ЕЗОТЕРИЧНА ДИЕТА: СЛАБЕЕЊЕ СПОРЕД БОЈАТА НА ПРОДУКТИТЕ
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошѓков – Крајнички
Следбениците на овој вид диета гарантираат дека за еден месец се ослабува и 10 килограми.
Оваа обоена диета е составена врз принципот на максимално интензивно дејство на разнообразни бои на продуктите. С# е многу просто – секој ден од неделата треба да се јадат продукти со определена боја. И никави други.
Специјалистите по психологијата на боите сметаат дека ваквата диета е излез од хаосот кој што царува во чиниите и целосно го збркува организмот, при што му пречи на човекот да користи здрава енергија. Кај неа погледот на обоената диета не се дразни од многубразноста на боите. Така додека се држи до неа, тој се релаксира и соодветното јадењето се усвојува поквалитетно, а состојбата на организмот се подобрува. И тој ослабува.
Впрочем науката уште не ја потврдила ефективноста на овој метод – ниту по однос на здравјето, ниту на ослабувањето. Мислењето на специјалистите е дека тој е нештетен и дека диетата може да се користи цел живот. Убавото во неа е тоа што што нема никакви ограничувања во количеството. Но истовремено тоа е и нејзиниот основен недостаток, зашто единствената реална причина поради која организмот може да ослабне е контролата на хранењето. Додека ги реди продуктите по боја, човекот неволно обрнува внимание на јадењето, а тоа значи дека нема да голта с# по ред. Ете и како треба да се спроведува обоената диета.
ПОНЕДЕЛНИК – БЕЛО
Компири, ориз, банани, кокос, свеж кромид, лук, млеко, бело сирење тип моцарела, урда, бел чај, бела зелка, белка од јајце, шеќер и сол. Јасно е дека во предложеното постои баланс – има, како јаглени хидрати, така и маснотии и белковини, а и витамини и микроелементи.
Дополнителни продукти: можат да се додадат макарони, зрел грав, целер, бела риба и бело пилешко месо, исто така павлака, и сладолет од павлака.
ВТОРНИК – ЦРВЕНО
Домати, јагоди и црвено месо – говедско и телешко. Можат да се јадат и калинки, црвени пиперки – слатки и лути, да се пие црвено вино и сокови со истата боја. Калинките имаат витамини, а црвеното вино (во умерени количества) е познат антиоксидант, кој му помага на организмот да го победи холестеролот и да се подмлади.
Дополнителни продукти: тука речиси и да нема што да се додаде. Можеби само торта со јагоди или сладолед со вишни.
СРЕДА – ЗЕЛЕНО
Ден на вегетаријанецот. Се јаде зелена салата, свежи запршки, зелен лук, брокула, стеблото на целерот, креаставици, киви, зелени јаболка. За пиење се препорачува зелен чај. С# е многу корисно, но многу лесно како храна – нема ниту белковини, ниту мрснотии. Впрочем таа бомба од витамини воопшто нема да му наштети на организмот, исто како и одмор од презаситеноста со месо од вторник.
Дополнителни продукти: грашок, авокадо, грозје со зелена боја, бамји и сл.
ЧЕТВРТОК – ПОРТОКАЛОВО
Прекрасен светол и радосен ден. Се употребуваат моркови, тиква, папаја, манго и сл. Продуктите не се многу разнообразни, но го содржат с# што е неопходно: морковите – каротин, плодовите витамин Ц и А. Дополнителни продукти: портокали, кајсии и кавијар, но без леб.
ПЕТОК – ЛИЛЈАКОВО
Модри патлиџани, темно грозје, капинки, боровинки, модри сливи – свежи или сушени. Преовладуваат витамините и јаглените хидрати – модриот патлиџан е богат со овие материи, а сушените сливи ја стимулираат работата на цревата.
Дополнително продукти: цвекло – полезно е за хранопроводот. А за повеќе белковини е добро да се касне овчо или црн дроб.
САБОТА – ЖОЛТО
На овој ден може да се јаде ананас и праски, жолт благ пипер и тиквички, пченка, жолтки од јајце и мед, како и жолти сирења и кашкавал. Во овие производи има доста целулоза (пченка и тиквички) и маснотии (сирењето). Се пијат жолти сокови.
Дополнителни продукти: лимон и обичен, но слаб црн чај.
НЕДЕЛА
Без боја, односно бе јадење – ден за гладување. Може да се пие само минерална вода.
СОВЕТИ ЗА ПОДГОТОВКА:
-
Слободно може да се променат местата на боите по денови – нема никаков проблем, а нема да се нанесе штета.
-
Ако целта ви е ослабување од јадењето треба да се исклучи истото како и при обична диета – тестенини, слатки, мрсно, пржено како и “брзите” јаглени хидрати – компирите и бананите.
-
Се кажува дека диетата е бозопасна, но има и алтернативно мислење – да не се практикува повеќе од 2 седмици една по друга.
-
За да постигнете вистинско ослабување се препорачува по секои 6 сити “обоени” денови, да се направи еден гладен “безбоен” ден и да се наредат 2 седмици обоена диета, со 2 седмици умерено хранење или пак 1 недела на сокови. Треба да се има предвид дека ефектот од успокојувачката еднобојност во тој случај нема да биде толку добар.
И последно: за навистина да се постигне ослабување од 10 килограми треба строго да се запазуваат препораките да не се јадат “дополнителни продукти”.
Споделете