ТАЈНАТА НА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА –
ЗАГАТКАТА КОНЕЧНО Е РЕШЕНА?
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Едно неодамнешно научно откритие можеби ја разрешува тајната на Големата пирамидата. Дали ова светско градителско чудо е модел на структурата на Универзумот и дали со разоткривањето на оваа тајна – доаѓа крајот на времето?
Човештвото се среќава со голем број таинствени појави и феномени. Без сомнение, на тајната на Кеопсовата пирамида & припаѓа посебно место. Големата пирамида е единственото од Седумте светски чуда од античкиот свет кое с# уште постои. Од останатите шест има само бедни остатоци, или пак нема ниту трага. Не зборува ли овој факт за Кеопсовата пирамида како за нешто единствено и од суштинска важност за човештвото.
За ова грандиозно градителско дело се напишани можеби исто толку текстови, книги, научни расправи, колку што има вградено камени блокови во него. Снимени се и многу филмови, играни и документарни, но се добива впечаток дека колку повеќе тајни наводно се разоткриваат, уште повеќе загатки остануваат неодгатнати.
ПОРАКА ЗА ИДНОТО ВРЕМЕ
Кај истражувачите с# повеќе јакне сознанието дека грандиозната Кеопсовата пирамида е изградена да послужи како најзначајна порака за човештвото, односно порака за идните генерации.
За каква порака станува збор?
Меѓу истражувачите преовладува мислење дека во прашање е пророчка визија за иднината на човечкото општество. Според тие размислувања, внатрешните ходници, разните простории, премините, скалите и другите содржини ги симболизираат развојните фази во историјата на човечкото општество, почнувајќи од длабокото минатото, модерното време, па с# до далечната иднина. Тоа, значи, Големата пирамида е симболична хронолошка слика на едно големо пророштво.
Меѓутоа, оние кои се помалку наклонети кон мистицизам и кон пророчки визии, веруваат дека Кеопсовата пирамида пред с# е научен феномен. За тоа свое тврдење нудат многу силни аргументи: неа ја граделе непознати архитекти, а веројатно и најучените луѓе на тоа време. Во неа се акумулирани сите знаења кои се собрани со текот на вековите и сите достигања во областите на науката и уметноста. Посебно се интересни знаењата од областа на астрономијата, математиката, медицината… Значи, сите знаења и сета мудрост на тоа време, се собрани само на едно место, со намера да послужат како сведоштво за едно време и за една епоха во историјата на човечкото општество. Значи, Кеопсовата пирамида претставува храм на науката и уметноста, не само на своето време.
ЗОШТО ТОКМУ ТОЈ ОБЛИК?
Градителите на ова дело му дале облик на пирамида. Дилемата е: зошто токму тој облик? Зошто не е избрана некоја друга геометриска фигура?
Преовладува мислење дека пирамидата, всушност, претставува симболична форма која на луѓето ќе им биде сфатлива дури – на крајот на времето. Ако пирамидата навистина е градена поради тоа, пред с#, да послужи како храм на науката, логично е да се претпостави дека и обликот на тој храм треба да ги симболизира стекнатите научни знаења на она време, да претставуваат сведоштво за мудроста на нејзините градители. Тоа треба да биде порака која ќе можат да ја разберат само развиените цивилизации во историјата на времето.
Каква е смислата на таа порака?
Некои најнови научни откритија, до кои се дојде неодамна, укажуваат на можноста дека конечно е пронајдена шифрата која овозможува да го објасниме симболизмот на Кеопсовата пирамида. Со самото тоа се добива клучот да ги отвориме и спознаеме и другите тајни кои таа, несомнено, ги содржи.
За што станува збор?
Во текот на истражувањето на некои феномени во областа на хемијата, откриено е дека електроните и протоните во хемиските елементи, кога ќе се распоредат во соодветни групи, со своите патеки “испишуваат” геометриски слики и фигури кои имаат облик на – погодете што? Се разбира – на пирамида.
Електроните и протоните се распоредуваат во седум нивоа, или обвивки. Така распоредени, формираат разновидни релации на симетрии кои всушност претставуваат – пирамиди.
Ќе наведеме неколку примери.
Вакви пирамиди досега се откриени стотина милиони, а веројатно ги има многу повеќе. Тие, всушност, претставуваат “блокови” од кои е создадена архитектурата на Универзумот. Кога ќе се земе предвид дека целиот материјален свет е направен од хемиски елементи, може да се заклучи дека пирамидите го симболизираат и самото сценарио на создавање на материјалниот свет.
Пирамидите не ги среќаваме само во Периодичниот систем на хемиските елементи. И некои секвенци во квантната теорија се дадени во облик на пирамида. Исто таков феномен среќаваме и во генетиката. И амино-киселините во комплементарни групи со своите електрони “испишуваат” разновидни пирамиди. Слични примери има насекаде.
Пирамидите, значи, се универзален модел за обликување на материјалниот свет. С# што е создадено на овој или оној начин, се манифестира во облик на пирамида. Со оглед на тоа дека материјалниот свет го опфаќа целиот Универзум, може да се заклучи дека с# што постои е создадено во знакот на – пирамида.
Пирамидите се универзален симбол на космичко знаење и на космичката мудрост.
Кога некоја цивилизација во Космосот би сакала на некоја друга цивилизација да & предочи сведоштво за своите знаења и достигнувања, тоа сигурно би имало облик на – пирамида.
ТАЈНАТА НА ВРВОТ НА ПИРАМИДАТА
Овој факт укажува на можноста дека градителите на Кеопсовата пирамида, на идните поколенија им оставиле исто такво сведоштво за своето знаење. Имено, ако навистина располагале со врвни знаења и ако сакале за нив да н# известат, тогаш тоа би го направиле со изградба – на пирамида.
Иако ваквите размислувања можеби некому му изгледаат неверојатни и неприфатливи, уште некои факти одат во прилог на таквата хипотеза. Еве уште еден пример.
Неодамна е воочено дека Кеопсовата пирамида не е целосна: неа, имено, & недостасува врв. Недостасува обележјето што ја симболизира смислата на пораката која градителите на пирамидата ја упатуваат на идните генерации.
Што преставува врвот?
Можеби тоа е некој камен, аголен споменик или некое друго обележје. Што и да е, важно е дека врвот навистина постоел и дека нешто симболизирал. А што симболизира – тоа нека ни го открие науката.
Дали тој одговор ни го даваат пирамидите во Периодниот систем на хемиските елементи? Како што претходно напоменавме, такви пирамиди има стотина милиони, со различни облици и содржини. Дали во таа разноликост постои нешто што на сите им е заедничко?
Постои ли можеби некој извор од кој сите произлегле? Постои ли некој модел во кој се содржани сите тие пирамиди?
Науката веќе ни дава одговор на ова прашање: откриена е ГЛАВНАТА ПИРАМИДА кои ја сочинуваат сите пирамиди во Периодичниот систем на хемиските елементи. Стотици милиони пирамиди настануваат само од еден, единствен извор.
Таа главна пирамида се разликува од останатите, само по еден детал: има врв. Има посебно обележје, кое како да го симболизира завршувањето на величенствениот градителски потфат.
Кеопсовата пирамида со изгледот неодоливо потсетува на Главната пирамида од Периодичниот систем на хемиските елементи. Сличноста е толку очигледна и толку изразна, што дилеми речиси и да не може да има.
НА ПРАГОТ НА КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО
Во Египет се изградени повеќе разноразни пирамиди. Меѓутоа, само една е главна – Кеопсовата. Затоа и се вика Главна пирамида.
Меѓу пирамидите во Периодниот систем на хемиски елементи исто така само една има врв – Главната пирамида.
Дали тоа е случајно?
Колку што Кеопсовата пирамида со својот облик, со содржината и со градителската мудрост се разликува од останатите пирамиди, во таа мерка се разликува Главната пирамида во Периодниот систем на елементите, од останатите.
Сите овие факти, упатуваат на можноста дека луѓето во далечното минато навистина овладеале со врвни научни знаења и дека ни оставиле порака која ги симболизира тие знаења. Порака во облик на – пирамида.
Ако оваа хипотеза се покаже точна, тогаш се поставува и следното прашање: дали ќе се исполни и пророштвото дека Кеопсовата пирамида на луѓето ќе им стане разбирлива дури на крајот на времето? Дали човештвото веќе се приближува на крајот на својата историја?
Одговорот на тие прашања – ќе го даде иднината. Но, би вредело да се размисли за судбината на градителите на Кеопсовата пирамида – за тоа делечно минато, за судбината на народот кој достигнал врвни научни спознавања – за потоа да исчезне од историјата на цивилизациите. Зошто тој народ не опстанал? Дали, можеби, некаде погрешил? Во што се состои таа грешка?
Да размислиме за сето тоа! Можеби ќе извлечеме некаква корисна поука за нашава сегашност и иднина?
Споделете