Иран одбива да ги продолжи еазговорите со САД за нуклеарната програма, се додека САД во целост не ги укине санкциите кои им ги воведе….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Непромислените потези на преседателот на САД Дналд Трамп се враќаат како бумеранг, контрапродуктивни се. Излегувањето на САД од договорот кој имаше со Иран за нивната нуклеарна програма, за збогатувањето на уранијум, предизвика тензии во Персијскиот залив. Тензиите се зголемија со праќање на носачот на авини и неколку воени бродови во правецот на Персијскиот залив.
Деновиве дојде одговорт од Иран, дека нема да седнат да преговарат со САД за нивната нуклеарна програма, додека САД во целост не ги укине санкциите кои им ги воведе.
Светските мееддуими ја пренесуваат изјавата на Иранскиот верски лидер ајтолах Али Хамнеи, кој децидно кажа: „Веќе кажавме дека нема да преговсараме со Америка, тие преговори не ни носат корист, само штета“. Можни се преговори по потполно укинување на санкциите на САД кон Иран. Да се посетиме, неодамна претседателот на САД Доналд Трамп излезе еднострано од договорот за нуклеарната програма со Иран, потоа и воведе додатни санкции, праќајќи воени бродови кон Персијскиот залив со носач на авиони.
Само за потсетување, со своите непромислени санкции и покажување на „мускули“ од страна на претседателот на САД Доналд Трамп Северна Кореа ја продолжи својата нуклеарна програма, изврши и проба на хидрогемска бомба, како и на интерконтинтални ракети. По патот на Северна Кореја највероватно ќе тргне и Иран со својата нуклеарна програма и збогатувањето на уранијум.
За едностраното излегување на САД од договорот со Иран беше осуден од останите земји потписници на тој договор.
Споделете