Ким заминува утре на кафе кај Путин во Владивосток, со Трамп во Виетнам не го допија…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Светските агенции јавуваат дека утре треба да се одржи средба помеѓу председателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин и лидерот на Северна Кореја Ким Јон Ун. Познато е е дека предходно лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун имаше неуспешна средба со претседателот на САД Доналд Трамп, која претседателот на САД Доналд Трамп го напушти самитот во Виетнам, по одбивањето на лидерот на Северна Кореја инспекција во тајните лаборатории за нуклеарна програма во Северна Кореја. Во меѓувреме Северна Кореја изврши проба со ракети со голем сострел, интерконтиментални ракети, кои би можеле да ја погодат територијата на САД.
Секој доба аналитичар знае дека Корејскиот полуостров беше анексиран од Јапонија во 1903 година до 1945 година. Во 1945 година Северна Кореја беше ослободена од тогашниот СССР, од тие причини е социјалистичка земја, а Јужна Кореја од САД и Велика Британија, затоа е под „нивна окупација“ со неколку воени бази на САД, каде има стацинирано и нуклеарно оружје. За време на Корејската војна од 1950-1953 Советскиот Сојуз им помогна на Северна Кореја. Зад Северна Кортеја стојат Руската федерација и КИна, нивните научници и помогнаа на Северна Кореја во нивната нуклеарна програма. Што зборува дека лидерот на Северна Кореја е истурен играч на Кина и Руската Федерација.
Утре се очекува лидерот на Северна Кореја да пристигне во Владивосток, со својот оклопен воз. Средбата на предсдателоот на Руската федерација Владимир Владимирович Путин и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун треба да се одржи на некј од универзитете во Владивосток, поради безбедноста на Северно Корејскиот лидер Ким Јонг Ун, по барање на Северна Кореја.
Споделете