ХИПОТЕЗИ ИЛИ РЕАЛНОСТ… КОЈ ГИ УНИШТИ СОДОМ И ГОМОР?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Некои историчари сметаат дека Содом е уништен од земјотрес, но други  тврдат дека бил нападнат од вонземјани. Наводно има докази дека древните царства се уништени со атомско или слично такво оружје.

Десно од патот кон Ејлат долж брегот на Мртвото Море има пештера чијшто влез се забележува оддалеку. Над пештерата се извишува столб од сол на кој се оцртува човечка фигура. Го нарекуваат “Жената на Лот” и потсетува на библиската приказна: прекумерното љубопитство ја претворило жената на Лот во стоб од сол.

Стариот Завет раскажува една од најинтригантните приказни од древноста: уништувањето на Содом и Гомор. Според Библијата, тие се наоѓале во долината Сидим на местото на “соленото море”. Во наше време од нив не останало ништо, освен називот на југо-западното крајбрежје на Мртвото Море – Содомско. Кога старозаветниот патријарх Аврам минувал со својот роднина Лот по тие места, Содом бил буен, богат град.

Кога Лот се населил во него, Содом бил во сојуз со уште пет града, меѓу кои и Гомор. Старогрчкиот историчар Страбон вели дека неговата големина била околу 60 стадии (1 стадиј = 160 -192 м). Пред околу 4.000 години, реонот на Мртвото Море бил познат по бурна сеизмичка дејност и тука се случила ужасна катастрофа.

Историчарите сметаат дека Содом е уништен од земјотрес, но други ја истакнуваат тезата за напад од вонземјани. Тие откриле дека древните царства се уништени со атомско или слично такво оружје. Се истакнува фактот дека пред пропаста на Содом и Гомор во домот на Лот дошле двајца убави мажи со натприродни способности, а некои преводи на Библијата ги нарекуваат ангели…

Граѓаните на Содом, заслепени од блудна страст, сакале да ги силуваат дојденците, но Лот тоа не им го дозволил. Како благодарност ангелите му заповедале Лот и неговото семејство да избегаат од градот, зашто тие ќе го уништат тоа место. Еден од нив ги посоветувал да бараат спас кон планината и им рекол: “Не се обѕрнувајте назад и не запирајте по патот.”

Чудно е пастирот Лот, којшто добро ја познавал околината, во момент кога би почнал земјотрес или вулканска ерупција, спасот да го бара во планина… Но тој ги послушал советите на мажите коишто не биле “од овој свет” и успеал да преживее.

Набргу откако ангелите му ги дале инструкциите, се случила ужасна катастрофа која може да се спореди со експлозија на атомска бомба: “Сонцето изгоре… Господ над Содом и Гомор пролеа небесен оган и дожд од лава и сите загинаа…”

Лот и неговото семејство тргнале кон планината за да се заштитат од радиоактивното зрачење. Им било забрането да се свртуваат наназад, поради опасност од ослепување. Но жената на Лот не издржала и погледнала кон “атомското сонце”. Не е чудно што веднаш загинала.

Во легендите на европските и источните народи се спомнува “оружје на боговите”. Тие со него уништувале градови, планини и очигледно војувале помеѓу себе. Можно е да користеле и вештачки топчести молњи. Епот “Махабхарата” недвосмислено говори за моќно оружје кое ги убивало сите противници: “Од жештината на оружјето светот се топеше… водата стануваше горчлива, луѓето и животните умираа… После тоа стана тивко. Телата на мртвите не можеа да се распознаат и веќе не личеа на човечки. Никогаш пред тоа не бевме чуле за такво оружје”.

Во големиот индиски еп е и песната за Арџуна. Против него војувал злосторникот Ашватхаман кој го користел оружјето “брахмаширас”. Таму каде што тоа било употребено, не паѓале дождови и по 12 години.

Опишаното целосно се совпаѓа со јапонската трагедија кога во август 1945 градовите Хирошима и Нагасаки беа уништени од американските атомски бомби.

Некои археолошки наоди исто така докажуваат употреба на необично оружје. Карпите на тврдините Дандалк и Екос во Ирска носат траги од огромна температура. Камењата се растопени, а гранитот почнува да се топи на 1.000 Целзиусови степени. Тука исто така е употребено страшно оружје кое во келтските преданија е наречено: “Вештината на грмотевицата”, а моќноста му се мерела во: “еден” , “сто”, или “илјада”, со кое се означувал бројот на жртвите.

Во наши денови секој којшто го видел брегот на Мртвото Море како да гледа пејсаж на Месечината: земја претворена во пепел, изгорени карпи, суви пештери и солени столбови. Тука често се случува оптичка илузија во која се гледаат градовите Содом и Гомор како да се живи и во целосен процут.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20