Милошевски јавно повукува, масовно да се излезе на претседателските избори, да се гласа за професорката Гордана Силјановска Давкова…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија Антонијо Милошевски, на својот профил јавно повикува да се излезе на гласање на преседателските избори. Во својот повик Антонијо Милошевски, го коментира својот избор за професорката Гордана Силјановска Давкова, ги кажува аргументите зошто ќе гласа за неа.
Еве го во целот неговиот статус:
Antonio Miloshoski е во Македонија Вечна.
пред 10 мин. · Skopje ·
На 21ви април (Цветници) ќе го искористам своето граѓанско право да гласам за првата жена кандидат за Претседател на МАКЕДОНИЈА!
Од ТВ-дуелите на кои можевме да ги споредиме тројцата кандидати, ценам дека Проф СИЛЈАНОВСКА Давкова се покажа како најкомпетентна, зрела и принципиелна личност. Таква личност има капацитет пред светот да ги претставува граѓаните како Шеф на државата, а внатре во Македонија да даде придонес за рамнотежа и демократска поделба на власта.
Слободната воља и одлука на секој од Вас, за претседателските избори, длабоко ја почитувам, без оглед дали се разликува или се совпаѓа со мојата.
Нека БИДЕ Vox Populi, Vox Dei!
Споделете