Премиерот Заев влезе во небрано лозје, ако Путин ја виде фотката, како со една рака ја гушка Меркел, ќе го обере бостанот….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Кртајнички
Кога ја видов фоткава како премиерот Зоран Заев се поздравува со германската канцеларка Анегела Меркел, а со другата ја гушка, се загрижив за премиерот Заев. На премиерот Заев, веројатно не му е познато дека германска канцеларка Ангела Меркел е стара љубов на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, од Дрезденските денови, кога беше раководител на КГБ во Дрезден, каде живееше и сегашната канцеларка Ангела Меркел, во Источната Германија. Само да напоменам претседателот на Руската Федерација е исто роден во знакот на Терезија на 7 октомври 1952 година, како и премиерот Заев на 8 октомври 1974 година, што зборува дека на германската канцеларка Терезиите им се слабост. Само премиерот Заев треба да внимава на реакцијата на претседателот Владимир Владимирович Путин, во подзнак е Скорпија, а тоа се љубоморни и посеивни луѓе, своето со никого не го делат. Од тие причини треба премиерот да внимава, да ургира фоткава да се симне од гугол и интернет, додека Путин не ја видел.
Премиерот Заев треба да обрне внимание, на спомените на германската канцеларка Ангела Меркел со некогашната македонска љубов, македонскиот пекар.
Треба да биде подготвен да не го засрами македонскиот пекар…
Споделете