Бугарија соопшти радосна вест, нашле еден од нивните корени, грофот Дракула бил бугарин….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Не можев, а добро да не се насмејам кога го проччитав текстот на порталот https://rs.sputniknews.com/regioni/201906191120133045-bugarski-ekspert-za-srednji-vek-iznosi-dokaze-grof-drakula-je-bio-bugarin/ кој излезе со наслов „Бугарски експерт изнесува докази: Грофот Дракула бил бугарин“. Сега ми е јасно зошто обожаваат да цицаат крв. Да се насмееме малку. Но, интересно е што порталот понатаму во текстот вели:

           Бугарскиот експерт за Средниот век, професор по археологијата Николај Овчаров рече дека грофот Влад трети по потекло бил бугарин.

Според истражувачот, треба да се земе во предвид фактот дека името “Дракула” не значи “крвожеден”, како што најчесто се подразбира во масовната култура: тоа покажува припадност на татко на Влад трети кој бил во одред кој се борел против Отоманската империја.

Овчаров кажал дека кнезот на Влашка зборувал на “чист бугарски”. До овој заклучок може да се дојде ако се изучи Влашко-Бугарската повелба, рече професорот.

Во романската историографија јазикот на кој се составуваат документите се нарекува црковнословенски. Овчаров, тврди дека, сепак, во нив има и навредливи зборови што сведочи за фактот дека авторите на документот биле Бугари.

“Како е можно да пишуваш на таков начин, ако не мислиш така?”, Вели Овчаров, додавајќи дека во фрази на повелбите биле најдени  зборовите: “куче” и “мајка”.

Овчаров, претходно изјави дека до крајот на 17 век бугарскиот јазик бил во масовна употреба меѓу аристократите кои живееле на границата со Бугарија и Влашка, и дека до 13-ти век тој регион бил раководен од страна на бугарските кнезови.

           Не знам како премиерот Зоран Заев, влашкото лоби и влашката заедница во Македонија, па и во Романија како ќе одгиворат на бугарскит археолог Николај Овчаров за кражбата на грофот Дракула. Се поставува прашање да ли бугарските историчари ќе барат од романските власти заедно да го слават и чевствуваат грофот Дракула, поточно грофот Влад трети. Верувам дека бугарскиот археолог Николај Овчаров од повелбата бугарско-влашка ќе докаже дека власите имаат бугарски корени. Красимир Каракачанов влав од Русе, инаку министер за одбрана на Бугарија, веднаш ја прифати неговата теорија – се изјаснува за бугарин….

грофот дракула – Влад трети

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20