Бугарската каса е празна: Борисов го излажа Заев, не си стои на зборот, не ќе може да го чува македонското небо.. Русија ќе му ги ремонитира Су 25, ништо од купување на  Ф-16..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Лоша вест стаса од Бугарија, премиерот Бојко Борисов јавно призна дека касата на Бугарија е празна. Од парламентот побара „резервни пари“ и кредит да купи Ф-16, за да може да го одржи ветувањето дадено на премиерот Зоран Заев за чување на Македонското небо. Лошата вест ја пренесува порталот https://rs.sputniknews.com/regioni/201906251120185578-bugarska-pozvala-ruske-strucnjake-da-remontuju-suhoje/ кој излезе со наслов „Бугарија ги повика руските стручњаци да ги ремонтираат Су 25. Во текстот вели дека од 23 авиони СУ- 25, од нив „само“ 14 биле за ремонот. Еве што вели во дел од текстот порталот https://rs.sputniknews.com/regioni/201906251120185578-bugarska-pozvala-ruske-strucnjake-da-remontuju-suhoje/  :

Бугарија ги покани руските специјалисти за ремонт на јуришните авиони Су-25, изјави претседателката на бугарскиот парламент Цвета Карајанчева на состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, според веб-страницата на Собранието на Република Бугарија.

“Авионите Су-25 ќе се ремонтираат во фабриката во Бугарија Авионамс. Нашата земја испрати покана до Русија, руските инженери и специјалисти, што е можно поскоро да се вклучат во работата на ремонтот”, рече Карајанчева.

Претседателката на бугарскиот парламент, исто така, ја истакна важноста од интензивирање на билатералните односи меѓу Бугарија и Русија.

“Ние веруваме дека Русија зазема важно место во меѓународниот дијалог и Бугарија, како членка на Европската унија и НАТО, може да биде мост за силни и конструктивни односи помеѓу Русија и двете организации”, додаде Карајанчева.

Бугарската армија има 23 авиони Су-25, а 14 авиони имаат потреба за ремонт.

           Кога го читав овој текст, ми текна на изјавата на премиерот Бојко Борисов „Во случај на војна помеѓу НАТО и Русија, ние ќе бидеме на страната на НАТО“!

           „Братко Бојко Борисов, не ли стравуваш со СУ-25 да влезеш во бој на страната на НАТО, во бој против Русија. Обаче, НАТО веднга ќе ти ги сруши самолетите СУ 25, какво ште стане, ќе нема кој бој да води, НАТО ште ја изгуби војната“.

„Братко Борисов, до кога Блгарија такви мрсни работи ќе прави? Во првата световна војна бехте на страната на Авструнгарија, земјата не само што ја изгуби војната, растири се по това. Во втората световна војна бехте на страната на Хитлер, Германија ја изгуби војната, потоа ја поделиха на Источна и Западна. Влезнахте во Вашршавскиот пакт, распадна се пактот. Влезната во ЕУ и НАТО, на пт“ се да се распаднат. До кога Братко Бојко Борисов, Блгарија ќе прави  такиви мрсни работи..

Братко Борисов, многу лошо стана. Не вервам Гоце дека ќе иска во СУ – 25 да го враштате за Блгарија, НАТО веднга ќе го сруши самолетот, какво ште стане по това, как што му ги соберете коските??

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20