Астрологијата и парапсихологијата како моќно оружје во специјалната војна…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: ИЛија Бошков – Крајнички

Во многу мои текстови имам спомнато дека од 1983 година ги истражувам Астрологијата и парапсихилогијата. Но, пред да започнам да ги истражувам уште како дете ги имам доживеано првите визии за кои подолго пишувам роман „Полукопиле“ кој ја обработува потсвеста на дете на разведени родители. Првата визија беше кога бев 4 или 5 оделение, кога живеав со татко ми во Титово Ужице, а сестра ми сп мајка ми остана во Македонија. Мајка ми по една моја повреда (многу бев палав како дете – нескротлив и тврдоглав) тргна за да ме види. Тој ден со маќеата појдов до пазарот, во еден момент ми се стори слика, дел од секунда, ја видов мајка ми како е во дуќанот кај татко ми (тако ми беше кондураџија), имаше сопствен дуќан во Титово Ужице, денешно Ужице. Интересно е, без раззлика што бев дете блескот на визијата, кој беше дел од секунда не ме изненади, бидејќи веќе понав во сонови да добивам многу пораки и возии. Вднаш по добиената визија на маќеата и реков „Тетка Благице (македонка беше од Кичево), замисли сега се враќаме кај таото, а во дуќанот мама е“ Ги насолзи очите, ме помилува по глава „Знам Иле декка сакаш да ја видиш, но е далеку во твоето село“. „Не тетка Благице, она не чека во дуќанот кај тато“ – се замолча. Кога стасавме во дуќанот на татко ми, мајка ми седеше внатре, маќеата се сврти кон мене,со испапчени очи ме праша „кој ти кажа, да не ти пишала“ а знаеше и самата дека писмата само до татко ми можеа да стасат. „Не, ја видов кога влезе“. Се сврте кон мајка ми татко ми само прешепоте „Со ово дете во последно време чудни работи сеслучуваат, постојано ми раскажува чудни сонови, не е лошо да се однесе на лекар“. Средбата со лекарот беше интересна, од него дознав за психолгијата, дека бил психолог, од него прв пат слушнав за Фројд и Јунг. Веднаш утрото отидов во градската бибиотека и побарав книга од Сигмунд Фројд. Не сакаа да ми ја издадат, ги излажав дека е за татко ми. По многуте дела на Фројд, уште во 5-6 оделени го читав Јунг, Никола Рот. Никола Рот имаше интересна книга „псхологија на личноста“ која ми беше како почетен буквар во понатамошната моја потрага. Моите истражувања продолжија. По војска ги простудирав религиите, во потрага по СОЗДАТЕЛОТ. Одев од претпоставка дека СОЗДАТЕЛОТ го создал светот, се прашуваа кој него го сздал. Ги простудирав Стариот и Новиот Завет, Тората, Талмудот, Коранот, Бахвад Гита, тибетански тајни учења. Со почетокот на новинарските студии во Белград, каде дипломирав на Југословенскиот Институт за новинарство во Белград 1986 година, општи смер, група аналитичлари, претпоследна геверација, дојдов во допир со асстролошка и парапсихолошка литература, особено од руски и нешто српски автори. Почнав полека да навлегувам во таа материја, соогледувајќи дека астрологијата и парапсхологија се страшно оружје, кое може да контролира многу настани, поточно да ги предвиде. Парапсихологијата ми помагаше во навлегување во потсвеста, регулирање на универзалната енергија, а астрологијата во влијание на планетите, како истото да се искористи.

Од моите долги истражувања се роди  и единствената професинална книга „Астролошки Буквар“ единствена книга на македонски јази, која има над 350 страни Б5 формат. Книгата е за толкување на натални карти, значи не забавна литература. На неа рабтев 7 години. Потоа почнав со списанието „Хороскоп“ 1995 година, а истата излезе од печат во 2001 година. Од тогаш до денес многу настани прво ќе ги видам во моите парапсихолошки истражувања или визи, потоа се обидувам со помош на говорот на планетите, поточно со астрологијата, да го откријам терминот. Но, мнгупати ми се случува терминот да не го погодам, но настанот никогаш не го промашувам, бидејќи преку парапсхилошките истражувања или визии, некогаш и соновими ми доаѓа настанот да го видам.

           Во времето кога ги проучуваав религиите, почнав несевесно да забележувам мудрости, слични како што ги има кај Сирахов и Соломон во Стариот Завет. Како некој да ми ги диктираше, потсвесно ми даваше одговор на многу мои прашање. Во тоа време почнав да пишувам и песни посветени на СОЗДАТЕЛОТ, поточно на патување на душата или животната енергија од грев, покајание, до враќање кон изворот – кон СОЗДАТЕЛОТ. Двете книги „Помазание за грешникот“ -песни и „Благословен“- книга на мудроста, пред 15 години се подготвени за печат. Се надевам наскро ќе го доживеат блесокот, кога СОЗДАТЕЛОТ ќе ги открие на човекот, особено „Благословен“ книга со мудрости, ги има окллу 400, кои слободно можат да бидат дел од Стариот Завет, па и Новиот.

Да не зобарава, како новинар аналитичар, во моите аналтички, новинарски текстови, многу ми помогна до сега моето истражување на астрологијата и парапсихолгијата, да открија што се крие, што следува по некој настан или изјава на некој државник.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20