Во дуелот Љупчо Палевски-Сотир Костовски, Палевски со аргументи повика на бојкот на претседателските избори. Сотир Костовски не успеа да му контририра…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков крајнички
Предлагам вниманително да го погледнете интервијуто на порталот INFOMAX,MK каде гостите беа Љупчо Палевски и Сотир Костовски. Без разлика што Сотир Костовски (земјак ми е – кочанчанец) знам дека беше обвинител, не знам да ли е уште, не успеа со правни аргументи да докаже дека е неопходно да се излезе на пресетседателите избори. Љупчо Палевски поранешен функционер на СДСМ многу поаргументирано објасни зошто треба да се прифати неговата инцијативата да се бојкотираат претседателските избори. Тука треба да се напомене дека активно учествуваше и во процесот БОЈКОТИРАМ пред референдумот, покажувајќи го својот патриотизам, личност што искрено си го сака својот македонски народ и татковината Република Македонија.
Љупчо Палевски јасно укажа дека премиерот Зоран Заев е проект на Калето, кажувајќи како може да се блокира овој проект.
ВИ препорачувам внимателно да ја погледнете емисијата, дебатата помеѓу Љупчо Палевски и Сотир Костовски, сами да донесете свој суд, особено кога се во прашање претседателските избори. Што може да донесе бојкотот, а што исполнување на цензусот…
Споделете