Србија опасно се дестабилизира, Војводина бара да биде република. Во Нови Сад испишуваат графити: Ниту е Косово Крим, ниту е Војводина Севастопол, ово не е Русија…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Порталот https://rs.sputniknews.com/politika/201904051119371071-novi-sad-vandalizam/ Излезе со наслов Во Нови Сад: „Ниту е Косово Крим, ниту е Војводина Севастопол. Ово не е Русија. Порталот во текстов вели:
Организацијата “Млада Војводина” ги попрска натписите со бела боја напишани на шеталиштето покрај кејот “Космет, Војводина, Србија-Русија, Севастопол, Крим” во Нови Сад испишани се пораки “Војводина република”, потпишани со “Млада Војводина”.
Оваа организација има поставено фотографии од кејот на нивниот профил на Инстеграм заедно со пораката:
“Ниту е Косово Крим, ниту пак Војводина Севастопол. НЕ Е ОВО РУСИЈА!
Овој напис на порталот ме натера од гугол, поточно од викепендија да ппобарам одговор за демографската слика на Војводина. Како млад војник во 1980 година прво бев на пешадијска обука во Сомбор, потоа прекомандуван на Бањица, во Белград, во комнда за врски на РВ и ПВО на поранешна СФРЈ. Во тоа време забележав дека во Сомбор и оклината има унгарци. Во исто време беше актуелна песната на Тозавац „Маѓарице јас ти љубам лице“. Но, не забележав дека се мнозинство. Познато е дека Унгарија одамна има територијални претензии кон Војводина. Но, коклку е тоа реално, одговор дава викепендија за демографската слика на Војводина:
Војводина е автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 официјални јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други.
Ако овој податок од викепендија се анализира, не ја гледам потребата за поделба или прогласување Војводина Република, каде 65-70 се срби, а 70 проценти се православни. Како аналитичар забележувам една работа, дека врз Србија се врши голем притисок за признавање на Независно Косово, за дестабилизација на Србија, каде е можен воен конфликт или граѓанска војна. Не случајно во време на преговорите со Косово, во Србија се крена опозицијата, Санџак, сега и Вокводина. Да ли крајна цел е Србија да се сведе на Белградски и Нишки пашалак, на теритирија по првото српско востание, заедн со Шумадија.
Не навлегувам во плитиката на председателот на Србија Александар Вучиќ, ниту на опозицијата во Србија – факт е двете страни играат по нотите на Западот. Како во Македонија, така и во Србија опзицијата нема ледер, спрпскиот и македонскиот народ препуштени се на само организирање – то може да донесе само граѓанска војна или етнички воени конфликти.
Споделете