САД доживува нов пораз на меѓународната политичка сцена, ја повлекува војската од Либија, наскоро Либија ќе биде во рацете на маршал Хафтер.

ХОРОСКП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

САД доживува нов пораз на меѓународната политичка сцена, на воено поле, токму од Русија. Во Сирија граѓанската војна започна со формирање на ИСИЛ од страна на САД, но со влегување на Руската војска и руската војна помош председателот Асад успеа да ја ослободи Сирија од ИСИЛ, да остане на власт. За разлика од Сирија во Либија Русија директно не интервинираше, но го  подржуваше генерал или маршалот, командантот на либијската нацинална армија Хаиф Хефтар, кој нареди напад на Триполи.

           Има интересена работа кога Либија е во прашање. Пред САД да изврши инвазија и бомбардирање на Либија, Либија беше една од побогатите арапски земји, со висок стандард, а со неа владееше полковник Гадафи, кој со ревулуција дојде на власт. Генералот Хаиф Хефтар или маршалот на Либијската национална армија по воен пат е на пат да дојде на власт, да ги истисне САД и нивните слуги од Либија. За повлекувањето на војската на САД од Либија порталот http://webtribune.rs/amerika-povlaci-vojsku-iz-libije-cela-zemlja-uskoro-u-rukama-generala-haftara/ пишува:

            Африканската команда на вооружените сили на САД (АФРИКОМ) привремено го премести својот контингент во Либија заради безбедност.

“Контингентот АФРИКОМ поддржан од САД беше привремено префрлен од Либија како одговор на (влошените) безбедносни услови. Ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата на лице место и да ја процениме можноста за продолжување на американското воено присуство, во зависност од ситуацијата “, рече командата на Твитер.

Како што најави командантот АФРИКОМ Томас Валдхаузер, одлуката беше донесена бидејќи ситуацијата во Либија стана “посложена и непредвидлива”.

Во четвртокот, командантот на либиската национална армија маршал Хаилиф Хефтар нареди неговите сили да започне офанзива на Триполи за да градот “се ослободи од терористи”. Медиумите објавија дека единиците на либиската војска ја презеле контролата над градовите Гарјан и Сурман, јужно од главниот град на Либија.

Од друга страна, премиерот на Владата на национално единство во Триполи Фауез Сараџ нареди да се употреби сила дека доколку е потребно, по најавите дека либиската национална армија има воспоставено контрола над градовите јужно и западно од Триполи.

Во Либија продолжува да владее двовлат – во Источна владе избран парламент, а во Триполи, на Запад, управувана е од страна на владата на национално единство предводена од Фауез Сараџ, формирана со поддршка на ОН и на ЕУ (во превод САД).

Властите во источниот дел на земјата работат независно од Триполи, соработуваат со командантот на либиската национална армија, Маршал Халиф Хефтар, чија војска води долготрајната војна со милитантите. Националната нафтена компанија Либија објави неутралност и соработува на двете страни.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20