Турција зачекори на излезниот праг од НАТО.. САД ја прекина обуката на турските пилоти за Ф-35, поради купувањето на рускиот ракетен систем С-400….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Поради набавката на рускиот ракетен систем С-400 САД на Турција и испрати профактура, ја прекина обуката на турските пилоти за авионите ф-35. Следниот чекор ќе биде излегувањето на Турција од НАТО, по инсталацијата на ракетните батерии од системот С-400. Овој систем треба да го брани турското небо од евентуален воен конфликт помеѓу Турција и Грција, за кој уште 1995 година кажав дека е неминовен. Системот С-400 и треба за евентуална интервенција на САД во тој конфликт.
Повеќе за откажувањето на обуката на турските пилоти пишува порталот https://rs.sputniknews.com/svet/201906071120037007-osveta-za-s-400-amerika-vise-ne-obucava-turske-pilote-avioni-/ кој излезе со наслов „Освета за С-400: Американците повеќе не ги обучаваат турските пилоти“ Порталот во текстот вели:
Американските воени претставници одлучија да ја прекинат обуката на турските F-35 пилоти, рече агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори.
Како што е наведено, оваа одлука беше донесена врз основа на преговорите меѓу САД и Турција во врска со прекинувањето на спроведувањето на договорот Анкара-Москва за испорака на руските воздухопловни системи С-400.
Ројтерс, исто така, вели дека станува збор само за нови пилоти, додека обуката на сите оние кои веќе го започнале овој процес ќе бидат имплементирани.
Моментно, четворица турски пилоти и 20 технички експерти се обучуваат во американската авио-база “Лук”.
Британската агенција вели дека не е исклучено дека оваа мерка може да се укине, во случај Анкара да го прекине процесот на купување на руски системи за воздушна одбрана.
Споделете