Заев не може да му конкурира на Трамп. „Вашингтон Пост“ Трамп го прогласи за Американски „Минхаузен“. За 800 дена владеење изнел 10 000 лажни или погрешни тврдења….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Драги пријатели, „Вашингтон Пост“ пренесе невројатна информација, која депресивно може да делува на нашиот премиер Зоран Заев, на неговите контрадикторни изјави и гафови. Познатиот американски медиум „Вашингтон Пост“ тврди дека претседателот на САД Доналд Трамп за 800 дена владеење изнел 10 000 лажни или погрешни тврдења. Ово е Гинисов рекорд, кој тешко некој претседател или премиер во светот може да го собори. За ово порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201904291119624479-tramp-lazi/ пишува:

           За само 800 дена како претседател на Америка, Доналд Трамп направи повеќе од 10.000 “лажни или погрешни тврдења”, објави Вашингтон пост.

Броењето со користење на базата на податоци наречена “Брза Проверка” започна по првите сто дена на Трамп во канцеларијата. Во тоа време, Трамп направил пет лажни изјави дневно.

Во изминатите седум месеци овој просек се зголеми на речиси 23 лажни изјави секојдневно на телевизија, на говори или средби со претставници на медиумите, пренесе Радиотелевизија на Република Српска.

“За време на неговиот митинг наречен”Да ја направиме повторно Америка голема”, Трамп ја искористил најголемата слобода во вистината и направи 22 отсто погрешни коментари пред своите поддржувачи”, се вели во весникот.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20