Војвода Шешељ гази се пред себе (видео), за малку избегната физичка пресметка помеѓу Шешељ и Обрадовиќ…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Вчера престедателот на Србија Александар Вучиќ имаше обраќање во српскиот парламент. Претениците на Двери на Бошко Обрадовиќ, како и на Ѓилас и Јеремиќ не присустваа на обраќањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Еден дел од опзицијата, пратениците на Радикалната странка на Војислав Шешељ присуствуваа на седницата. Пред самото одржување на седницата лидерот на Двери организираше „пречек“ на претседателот на Србија Александар Вучиќ со транспарент. Но, кога го видов видеото кое го постирам, маста која беше собрана од Двери ме потсети на „собир на станари во фолема зграда“ на која ни од приземјето  сите не дошле. Веројатно по ова слика што ја видел лидерот на Радикалната Странка Војислав Шешељ му наредил на својот возач да вози низ насобраната група со зборовите „гази“. За инцидентот пишува порталот http://webtribune.rs/nezapamcen-skandal-ispred-skupstine-na-doceku-vucica-tuca-seselja-i-dveri-poslanici-sns-zivim-zidom-branili-seselja/ кој излезе со наслов „НЕЗАМПАНТЕН СКАНДАЛ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА ДОЧЕКОТ НА ВУЧИЌ: Тепачка на Шешељ и Двери“ претениците на СНС со „жив ѕид“ го бранеа Шешељ.

Само за потсетување претседателот на Србија, воедно претседател и на Српската Напредна Странка Александар Вучиќ, пред да ја формира својата странка или партија, беше член на Радикалната Странка на Војислав Шешељ. Порталот во текстот за инцидентот пишува:

           Пред српскиот парламент денес, пред состанокот, се случи инцидент кога возилото со претседателот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ ги избутка пратениците на Двери, кои беа пред Парламентот дојдени да чекаат на за дочек на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што е соопштено од страна на новинар на Betа, автомобил на Шешељ “истуркал” пратениците на Двери и нивниот транспарент на кој пишуваше “денес предавство – утре затвор”, но кога автомобилот застанал Шешељ излегол и го навредувал лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ, а од неговиот возач барал да ги изгази со автомобилот.

Човекот што одеше со него ги туркаше пратениците на Двери, и за малку беше пропуштено да дојде до инцидент со безбедноста на парламентот што се обиде да ја смири ситуацијата.

Потоа пред Собранието излегле и СРС пратеници кои ги повикувале пратениците на Двери на пресметка, тука се се појавил и претседателот на Здружението на семејствата на киднапираните и убиени во Косово Симо Спасиќ, кој, исто така ги навредувал пратениците од опозицијата, кои го чекаа Вучиќ.

По пристигнувањето на Вучиќ пред Собранието, пратениците на Двери извикуваа “предавство, предавство”, додека пратениците на Српската напредна партија направија жив ѕид меѓу него и опозицијата.

(Бета)

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20