КАКО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ

ОД ХИПНОТИЧКИОТ СОН?

 

Пишува. Илија Бошков Крајнички

 

          Во својата книгаБудењеилиСвесноставторот Антони де Мело ни помага како да излеземе од заспаноста, односно од хипнозата што самите или другите ни ја направиле.

 

Размислете за чувството кое се јавува во вас кога ве фалат, кога ве опсипуваат со комплименти, кога уважуваат нешто што сте направиле, кога ве прифаќаат како личност. Потоа мислете од друга гледна точка, на чувствата кои се будат во вас при заоѓањето на сонцето или во мугрите, пред убавината на природата воопшто, или кога читате некоја книга или гледате некој филм на кои целосно им се препуштате. Споредете ги тие чувства со чувството кога ве фалат – со чувството кое потекнува од “самовеличење”, од “самовоздигнување” кои се т.н. “надворешни” чувства, додека чувствата од другиот вид потекнуваат од “самоостварување” – тоа се ЧУВСТВА НА ДУШАТА.

Сега разгледајте ги вашите чувства при некој УСПЕХ, кога нешто ќе постигнете, кога ќе победите во некој натпревар, кога ќе добиете некој облог или кога ќе се истакнете во некоја дискусија. Споредете ги овие чувства со РАДОСТА која ја чувствувате кога навистина сте задоволни со нешто што го работите, со работа која ве исполнува, на која &  се препуштате со целото свое БИТИЕ. Првите чувства доаѓаат ОДНДВОР, а вторите ОДВНАТРЕ, како чувства на ДУШАТА.

Уште една споредба: Сетете се што сте чувствувале кога во рацете сте имале МОЌ, кога сте биле наредбодавач и кога другите гледале во вас, подготвени да ве послушаат, кога сте биле популарни. На ова чувство спротиставете го чувството на ИНТИМНОСТ, ИСПОЛНЕТОСТ која сте ја почувствувале кога ви било убаво во друштвото на некој ПРИЈАТЕЛ, или на некој безгрижен весел излет.

 

САМООСТВАРУВАЊЕ ИЛИ САМОВОЗДИГНУВАЊЕ?

 

На оваа точка, обидете се да ја сфатите вистинската суштина  на чувствата кои доаѓаат ОДНАДВОР, не од самоостварување, туку од самовоздигнување. Тоа не се природни чувства – нив ги создало вашето општество и култура, за да ве направи продуктивен и за да ве држи под контрола. Тие чувства никогаш не ви даваат таква исполнетост и среќа како кога ќе ве восхити ПРИРОДАТА, кога уживате во друштвото на пријателите или во работата на која &  се препуштате. Чувствата кои ви ги наметнало општеството насочени се кон тоа да предизвикаат опиеност со себе и како резултат на тоа се јавува… ПРАЗНИНА.

Набљудувајте го текот на секој ден или една цела недела: за колку активности кои сте ги извршиле или учествувале во нив, можете да кажете дека биле имуни од вечната желба за истакнување, за возбудување, од потребата за освојување на внимание, аплаузи, слава, популарност, успех и моќ?

А сега погледајте ги луѓето околу себе! Дали наоѓате меѓу нив, една, единствена личност која не е во потрага по тие приземни задоволства, која не им е потчинета, која не е лакома и себична, која свесно или несвесно не минува ниту МИГ од своето постоење во потрага на сето тоа?

Кога сето тоа ќе го согледате, ќе сфатите дека луѓето се напрегаат да го освојат светот, притоа живеејќи со целосно празен живот, со краен исход – целосно губење на сопствената душа.

Да заклучиме со една ПАРАБОЛА на оваа тема.

Група туристи удобно си седат во автобусот кој патува. Покрај нив минуваат езера, планини, ливади и реки. Но завесите на прозорците се спуштени и тие не гледајќи што има НАДВОР од автобусот, целото патување го минуваат во расправии кој заслужува да седи напред, кој од нив е најпривлечен, кој ужива најголем углед итн., а потоа… ПАТУВАЊЕТО ЗАВРШУВА.

 

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА СИТЕ НЕСРЕЌИ?

 

Внимателно гледајте околу себе и ќе ја видите НЕСРЕЌАТА која владее во светот, околу вас и во вас. Што е причината за тоа? Можеби ќе речете: Осаменоста, експлоатацијата, војните, бедата, расипаноста, безбожноста… но грешите. Само ЕДНА е причината на сите НЕСРЕЌИ – лажните УБЕДУВАЊА ЗА кои ЦВРСТО се држите, убедувања толку раширени и вкоренети, така што никогаш не ни помислувате да расправате за нив, а камо ли да ги менувате. Поради таквите погрешни убедувања го гледате СВЕТОТ и себеси во искривено огледало. Вашите ментални шеми се така убедливи, а притисокот на општесвото на кој сте изложени е толку силен, така што буквално сте должни да го гледате светот наопаку. Ви нема спас, токму затоа што никогаш не се ни сомневате дека на светот гледате ПОВРШНО, дека вашиот начин на размислување можеби е карикирани и изопачен, и дека вашите УБЕДУВАЊА во оснава се ЛАЖНИ.

Свртете се уште малку околу себси и обидете се да најдете барем една единствена ЛИЧНОСТ која е автентично среќна, ослободена од стравови, несигурност, напнатост и грижи – ако имате среќа, ќе откриете една во стотина илјади.

Ова би требало да ве наведе со резерва да гледате на програмираноста и убедувањата кои ви се заеднички со луѓето околу вас. Меѓутоа, вие исто така сте програмирани да живеете без сомневања, без “непотребни” дилеми, програмирани да верувате во ставовите кои ви ги всадила вашата традиција, култура, општеството или религијата. И ако заклучите дека не сте СРЕЌНИ, тогаш ве дресираат да се оплакувате себеси, наместо да ги обвините своите ИДОЛИ, предрасудите, културата и наследените убедувања.

 

ЛАЖНИ ИДЕИЛАЖНИ УБЕДУВАЊА

 

За да биде ситуацијата уште потрагична, тука е и фактот што многумина од нас до таа мерка биле изложени на миење на мозокот, така што не се ниту свесни дека се НЕСРЕЌНИ – исто како некој човек кој сонува, а не се свесен дека сонува.

Кои се тие лажни убедувања кои ни го блокираат патот кон среќата? Еве неколку.

ПРВО: Не можете да бидете среќни ако ги немата сите оние нешта за кои сте врзани и ги сметате за драгоцени.

Чиста ЛАГА. Вашата НЕСРЕЌА произлегува од тоа што своето внимание го насочувате кон она што го немате, наместо кон тоа што во определен момент го имате.

ВТОРА ЛАЖНА ИДЕЈА: Среќта е некаде во иднината.

НЕТОЧНО. Срќни сте тука кај што сте, и токму во овој час: Но вие тоа не го знаете, затоа што вашите лажни убедувања и површното видување на светот ве затвориле во грижи, неспокојства, врски и судири, правејќи од вас обичен ПИОН во игрите за кои сте програмирани и при тоа ве убедиле дека морате да учествувате во нив. Кога би сте биле кадарни да ја видите целата таа ФАРСА од другата страна, би откриле дека сте СРЕЌНИ, а дека тоа и не го знаете.

УШТЕ ЕДНО ЛАЖНО УБЕДУВАЊЕ: Среќата се постигнува ако човек успешно манипулира со ситуациите и со луѓето кои го опкружуваат.

Не е ВИСТИНА. Луѓето безумно расфрлаат огромна енергија за да го “реконструираат” светот. Ако вашата судбина е да го менувате светот, в ред – само напред, менувајте го, но немојте да очекувате дека тоа ќе ве направи СРЕЌНИ. Тоа што ве прави среќни или несреќни, не се СВЕТОТ и луѓето оклу вас, туку само мислите во вашата глава.

 

ЗАЛУДНО ПОТРОШЕНА ЕНЕРГИЈА

 

Колку што е ЗАЛУДНО да се бара  орловско гнездо на дното на океанот, исто толку е ЗАЛУДНО да ја бараш СРЕЌАТА во надворешниот свет. Ако навистина ја сакате СРЕЌАТА, не расфрлајте се со ЕНЕРГИЈА барајќи средство против својата ќелавост, или трудејќи се да обликувате мускулесто тело, или менувајќи ја куќата, работата, брачната врска, стилот на животот, дури и сопствената личност. Кога би можеле и би успеале да ги промените сите тие нешта, својот изглед да го направите привлечен, својата личност – покомплексна, да пронајдете поубав амбиент за сопствениот живот итн., дали би помислиле дека и покрај тоа можеби би биле несреќни? Со најскриениот дел од себеси вие знаете дека тоа е ВИСТИНА, но и понатаму ја расфрлате својата енергија во потрага по нешто што однапред знаете дека нема да ве усреќи.

ЕВЕ УШТЕ ЕДНО ЛАЖНО УБЕДУВАЊЕ:

Среќни сме кога сите желби ќе ни се остварат.

Уште една НЕВИСТИНА.  Во стварноста, токму тие желби и врски ве прават напнати, фрустрирани, нервозни, несигурни, уплашени. Направете список од сите свои ЖЕЛБИ, а покрај секоја допишете: “Во длабочината на своето срце знам, дури и кога с# би ми се исполнило, не би остварил трајна среќа.”. Размислете за вистинитоста на ова тврдење. Исполнувањето на некоја ЖЕЛБА најмногу што може да ни даде е молскавична опиеност, краткотрајна радост, но такво нешто нема врска со СРЕЌАТА.

 

ШТО Е НАВИСТИНА СРЕЌАТА?

 

Малкумина ги има кои можат да одговорат, а никој од нив не умее тоа да го изрази со ЗБОРОВИ. Затоа што СРЕЌАТА не може да се искаже. Дали би можеле да им ја опишете СВЕТЛИНАТА на луѓето кои целиот живот го минале в МРАК? Или да му ја опишете реалноста на некој што сонува? Спознај го својот МРАК и тој ќе исчезне – тогаш ќе осознаеш што е СВЕТЛИНА. Спознај ги своите кошмари такви какви што навистина се и тие ќе исчезнат, а ти ќе се разбудиш во СТВАРНОСТА. Спознај ги своите лажни убедувања и тие ќе се изгубат – само на тој начин ќе ја вкусите ВИСТИНСКАТА СРЕЌА.

Доколку сакате да постигнете ТРАЈНА СРЕЌА и спокојство, морате да бидете подготвени да отфрлите с#: вашиот ТАТКО, МАЈКА, па дури и сопствениот ЖИВОТ и да му кажете збогум на с# што поседувате. На кој начин? Не се работи за буквално отфрлање на реалноста од која е создаден животот (затоа што би останале ВРЗАНИ за она што на сила сте го отфрлиле), туку, зашто го согледувате сето тоа како ПРИВИД, што во суштина НАВИСТИНА Е. На тој начин тие ја губат својата моќ над вас, својата способност да ве повредат и вие најпосле се будите од своите соништа, од МРАКОТ, а зад вас остануваат сите ваши СТРАВОВИ, сета ваша НЕСРЕЌА.

Потрудете се да ги согледате работите за кои сакате да се врзете, сите тие ПРИВИДИ кои, од една страна ви нудат омаменост и уживање, а од другави даваат несигурност, страдање, напнатост, загриженост и несреќа.

На таа точка ќе ја отфрлите својата врзаност за мајката и таткото, за браќата и сестрите, за жената и децата, како и за сопствениот живот со сите материјални добра. Тогаш ќе престанете да се закачувате и да се врзувате за сите овие нешта и така ќе ја поништите нивната способност да ве повредат. На таа точка, најпосле, ќе ја доживеете таа таинствена состојба која не може да се опише и да се изрази: нурнатост во СРЕЌА и во ДУШЕВЕН МИР и ќе сфатите колку е вистинито дека секому кој ОДБИВА грчевито да се држи за мајка си и за татко си, за жената и децата, за браќата и сестрите, за земјата, за куќата… му се враќа СТОКРАТНО, и тој конечно почнува да живее ВОЗВИШЕН ЖИВОТ.

 

 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20