познато е дека Кина ја стаса САД на економско поле и ја надмина САД, а Русија на воено поле. Тука треба да се напомене и сојузот на Кина и Русија, кој не е само економски, туку и воен сојуз, без разлика што во историјата меѓу нив имаше и воени кнфликти.

           На форумот „Русија земја на можностите“ министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во очи им кажа на САД и нивните западни сојузници: Вашата доминација и владеење од 500 години заврши, Русија се врати на светската политичка сцена“. За вој настан и изјавата на министеот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, порталот http://webtribune.rs/lavrov-surov-zapad-u-bunilu-rusija-se-vratila-i-to-ce-sada-dugo-trajati-vasih-500-godina-vladavine-su-zavrsene/ донесе текст со наслов „ЛАВРОВ СУРОВ – ЗАПАДОТ ВО БУНИЛО: Русија се врати, тоа ќе потрае подолго време – ВАШИТЕ 500 ГОДИНИ НА ВЛАДЕЕЊЕ ЗАВРШИЈА“. Понатаму порталот во текстот вели:

           Враќање на Русија на светската сцена како рамноправен партнер, кој се спротивставува на диктатот и ултиматуми, предизвика нервозна реакција на Западот, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во четвртокот, на форумот „Русија – земја на можности“.

“Имаше многу нервозна реакција на враќањето на Русија како рамноправен партнер, кој не наметнува ништо, но не толерира диктат или ултиматуми. Реакцијата на нашите западни партнери на ова е многу болна”, кажа Лавров.

“Неуспешно”, продолжи Лавров. “Ние не бараме конфронтација со никого. Ние сакаме да соработуваме со секого под еднакви услови, врз основа на меѓусебно почитување и бараме рамнотежа на интереси и заемно прифатливо пристап. “

Суштината на она што се случува е “категорично одбивање на САД и нивните западни сојузници да се разбера 500-годишниот период на доминацијата на Западот во светските работи се ближи кон крајот.”

Според него, процесот на транзиција кон новата мултиполарност, демократски и праведен свет нема да трае долго, но сега за сега оваа транзиција е болна за оние кои “имаат навика да владеат со светот со векови.”

“Тие имаат навика да владеат”, рече Лавров.

Webtribune.com

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20