БРОЕВИ И СУДБИНИ –

КАРМА НА БРОЕВИТЕ…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Како што знаеме, според точниот датум на раѓање на еден човек со неколку прости пресметувања можеме да го определиме не само неговиот карактер, туки и неговата судбина и најглавноцелта на неговиот живот. Да го разбереме сето она, што ни го дава како можност новата сензационална разработка на астропсихоаналитичарите

 

Нумерологија на двозначните броеви

 

Што мислите? Зошто понекогаш ние од другите го криеме датумот на нашето раѓање? Не само од желба да изгледаме помлади во нечии очи. На таков начин ние свесно се чуваме од лоши мисли или поинаку кажано од  уроци и од лоши магии. На броевите отсекогаш им се придавало големо значење, не помало од зборовите. Многумина од нас ја познаваат нумерологијата на броевите од еден до девет. Но напоредно со неа суштествуваат и многу други посложени системи, каде еднозначните броеви се надополнети од двозначните. Тие се повеќе за располагање со опширни карактеристики. Така на приме,р ако сте родени на 1.12.1958 година  соберете ги сите броеви и редуцирајте ги до двоцифрен број: 1+1+2+1+9+5+8=27.Обрнете внимание на следново: ако датумот или месецот на вашето раќање е  10, тие броеви се сметаат како десает, а не како 1+0. На пример вие сте родени на 1.10.1958 година сметате вака: 1+10+1+9+5+8=34 Собирањето на двоцифрениот број, тоа е вашата судбина, влијанието на скриените сили. Во определен момент тие доаѓаат и го променуваат животот. Во такви случаи, источните мудреци, говорат за кармични уроци.

Што е кармата?

Не испраќаме само ние ракети во Вселената, и таа испраќа луѓе на Земјата. Рокот на на службениот пат е животот, а целта засега е непозната. Секој од нас треба да ја исполни својата мисија, а понатамошната судбина (кармата) на човекот зависи од тоа, колку успешно тој се справил со таа задача во  предминатите животи. А после тоа тој повторно се раѓа на Земјата при подобри или полоши услови. Кругот на земските трансформации нема да се прекине, додека  човекот не достигне повисок степен на развиток и не се слее со единствениот космички (вселенски) разум. Постапувајќи добро или глупаво ние секојпат ја формираме својата иднина. Во зависност од нашите претходни животи, секој од нас се наоѓа на различно ниво на развиток од своето сознание и следствено на тоа треба да обраќаме особено внимание на  различни области од својот живот. За да дознаеме во што се состои нашата сегашност ние треба да погледнеме во која група припаѓа нашиот број и да направиме распределба: тоа и тоа ми е неопходно, а тоа е подобро да го избегнувам. И тогаш се ќе се определи многу подобро, отколку што вие очекувате. Откако ќе го определите бројот на вашиот живот, побарајте објаснување. Некои броеви имаат исти значења ( на пример 36,45 И 27).

3 –успехот на овие луѓе во голем степен зависи од тоа колку тие се занимаваат со спорт.

4 – способни, но малку расфрлани, луѓето со овој број, треба да се учат пред се да се концентрираат на сопствената волја.

5 – бројот на магичните сили. Според некаков необјаснив начин на овие луѓе секогаш се им оди.

6 – во многу односи овие луѓе личат на оние од бројот три. Но луѓето на бројот 6 имаат поголема истанченост и вкус.

7 – мистичен број: луѓето на овој знак често слушаат гласови одозгора. Нивна задача е да ја исполнуваат нивната волја.

 8 – овие луѓе не ги сакаат поправените патишта. Нивнатса сила е во спротивставувањето.

9 – носителите на овој број од детството го чувствуваат своете повисоко назначување. И не грешат, нив секогаш им е доверена секоја област од човечката работа.

10 – среќен број. Ова е знак на честа, на увереноста и на високиот подем. Новиот ден е подобар од претходниот. Главниот недостаток на овие луѓе е мрзливоста.

11 – предупредува на можни пречки и нестабилности на најблиското окружување. Носителите на овој број можат да се занимаваат со окултни науки, но многу вниматеклно.

12 – симбол на неспокојството и тајните интриги. Се стремите кон успех? Тогаш не влегувајте во сојуз којшто е против некого или нешто.

13 – ѓаволска должина, којашто означува ненадејна промена на плановите. Освен тоа старите луѓе биле уверени, дека носителите на овој број порано или подоцна ќе се здобијат со сила и власт.

14 – предупредува на опасност од оган и од вода. Не е препорачливо одморот да го поминете во диви места, но можете и неопходно е да ризикувате во бизнисот, зделките и лотариите.

15 – припадниците на овој број имаат силен личен магнетизам. Овој број го помага музичкото и ораторското искуство, води кон успех.

16 – број што предупредува на страшните настани, што можат да му се случат на човекот, при лекомисленост или избрзување. Секое решение треба да се зема многу внимателно и поединечно да се разгледуваат сите глесови “за” и сите

“ против”.

17 –  висок духовен и среќен број, што на својот господар му носи среќа, слобода и пријатни промени.

18 – оттргнување од традициите, бунт. Подобро би било ако овие луѓе се понастрана од масовните потфати, а исто така треба да ги избегнуваат и пиштолите, ракетите и огнометите.

19 –  го претставува Сонцето. Еден од најсреќните знаци. Носи успех, почитување  и признание.

20 – двоен број , повик кон активна дејност, реализација на нови планови, но вашите планови, само при поволни услови ќе бидат грандиозни.

21 – ја симболизира вселената. Број на развитокот на животниот подем, но…Погрижете се да не учествувате во интриги.

22 – број на доверливиот човек, кој неретко  доживува разочарување. Но во време на опасност тој е способен да пронајде вистински излез.

23 – олицетворување на магичната сила Овие луѓе имаат силен ангел чувар. Неретко помошта и  решението доаѓаат во најнеочекуваниот момент и од најнеочекуваната страна.

24, 33, 42 – среќни броеви, успех и поткрепа во сите нови дела, а особено во  љубовта и пријателството.

25, 34  – броеви на личното искуство. Нивните носители не ретко се судрувале со тешкотии, што изгледале непремостливи. Независно од отсуството на помош тие правилно ќе успеат да најдат излез од дупката. Тие не се плашат двапати да влезат во едена иста  стапица.

26, 35, 44  –  овие луѓе  имаат изострено чувство за  опасност и во крајна смисла се покажува, дека е така, независно од тоа што го зборуваат околните луѓе. Затоа тие треба да и се доверуваат на сопствената интуиција и да не ризикуваат напразно.

27,36, 45 – добар знак. Луѓето со овие броеви работат многу и продуктивно, и склони се кон високи интелектуални способности. Постигнуваат успех во се со што ќе се зафатат.

28  – број на противречноста. Има необични способности, неговиот носител секогаш има две вистини за сознанијата и се наоѓа во вечна опозиција со сопствените мислења и закони. Впрочем без да ги нарушува општите норми, тој претпочита да оди по познати патишта.

29,38,47  – Околните не се особено искрени со луѓето од овој број, но тоа е напразно бидејќи тие се коректни и никому не би му го пресекле патот. Тие трба да одат по сопствениот пат без врз нив да оставаат влијание зборовите и постапките на луѓето од околината.

30,39,48  – начитани ерудити, примерни, луѓето од  овој број не помалку ги уважуваат и материјалните блага. Сами по себе овие броеви се неутрални и многу зависат од расположението на самиот човек: како тој ќе посака, така и станува.

31, 40, 49  – слични се со претходните броеви со таа разлика, што нивните носители се одликуваат со особена внатрешна изолираност, дури и со окружувањето со најблиските луѓе тие се чувствуваат осамени.

32, 41, 50  – имаат иста магична сила, како и 5, 14 и 23 . Овие луѓе се дружељубиви, но треба да ги кријат своите планови ( во спротивно нема да им се исполнат).

37, 46  – знак на добрината, пријателството и взаемната љубов. Хармонија во односите со спротивниот пол.

43, 52  – сложени броеви, симболизираат множество од бурни настани и ненадејни изненадувања (како пријатни, така и непријатни). Сојузниците на луѓето со овие броеви  се нивната подвижност и способност со чија помош тие реагираат молскавично.

51 – број на огромните можности. Неговите носители по природа се војници. Тие се погодни за секаква кариера( од морнар, до сметководител), но најчесто се војници или лидери.

Сакате ли да дознаете, што ќе ви се случи во тој или во оној ден, или на пример утре? Напишете го датумот, соберете ги броевите и гледајте во описот на броевите, што ве очекува.

                              

                              Вашата мисија на земјата

 

Во првата колона од таблицата најдете го периодот  во којшто спаѓа вашиот личен број. Во втората видете на какво ниво на кармично сознание се наоѓате. Третата колона содржи формулирање на задачите, што треба да ги решите во текот на вашиот живот.

Прва  колона               Втора колона                   Трета колона

Датум на раѓање        Ниво на сознание            Што треба да правите?

Од 3 до 19, прво ниво – дете. Треба да го усовршите телото и духот, да го закрепните здравјето, да ја зацврстите волјата, да ја развивате личноста, да избегавате расудувања на филозофски теми.

Од 20 до 29, второ ниво – ученик. Да ја развивате интуицијата, да ја слушате вашата потсвест, и почесто да се обраќате кон искуството – своето сопствено и на претците.

Од 30 до 39, трето ниво – мајстор. Вие сте должни да им укажете влијание на околните. Затоа погрижете се колку што можете посериозно да ги вледеете земните знаења (култура, странски јазици, општо знаење), за да можете штедро да ги споделите со другите.

Од 40 до 49, четврто ниво – учител . Најмудри и најбудни од своето окружување, вие просто сте заречени да им помагате на сите и за се. Во однос на вас околните луѓе просто се деца. Главна цел ви е да дојдете од пето ниво, а за тоа е неопходно постојано да им помагате на другите и да покажувате великодушност.

Од 50 до 52, петто ниво – пастир. Вие сте носител на најскришната информација, посредник во односите помеѓу луѓето и вишиот разум. Затоа  вам ви се неопходни советници и осаменост, за да можете да го чуете гласот на космосот.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20