Северна Кореја се подготвува за пресметка со САД, тестирала ракети кои можат да ја погодат територијата на САД, ракети со долг дострел….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков Крајнички
По неуспешната средба помеѓу Председателот на САД Доналд Трамп и лидрот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во Виетнам, кога претседателот на САД Доналд Трамп ја напушти средбата, Северна Кореја продолжи со својата нуклеарна програма. Деновиве во Северна Кореја е тестирано ново оружје, поточно ракета со голем дострел кој може да погоди цели во САД. Во подсвеста на сеевернокорејскиот народ длабоко е врежано во потсвеста бомбардирањето на САД, кога Северна Кореја ја срамнија со земја, за време на војната помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја од 1950-1953 година. Американскиот генерал кој бил задолжен за бомбардирање и воени акции врз Северна Кореја даде изјава „Барав на Северна Кореја да фрлам атомска бомба, не ми дозволија“. Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун не ќе мора да бара од никого дозвла на САД да и врати мило за драго.
За новата проба во Северна Кореја порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201904181119499470-skoreja-oruzje/ пишува во текстот:
Северна Кореја соопшти дека тестирала нов тип тактички водени оружја, објави АП. Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун лично го следеше лансирањето на оружје во Академијата за наука за одбрана. Агенцијата на Северна Кореја КЦНА објави дека Ким изјавил дека “развојот на вооружените систем служи како настан од големо значење за зголемување на борбената способност на народна армија”.
Соопштението за јавност од Северна Кореја се случува во време кога имаше извештаи дека е забележена активност во истражните центри во Северна Кореја, за која се верува дека се за развојот на ракети со долг дострел што можат да ја погодат територијата на САД, според АП.
Белата куќа рече дека е запознаена со настанот, но не даде коментар, објави Танјуг.
АП тврди дека новинарите на агенцијата не биле во можност независно да ги проверат наводите за тестирање на ново оружје.
Споделете