Да ли Даме Груев го предаде (видео) или по негова наредба е убиен Гоце Делчев?.. Внуката на Гоце Делчев Катарина Трајкова Нурџиева вели „Предавникот денес е познат македонски ревулуционер“….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Вечерва Васко Ефтов во својата емисија „во центар“ откри едно големо откритие во Македонската Историја, без да го забележи тоа самиот и констатира. Во разговорот со внуката на Гоце Делчев Катарина Трајкова Нурџиева, која не сакаше да го каже името кој го предадел Гоце Делчев, но меѓу редови му кажа, му потврди дека тој е денес познат македонски ревулуционер. Но, за жал Васко Ефтов не заклучи кој е предавникот на Гоце Делчев?

           Внимателно  ја слушав емисијата „во центар“, но потоа чекав да се постира на јутуб, за да можам да ја анализирам, да го проверам мојот сомнеж кој го предаде Гоце Делчев!?

           Од искажувањата на внуката на Гоце Делчев Катарина Трајкоова Нурџиева, чиј татко и таткото на Гоце Делчев биле деца од брат и сстра, значи биле први  братучеди, а Гоце Делчев и бил чичко.

           Моите анализи започнаа по кажувањата на вниуката на Гоце Делчев Катарина Трајова Нурџиева дека  Гоце Делчев пред да се одржи серскиот конгрес, на кого е донесено одлука за кревање на Востанието, во Солун го причекува Дамјан Груев, познат како Даме Груев, го води Гоце Делчев во пособна куќа и го затвора во посебна соба „поради негова безбедност“. А, Гоце Делчев токму тргнал на Серксиот конгрес, со цел да дознае и праша каде се парите и што направиле со големи пари за купување на оружје за Серкиот округ. Два дена пред Серскиот конгрес е убиен на 4-ти мај, а Серскиот конгрес е одржан на 6 мај, каде е донесена одлуката за кревање на Илинденското востоние. Гоце Делчев бил против, бидејќи народорт не бил наоружан, а оружјето које го платил го немало како и парите ккои биле дадени за оружјето. Од тие причини Даме Груев го пресретнува Гоце Делчев, како стари познаници, пријатели и колеги учители во Штип и го води во посебна куќа. Моите анализи укажуваат дека позади убиството на Гоце Делчев стои Даме Груев. До овој заклучок дојдов анализирајќи слушајќи ја изјавата на внуката на Гоце Делчев Катарина Трајкова Нурџиева и читајќи ја биографијата на Даме Груев ставена на Викепендија. Интересно е што секогаш се наоѓа во формирање на студенски или подоцна револуционерни организации. Секогаш бил дел од раководството! Секогаш е на пат: Солун-Софија-Белград. Еве што вели Викепендија:

Во културниот, економскиот и политичкиот центар на Македонија, Даме се вработил во печатницата на Коне Самарџиев, македонски чорбаџија и издавач.

Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која влегле:Андон ДимитровХристо Батанџиев и д-рХристо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар наЦентралниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука првпат се сретнал со Гоце Делчев.

По враќањето во Солун бил училиштен инспектор. По разговорите во Софија со раководството на Врховниот комитет на македонската емигрантска организација во Бугарија и во Цариград со егзархот Јосиф (1895) се уверил дека Македонската револуционерна организација не само што не можела да смета на поддршка туку и дека претстоело жестоко конфронтирање поради противречности меѓу двете страни. Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август1900) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.

          По натаму малку нелогично се вели во неговата биографија, што  нема логика турците да ја му дозволат, ако не одработувал за нив.

„Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација.“

Во понатамошниот дел на неговата биографија се кажува како турците го префрлаат кај  вистинските ревулуциинери, за да го амнестираат, пуштат на „слобода“ во март 1903 година (значи осуден на 10 години, по непуни 3 години амнестиран), да одработи за пред времено востание. Еве што вели викепендија, неговата биографија:

Бил префрлен од Битола (мај 1902) во затворот во Подрум-Кале во Мала Азија, каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов (со кој ја основал ТМРО). Во затворот останал 10 месеци (до март 1903). По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал неколкудневна средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.

Токму за ова средба на ДАме Груев и Гоце Делчев во Солун, каде Даме Груев го затворил Гоце Делчев во посебна соба „поради негова безбедност“ зборува неговата внука Катарина Трајкова Нурџиева. Два дена пред Серскиот конгрес за кој Гоце е дојден во Солун е убиен. На Срскиот конгрес се донесува одлуката за кревање на востанието на 6 мај 1903 година.

Што понатаму вели биографијата на Даме Груев:

Даме одлуката за востанието ја прифатил како завршена работа и решен самиот да ја преземе фаталната одговорност. Оттука неговата изрека: Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај! и отпатувал за Битола, на пат за Смилево. Во почетокот на мај претседавал со Смилевскиот конгрес. Тогаш бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ во состав: Дамјан Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов.

Еве го клучот, поточно вистинскиот лик на Даме Груев. Он се наоѓа во главниот штаб на Битолскиот ревулуцинерен округ, во кој бил Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов. Што ово зборува дека Даме Груев во тоа време е човек на бугарскиот двор. Атанас Лозанчев факт е дека е роден во Битола 1870 а умира во Софија 1945. Борис Сарафов исто работи за бугарскиот двор, кој заедно со Гавранов подоцна го ликвидира Тодор Паница по наредба на Јане Сандански. Борис Сарофов е роден е во Либхово 1872 ви пиринскиот дел на Македонија, а ликвидиран е од Тодор Паница 1907 година. Тука треба да се запрашаме штро бара Борис Сарафов на Смилевскиот конгрес, поточно во тројка со Атанас Лозанчев роден во Битола и Даме Груев во Смилево Битолски округ или Демирхисарски.

Познато е дека „тројцата ревулуционери“ Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов немат куршум испукано во Илнденското востание, освен што на Смилевскиот конгрес е донесена одлуката за негво кревање на чело со Даме Груев, атанас Лозанчев и Борис Сарафов. Никаде за време на Илинденското востание Даме Груев не се спомнува (бар јас не најдов) со своја чета да учествувал, ниту пак во создавањето на Крушевската Република да бил дел.

Интересен факт изнесува внуката на Гоце Делчев Катарина Трајова Нурџиева, како е на превара зад грб убиен Гоце Делчев од востаник од четата, што била со него. Лажно го будат со зборовите дека Баница е опколена од турскиот аскер. Кога Гоце Делчев излегува и прошетува низ главната улица на Баница никакаков турски аскер немало, од зад грб го погодува предавникот, потоа пукаат и од напред. Турскиот аскер многу подоцна дошол.

Ви предлагам внимателно да ја погледнете емисијата, внимателно да ја ислушате внуката на Гоце Делчев Катарина Трајкова Нурџиева, меѓу редови се кажува.

          Значи не е случајно што бугарите велат „Илинденското востание е бугарско“. Нивни ллуѓе Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов на Смилевскиот конгрес ја донесуваат одлуката народот како стока неспремен да се однесе на кланица, што и самиот Гоце Делчев вели: „Не смееме неподготвен народот да го кренеме на востание, како стока ќе ги однесеме на кланица“

Од истите причини, често бугарски делегации го посетуваат Смилево, да одадат почит на „Смилевскиот конгрес“, на „Смилевските војводи: Даме Груев, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов“…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20