Да ли Србија го врти грбот на ЕУ, во октомври треба да потпише договор со Евроазијската Унија за слободна трговија…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Порталот http://webtribune.rs/u-oktobru-sporazum-o-slobodnoj-trgovini-sa-evroazijskom-unijom/ донесува наслов: „Во октомври договор за слободна трговија со Евроазјската унија“ во текстот вели:
Текстот за договорот за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија е целосно усогласен по двегодишни преговори, кои не беа лесни или едноставни, рече српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ, на отворањето на српско-рускиот бизнис-форум во Белград.
“Основниот план, кој првенствено зависи од процедурите во рамките на ЕАЕК, е дека на ниво на премиер треба да биде потпишан во Сочи во октомври на состанокот на премиерите на ЕАЕК, а потоа нашиот премиер ќе биде посебен гостин и ќе потпише договор со кој беше договорено”, рече министерот.
По потпишувањето, процесот на ратификација се следи во националните парламенти на земјите-членки на Унијата и во српскиот парламент, истакнува Љајиќ.
“Договорот е многу важен, бидејќи секако обезбедува правна основа и одлична можност да се зголеми овој обем на трговска размена, првенствено со Руската Федерација, но и со другите членки на Унијата”, рече Љајиќ.
Ово зборува дека Србија на време свести, се сврти кон поголемиот пазар каде нејзините производи можат да бидат конкуренти, каде им поголем пазар. Овој потег на Србија ќе ја ограничи ЕУ со уцените и за признавање на Косово, како еден од условите за влез. Постарите генерации, кои живеа во СФРЈ знаат дека извозно СФРЈ беше орентиорана кон Русија и Варшавскиот пакт, кон нивниот пазар и арапските земји. Македонската градежна индустрија најмногу беше присутна во Русија и арапските земји, а сега тој пазар ни е затворен. Рускиот пазар ни се затвори и за извозот наземјделски производи по протерувањето на рускиот дипломат „во солидарност со Велика Британија“. Словенија и Хрватска нивната елоктро индустрија беше насочена кон југословенскиот пазар и спомнатите земји, значи на Западот не бевме тогаш конкуретни, а камоли сега. Сега што се извезува на Запад е од нивните фирми во еконмските зони или текстуалната индустрија, која работи на готови производи за странски компании, од кои добива репро материјал. Нашата текстилна индустрија, тогаш имаше сопствен текстил и памук (Штип беше град на текстилната индустрија), со транзицијата се се погреба..
Споделете