Мими „нумерологот“ (видео) лупа како „Максим по дивизија“. Без калкулатор гостуваше, зато правеше лапсуси во броевите….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Слатко се изнасмејав гледајќи го видеото кое ми го пратија, бидејќи „нумерологот“ Мими, лично ја познавам. Прво се насмејав кога спомна дека почнала да се бави прво со астрологија пред 30 години, значи од 1989 година, во тој период во Македонија не можеше да се најде астролошка литература. Јас, кога почнав да ја проучувам астрологија и парапсхиогијата, беше благодарение што бев на Југословенскиот Институт за Новинарство во Белград, каде 1986 дипломирав. Во Белград дојдов во допир со астролошки книги и од областа на парапсхилогијата. Првата, за жал и единствена астролошка книга „Астроошки Буквар“ кој а е над 350 страни излезе 2001 година, јас ја напишав, на која работев 7 години. Но, да се вратам на „нумерологот“ Мими.
Прво лупна голема глупост, кога кажа дека Македонија е родена под бројот 9. Очигледно не и оди математиката, а настапи без калкулатор. Кога ќе соберете 8+9+1991=37-3+7=10-1+0=1 Значи референдумот е одржан на 8 септември1991 значи едноцифриниот збир на Македонија е 1.
Како што реков „нумерологот“ Мими лично ја познавам од 1988 година кога во редакцијата на списанието „Хородскоп“ имав мала книжарница од езотреријата. Значи во 1988 година „нумерологот“ Мими дојде и купи книги од книжарницата на ссписанието „Хороскоп“, меѓу книгите имавме и нумеролошка книга. Ако не се лажам во тоа време како што рече (ако ме слуижи меморијата“ рече дека работела (во тој период) како фризерка. Инаку во тој период во редакцијата ме посетија и покојната Доста Димовска и Љуб(п)чо Георгиевски 1987-1988. Доаѓаа на консултации – не одев јас кај нив.
Нема терија да се занимавате со нумерологија, ако не ја познавате астрологијата, бидејќи нумерологијата е дел од астрологијата.
Светот е годинава во бројот 12 или 3 ако ги соберете бројките. Македонија лани на 8 септември влезе во бројот 8+9+1991+2018=48-4+8=12-1+2=3 Значи дека Македонија не се наоѓа во бројот 2 туку во бројот од 3, а од 8 септември влегува во бројот 4, што ќе донесе коренити промени во домот – државата. А бројот 3 е број на комуникации. А денот на изборите е под 21+4+2019=19-1+9-1 бројот 1, а единицата владее со Овенот или со Марс, што може да донесе конфликти, прекини, или настани што ќе донесат пресврти или птркини.
Погледнете го внимателно видеото со „нумерологот“ Мими, не ви треба одење на „театар комедија“.
Споделете