Потврдено од науката: Мислите ги контролираат гените.. Умот ви ја управува секоја клетка и ве програмира за болест или за здравје.

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува:Илија Бошков – Крајнички

Гените и ДНК не го управуваат човековото тело. Напротив – целата биологија, вклучително и нашите гени, се контролираат од сигнали кои доаѓаат надвор од клетките. Сигналите се енергетски команди на нашите мисли, верувања и сомнежи. Секоја клетка реагира на тоа дали ја обликуваат позитивни, негативни или неутрални мисли. Тоа се последните откритија на д-р Брус Липтон – професор по медицина на универзитетот на Висконсин и истражувач на Стендфордскиот медицински колеџ.

Липтон и други водечки генетичари доаѓаат до тоа сознание набљудувајќи како клетките ја примаат информацијата.

„Откритието треба да ги промени нашите претстави засекогаш. Тоа докажува дека можеме да влијаеме како што сакаме врз своите тела – како што го менуваме мислењето. Врската помеѓу клеточната биологија и квантната физика тука е неспорна. Набљудувачот ја менува набљудуваната вселена дури и ако таа е составена од неговите клетки! – коментира Липтон.

Д-р Липтон ја започнува научната кариера како клеточен биолог, ја брани докторската дисертација на Вирџинскиот универзитет, после што започнува со работа во департментот по анатомија на Медицинскиот колеџ во Висконсин. Неговите истражувања се од областа на мускулната дистрофија и клонирањето на човечките клетки се фокусирани врз молекуларните механизми кои ги контролираат однесувањето на клетките. Техниката за трансплантација на ткива, разработена од Литон и неговиот колега Ед Шулц се применува успешно во генетското инженерство. Уште во 1982 г. д-р Липтон започнува да ги изучува принципите на квантната физика. Смета дека тие се подложни на пренос на информации од и кон клетките. Липтон е автор на сензационално истражување за клеточната мембрана, според кое, таа е биоаналог на компјутерски чип и наликува на мозок, според функциите и интелектот. За време на своите експерименти во Стандфордскиот медицински колеџ во 1992 г., Липтон открива дека средината која опрерира низ клеточната мембрана го контролира однесувањето на физиологијата на клетката, „вклучувајќи” и „исклучувајќи” ги гените.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20