ИНДИСКА НУМЕРОЛОГИЈА: Индиската нумерологија ги толкува планетите според денот на Вашето раѓање

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Планетите што управуваат со бројката на датумот на раѓањето ги откриваат доблестите и слабостите на секого од нас. Индијската нумерологија смета дека датумот на раѓањето може да фрли светлина врз карактерот на личноста и нејзината иднина. Во минатото се сметало дека следењето на судбината и нејзиниот исход зависи од временскиот период кој е поврзан со планетата-владетел сврзана со датумот на раѓање на човекот. Според индиската астрологија има 9 планети кои најсилно влијаат врз Земјата, а секоја од нив владее со 3 или 4 бројки.

Сурја 1, 10, 19, 28

Чандра  2, 11, 20, 29

Гуру  3, 12, 21, 30

Раху 4, 13, 22, 31

Будха  5, 14, 23

Шукра  6, 15, 24

Кету  7, 16, 25

Шани  8, 17, 26

Куджа 9, 18, 27

СУРЈА

Исполнети и живи личности

(родените на 1, 10, 19 и  на 28 – во кој било месец од годината)

Според старите индиски ракописи, Сурја дава живост на целиот Сончев систем. Во Индиската астрологија Сурја е олицотворение на светлината, животот и љубовта, и е најважниот космички фактор, кој го определува потенцијалот на човекот. Управува со срцето, олицетворение е на татко, ги симболизира вселенската машка сила, разум и волја. Луѓето што се под влијание на Сурја се силни личности, ја сакаат слободата, искажуваат отпор кон наредбите и не трпат мешање во работите. Тие се надарени со многу способности и таленти, можат да опстанат при животните искачувања и паѓања без да го изгубат присуството на духот. “Вазалите” на Сурја се умни, склони се кон материјалното и со леснотија ги трошат парите. Склони се кон професиите кај кои се потребни чесноста, авторитет, организаторски способности и несекојдневни решенија.

Кога е во прашање здравјето, им се создаваат проблеми со видот, склони се очни инфекции и имаат проблеми со циркулацијата.

Чандра

Нежни и поетични психолози

(родените на 2, 11, 20 и 29 – во кој било месец од годината)

Чандра е владетелка на растенијата, плодовите, и богиња е на водата. Симболизира мајчинство, женски почеток, енергија на создавањето. Нејзина е белата боја. Чандра делува на физичката состојба, на душевното спокојство, дури и на судбината. Дава способност за фокусирање на потребите на околината и способност да се разбере јазикот на чувствата. Луѓето што се под влијание на оваа планета се мирољубиви, меки ичувствителни; ја сакаат поезијата и уметноста. Тие се обдарени со чувство за правда. Чандра се предава на својата фантазија, интуиција, и на овие личности им недостига решителност. Тие личности се склони кон чести промени на расположението и имаат потреба од поддршка. Нивната карактерна црта е дипломатијата, која често ја користат за да си помогнат и да им помогнат на блиските и пријателите, без да чекаат да им се возврати. Во професионалната сфера, потчинетите на Чандра можат да се сретнат како психолози и терапевти, како и во творечките професии.

Кога се зборува за здравјето, тие треба да внимаваат на стресовите, на стомачните и на интерните заболувања. Склони се кон настинки, кашлици, белодробни заболувања.

Гуру

оптимисти, надежни и љубоморни

(родените на 3, 12, 21 и 30 – во кој било месец од годината)

Гуру или Брахоспати се имиња на крупната планета под чие влијание се религијата, филозофијата, духовноста и богатството. Величенствена, плодоносна и енергична, Гуру ветува слава, успех, почести и деца. Очите на таа планета с# гледаат, опфаќаат долги патувања, проникнуваат во тајните на мудроста и медитацијата. Тоа е ѕвезда на творечките мислители, на етичната и трудољубивата индивидуалност.

Личностите под влијание на Гуру се дисциплинирани, веруваат во себе, полни се со иницијатива. Не трпат потчинетост и ситни задачи. Копнеат по успех и целосно го постигнуваат – благодарение на острата проникливост, логиката и поддршката од влијателни личности. Тоа се весели личности, сакаат да патуваат, можат да се преселат и во странство. Волшебните Гуру се несигурни во поглед спротивниот пол, пред с# поради љубомората, и тешко им е да изградат задоволувачки односи со партнерот. Бараат постојано внимание и восхитување.

Поради тоа, не се заштитени од нервни растроенија, кожни алергии и дијабетес. Им се препорачува да обрнуваат внимание на здравјето, особено по 40 година. Треба да бидат внимателни и во поглед на исхраната.

Раху

Таинствени  и неспокојни херои

(родените на 4, 13, 22 и 31 – во кој било месец од годината)

Определена како сенка на Чандра, Раху претставува смеса од илузија, хедонизам, стремеж кон успех, метежен ум, љубов кон патувања и селења. Личностите под влијание на Раху не се глупави, но лесно се возбудуваат и реагираат бурно. Совршено, успешно, ги примаат промените кои им ги носи судбината. Како вечно нескротливи бунтовници, тие секогаш се против правилата, без страв го кршат законот за да излезат од неприликите или бедата. Тие се заштитници и реформатори за благосостојба на ниските слоеви на опшеството. Овие луѓе ги сакаат минатото, музеите, изложбите на стари предмети, концертите, театарските претстави. Тие се галантни во многу љубовни врски, макар и со трагичен завршеток. “Вазалите” на Раху се склони кон работи каде се барат резултати, срдечност и умствено да се планира. Како правило, кај овие луѓе успехот доаѓа во втората половина од животот, а секогаш се совпаѓа со резултатите од нивната способност. Личностите под влијание на Раху често страдаат од астма, кашлица и разни инфекции, и од проблеми со срцето и со крвниот притисок. Добро е да не се препуштаат на гневот и периодично да се подложуваат на прочистувачки диети.

Будха

Непостојани интелектуалци и брборковци

(родените на 5, 14 и 23 – во кој било месец од годината)

Будха е планета на интелектот, односот и чувството за хумор. Нејзиното име значи “знаење” и има заеднички корен со зборот “буддхи”, т.е. способност да се разграничи реалното од нереалното. Таа планета е симбол на речитоста, трговијата, обуката, писменоста, мислите и решенијата.

“Поданиците” на Будха се тивки, послушни и постојано во движење. Нивната постојана умствена активост ги тера кон промени, кон нови работи и затоа никогаш не прават долгорочни планови. До староста ги опкружуваат пријателите, кои ги почитуваа безмернот. Но, на личностите Будха им е тешко да воспостават блиски односи, поради сопствената нестабилност. Овие личности растат водени од Будха, кој е добар трговец, кој секогаш наоѓа нови патишта да дојде до пари, но често се соочуваат и со финансиски проблеми. Тие се одлични како новинари и научници; незаменливи се во професии во кои се бара логика, комуникативност и брзо донесување на решенија.

Луѓето Будха имаат проблеми со крвниот притисок, кожата и нервите. Не се заморувајте. Дајте си одмор кога физички ќе се преоптоварите. За нервниот систем и за подобрување на крвотокот потребни ви се масажи.

Шукра

Сентименални и истенчени

(родените на 6, 15, и 24 – во кој било месец од годината)

Во старите индиски митови, големиот пророк Бхриту на синот Шукру му ги открил тајните на свештените текстови. Елемент на таа женствена и деликатна планета е водата. Шукра одговара за љубовта и за разни искуства.

Родените под нејзина заштита се стремат кон насладите, комфорот и раскошот. Овие луѓе поседуваат магнетизам, ласкави се, страсни, фриволни и ерудити. Богато се надарени со истенчен вкус, и за нив хаосот и секоја форма на неубаво преставува товар. Тие многу се грижат за надворешноста и секогаш се облекуваат елегантно. “Вазалите” на Шукра се методични дипломати, се стремат кон мир. Повеќе чувствителни отколку логични во постапките, овие личности се приврзани кон родителите, со кои не ја прекинуваат врската дури и кога ќе го напуштат домот. Страсни се и на брзина склучуваат брак. Луѓето Шукра најмногу се реализират во области каде што е важно здравото чувство за убавина и способноста за систематизација.

На здравствено поле проблеми им создаваат белите дробови и половите органи.

За да испливате од проблемите, научете да го заборавате минатото, да им простувате на роднините и на соседите.

Кету

Независни,  интровертни, аскети и анти-конформисти

(родените на 7, 16 и 25 – во кој било месец од годината)

Кету е сенка на планетата Сурја, и со себе ја носи недоверчивоста, затвореноста и склоноста кон недејствување. Таа е слична на Раху, полупланета, ако се додаде кон тоа дека е без глава. Кету е склона кон духовност и аскетизам, засновани на откажувања од сопствените амбиции. Кон приложените црти треба да се додаде дека имаат способност за концентрација, интуиција и способност за лечење со алтернативни методи.

Луѓето родени под бројот на Кету не се скржавци, а се романтични и благородни. Тие никогаш не се изразуваат на банален начин и познати се во својата околина. Не се помируваат со мислата дека нешто не може да се направи  и ја почитуваат слободата. Многупати оставаат впечаток на анархисти, кои не се интересираат многу за имиџот, но внатрешно тие се завидно организирани и водат хармоничен живот, одржуваат душевна и физичка рамнотежа. Надарени со голем ум, луѓето Кету ги посакуваат промените. Овие личности се склони кон таинственоста, и се интересираат за окултните науки. Ако се навлезе во нив, стануваат многу раздразнети, тогаш чувствуваат големи маки. Добри се во професиите поврзани со анализирање, допуштајќи самобитност и премостувања.

Слабите точки им се: стомакот, цревниот систем, мочнте канали. Не се исклучени и проблеми со циркулацијата. Овие личности треба да се хранат редовно и им се препорачуваат прошетки покрај река или езеро.

Шани

Урамнотежени, одговорни и конкретни

(родените на 8, 17 и 26 – во кој било месец од годината)

Во индиската митологија Шани ја управува колата во која седи Сурја. Шани ја симболизира медитацијата, објективноста, дисциплината и способноста да се истрае во тешки ситуации.

Луѓето што се под нејзино покровителство се воздржани и рефлективни, трпеливи и меланхолични. Тие изгледаат сурово, нивните постапки тешко се разбираат. Подготвени се да ги поминат сите пречки за да ги заштитат интересите на пријателите. Луѓето од овој тип имаат вродено чувство за должност и одговорност, која им помага да се успеат онаму каде што се бара практичност и умешност, педантност. Во принцип тоа се спокојни и предвидливи луѓе, а тоа им помага да го постигнат саканото без поголем напор. Среќата им се насмевнува по 30-та година.

Припадниците на Шани се склони кон ревматизмот, стомачните заболувања и кон настинки.

Куджа

Искрени и импулсивни херои

(родените на 9, 18 и 27 – во кој било месец од годината)

Куджа е машка и избувлива планета, смела и енергична. Таа е олицотворение на страстите на човекот и способноста за изразување во овој свет. Во индиската митологија Куджа е син на земјата и затоа ги осветлува тајните страни на човечката природа.

Луѓето под покровителство на Куджа се дрски, водени од поривите и слаткоречиви. Решителни се и со силна волја, без двоумење се искачуваат по скалите на кариерата. Независни и полни со енергија, не поднесуваат наредби. Луѓето Куджа знаат да проникнат длабоко во ситуацијата. Страдаат поради критики, мешања од страна. Импулсивноста често ги прави жртви на пожари – затоа треба да се внимателни со електроуредите. Во името на славата и престижот, тие се подготвени на секакви откажувања. Најмногу им лежат професии кои барат технички опит, интуиција и решителност.

Личностите под знакот на Куджа се склони кон инфекциите, нервните заболувања, кон стомачните и цревните заболувања, како и кон заболувањата на коските. Треба да ги избегнуваат агресивните ситуации, да се самоконтролираат и дисциплинираат.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20