Путин стана „расипувач на забави“, Трамп нема повеќе да се игра со него – САД и се заканува: Русија ќе плати поради војната поддршка на Венецуела…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин стана „главен расипувач на забави на САД“, веројатно затоа претсдателот на САД Доналд Трамп ги избегнува средбите со него, не сака да се игра со ппретседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин – скаран му е. На САД не може повеќе да се играат со кого ќе посакаат. Прво го разбесни претседателот на САД Доналд Трамп поради военото присуство Русија во Венецуела, сега е бесен и Елиот Абрамс кој во трамповата администрација е задолжен за Венецуела. За бесот и заканите на Елиот Амбрамс порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201903311119321944-sad-prete-rusiji-platicete-zbog-venecuele-/ пишува:

Елиоит Амбрамс

           САД ќе ја присилат Русија да “плати” за поддршката што ја дава на актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, рече американскиот специјален пратеник за земјата за Јужна Америка, Елиот Абрамс.

           Тој, исто така, оцени дека Москва и Хавана се главните партнери на претседателот на Венецуела.

“Никој не се сомнева дека ќе ја присилиме Русија да плати за поддршка на Венецуела”, рече тој.

Претходно, американскиот лидер Доналд Трамп побара од Русија да ги повлече своите воени експерти кои се во моментов во Венецуела.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека овие воени експерти во Венецуела се задолжени за воената технологија.

           Вака ако продолжи претседателот на Руската Федрација Владимир Владимирович Путин ќе му остане да се игра само со претеседателот на Кина Си Џипунг – лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун ќе им ја додава топката. Претседателот на САД Доналд Трамп не е исклучено да  се налути, САД да го напушти игралиштето – да биде избришана од картата на светот.

Навистина не во ред од претседателот на Руска Федерација Владимир Владимирович Путин, прво ја расипа играта на САД во Сирија, а сега и во Венецуела…никој не ќе сака со него повеќе да се игра…

 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20