Милошевски индеректно се огради од некои одлуки на Мицковски… Ивонредна дебата на Грчева и Милошевски…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Внимателно двапати ја изгледав дебата помеѓу Солза Грчева и Антонијо Милошевски. Во дебатата немаше победник, двата соговорници, аргументирано ги иизнесуваа своите ставови. Ставовите на Солза Грчева, која ја формираше партија „Глас за Македонија“ не ме зачудија, патриотски и критички со издржливи аргументи беа. Но, мора да признаам пријатно ми изненади Антонијо Милошевски, кој интелигетно се огради од некои одлуки на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, но та го направи интилигентно без напаѓање. Кажа дека бил за опцијата ВМРО ДПМНЕ да истрча со свој кандидат, но го прифатил решението на конгресот.

Добро е познато, а моите анализи истото го  ппокажуват дека изборот на Христија Мицковски е наматнат, за да му го чува грбот на Зоран Заев. Ниту еден протест не направи, а требаше да прави масовни и секојдневни протести уште додека се преговараше за името. Солза Грчева во право и со аргументи го искритува Христијан Мицковски како водач на опозицијата, како лидер на ВМРО ДПМНЕ. Антонијо Милошевски искажа извонредни анализи кога се во прашање претеседателските избори. Факт е што кажа, дека од осомостухувањето претседателските избори никогаш опозијата не ги добила, бидејќи на албанските партии не можат да понудат ништо. Но, не се  согласувам со него кога ќе ги споредува локалните избори со предедателските. Како аргумент нека го земе Охрид и Ново Село, каде истовремено се одвиваа и локалните избори. За претседателкиот јандидат Гордана Силјановска Давкова имаше во Охрид и Ново село повеќе гласови од кандидатот Стево Пендаровски, додека кандитите на СДСМ во Охрид и Ново село за градоначалници имаа повеќе гласови од кандидатите на ВМРО ДПМНЕ. Ово треба да биде сигнал за ВНРО ДПМНЕ да се преиспита, колку ово раководство со лидерот ХристијанМицковски може да ги врати на власт, по поразот во Охрид и Ново Село, покрај лошото владеење на ова власт. Ово зборува дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски нема контролоа и поддршка ниту од парламетарната група, ниту од членство, особено  нема од македонскиот народ, со неговото однесување за време на преговорите, по преговорите, за време на промена на уставот.

           Моите анализ зборат, а цврсто стојам зад нив, со Христија Мицковски како лидер на ВМРО ДПМНЕ, кага и да се случат парламетарните избори ВМРО ДПМНЕ ќе остане опозиција. Разликата како политичари помеѓу Антонијо Милошевски и Христијан мицковски е како „Бог и Шеширџија“ – што би рекле србите. Да се потсетиме Антонијо Милошевски кој се кандираше за претседател на ВМРО ДПМНЕ, се откажа под притисок во последен момент, со што ВМРО ДПМНЕ ја изгуби можнст денес да ја водеше државата, по антимакедонските потези на актуелниот премер Зоран Заев и СДСМ.

           Предлогот на Солза Грчева е сосема во место, излез од политичката криза, како и уцените по изборни може да се избегнат само со една изборна единица, без предвремено колиции, со одреден цензус, кој ќе треба да се исполни за да се стане парламетарна партија…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20