Зеленски од денес ќе помодрува, ќе треба презимето да го смени: Русија прекина на Украина да им испорачува гориво….

ХОРОСКП КРАЈНИЧКИ

Пишува. Илија Бошков – Ктрајнички

Повикот на новиот претседател на Украина Владимир Зеленски побара од  Европската Унија и САД да им ги зголемат санкциите на Русија, а самата Украина за некои производи имаше воведено санкции на Русија, им се удри од глава. Од денес Русија ја запре испораката на гас, нафта и други енергетски производи на Украина. Воедно донесе забрана за увоз на метаралушки производи од Украина. Повеќе за ово  пишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201906011119981390-od-danas-ukrajina-bez-ruskog-goriva/ кој во својот текст вели:

           Денес, забраната за извоз на јаглен и нафтени производи од Русија за Украина стапи во сила.

Според наредбата на Владата на Руската Федерација, бензин, дизел, пропан, бутан и слични природни течни гасови може да се испорачаат во Украина само со одобрение од Министерството за економски развој.

           Вчера надлежното одделение до Владата испрати листа на компании кои можат да издаваат такви одобренија, додека самите одобренија и обемот на испораките ќе се разгледуваат секој месец.

Покрај тоа, камен јаглен, кафеав јаглен, кокс, брикети, пелети, лигнит и други горива беа ставени под ограничување.

Според новиот секретар на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина Александар Данилука, забраната за набавка на нафта и бутан од Русија ќе создаде проблем за Киев.

Да се потсетиме, порано украинската влада ја прошири листата на производи чиј увоз од Русија, увозот беше забранет. Иако тој не прецизираше точно кои производи се во прашање, медиумите потсетуваат дека на крајот на минатата година на листата на забранети за увоз беа пченкарен скроб, гликоза и гликозен сируп и малтодекстрин и малтодекстрин сируп. Како одговор на новите украински санкции, Русија целосно го забрани увозот на производи од машинска индустрија од Украина и набавка на нафтени продукти.

           Новиот претседател на Украина Владимир Зеленски кој е комичар, успеа да ја „насемее до солзи“ Украина со санкциите што ги доби од Русија. Не исто да глумиш претседаѕел во прстава на Украина и да бидеш претседател. Не исклучено преззиметоод Зеленски да го смени во Модревси, ак продолжи по патот по кој тргнал да ја води Украина…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20