Мицковски и Заев проглаија победа, морален победник е Река…..народот им удри шлаканица на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Зад нас е ден кога се одржа првиот круг на преседателски избори. Во првиот круг граѓаните им удрија шлаканици на: СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ – морален победник е професорот Блерим Река, кој го подржаа Алијансата за Албанците и Беса. Кога ќе се погледнат конечните резултати на првиот круг од претседателсдките избори на државната изборна комисија се добива овој резултат: Конзулиарниот кандидат на коолицијата на СДСМ и ДУИ и уште 30 партии професорот Стево Пендаровски освојил 323 783 гласа, на второ место е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и колиција професорката Гордана Силјановска Давкова со 319201 гласа, на третто место е професорот Блерим Река со 79 913 гласа. Од ово се гледа дека Колицијата СДСМ, ДУИ и 30 парти имат освојено 4852 гласа повеќе од ВМРО ДПМНЕ и колицајата. Не ја гледам логигиката, поточно трагикомичната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицковски кога објави дека професорката Гордана Силјановска Давкова победи в првиот круг. Конзулиарниот кандидат на СДСМ и ДУИ професорот Стево Пендаровски што е на прво место со 4852 гласа повеќе од професорката Гордана Силјановска Давкова е голем губитник, бидејќи прв пат во Република Македонија македонска и албанска партија имале коолиција во првиот круг на преседателските избори. Од таа гледна точка ВМРО ДПМНЕ е победник во македонскиот блок, во албанскиот блок победник е професорот Блерим Река кој освоии 79 913 гласа. Кога ќе се земе во птредвид дека најмал одзив имаше кај што мнозинско население се со албанско етничко потекло, професорот Блерим Река, кој го подржаа Алијансата за Албанците и Беса го поразија Дуи на негов терен, каде неприкосновено владееше во албанскиот блок на партии од конфлитктот 2001 до сега. Самата излезност од 755709 избирачи, прставува 41,81 процент, што едвај го помина цензусот, зборува дека Македонските граѓани и удрија Шлаканица на: СДСМ, ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ. Ако се земе во предвид дека имало 32825 неважечки ливчиња што е 4,34 проценти тоа зборуваа дека влагодарение на неважечките ливчиња, кои се очигледен израз на незадоволство на граѓаните, првиот круг на пресдателските избори има вештачки потребниот цензус од потребните 40 проценти. Кога ќе се одземат од излезените гласачи 41,81 проценти – 4,34 = се добива 37,47 проценти кои гласале за пресдателските кандидати, што не го надминува потребниот цензус од 40 проценти. Заклучок, благодарение на неважечките ливчиња, кои се израз на бојкот на граѓаните кон владата, но и кон опозицијата, постигнат е потребниот цензусот од 40 проценти. Како што реков ово е голем пораз за владата но и за опозицијата. Граѓаните јасно му кажаа дека не го подржуваат премерот Зоран Заев и не се согласуваат со промената на вековното име. Ова порака ја доби од македонските гласачи. На лидерот на опозицијата Христијан Мицковски македонскиот народ јасно му касжа да не се повикува на него, бидејќи ништо не направи да го спречи преименувањето на Македонија. Еднаш не го повика народот додека се преговараше, место секојдневни протести пред владата и собранието си павеше „екскурзии“ по Македонија.
По неуставното отварање во кој учествуваваа и пратениците на ВМРО ДПМНЕ и колицијата, без кои не можеше да се отвори уставот – ВМРО ДПМНЕ нема право повеќе да се повикува на македонскиот наодот кој го предадоа неговите пратеници. Ако лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски имаше секојдневни масовни пртотести пред собранието и владата „преспанскиот договор“ немаше да се случи. Што е најтрагикомично во убедувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ да гласат за уставните промени ги спроведе Сашо Мијалков директор на ДБК за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и нивниот лидер и премиер Никола Груевски, кој трагикомично замина за Будимпешта во „азил“. Што е најтрагикомично, пратениците од ВМРО ДПМНЕ што гласаа за уставните промени и промена на името беа избрани токму од Никола Груевски. Никола Груевски со еден збор не ги осуди пратениците што гласаа за отварање на уставните ромени и промена на името, ниту со еден збор го осуди својот прв братучед Сашо Мијалков за лобирањето кај пратениците на ВМРО ДПМНЕ за отварање на уаставните промени, а една претеничка му беше пртва братучедка на Сашо Мијалков.
Сето ово ги потврди моите анализи, дека македонскиот етникум, македонците се будат, гледаат дека немаат лидер, кој ќе ги поведе во одбрана на името и дражавата. А тоа може да предизвика граѓанска војна, недостасува искра истата да се случи. Бојкотот на првиот круг од Македонскиот народ јасно им прати порака на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, дека набрзо ќе добијат фактури од македонскиот народ, фактури по кои многу политичари ќе останат без глава на рамениците.
Има поговорка „СО НАРОД И ОГАН НЕ СЕ ИГРАЈ, ЌЕ СЕ ИЗГОРИШ – МОЖЕШ ДА БИДЕШ ПЕПЛОСАН“!
Споделете