ЕКСЛУЗИВНО ИНТЕРВИЈУ: Бојко Борисов (фичето): Папата ми ги отвори очите, заборавивме да изградиме мостови, му ветив на крајот ќе ме викаат Бојко фичето….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: ИЛија Бошков – Крајнички
Не ми се веруваше што читам, кога го читав интервијуто на бугарскиот премиер Бојко Борисов, што го дал пред европските избори за бугарскиот портал https://neverojatno.wordpress.com/ . Едвај успеав да се сконцетрирам од смеење, за да можам да го анализирам интервијуото на порталот https://neverojatno.wordpress.com/ кој го објави интервијуто со премиерот на Бугарија Бојко Борисов пред европските избори.
На прашање на новинарот за десет години на владеење на ГЕР, неговата партија што насправиле, и кој се пропустите? Премиерот Бојко Борисов лидер на партијата, во одговорот почна да набројува кои патишта ги изградиле:
Мислам дека постигањата на сите се јасни: Автопатишта, метро, коридори… но нашиот најголем недостаток се мостовите. Заборавивме да изградиме мостови. Јас, сум блогадаренна папата што дојде и ни ги отвори очите, колку навистина се важни моствите. Јас, му ветив дека на крајот од мандатот ќе ме викаат Бојко фичото.
Многу ве обвинуваат и критикуваат дека Бугарија е пуста, има многу населби каде никој повеќе не живее. Дури и папата кажа за демографската катастрофа на Бугарија.
Не разбирам што мислиш. Живееме во време на мобилност. Совршено е нормално е луѓето да се собираат и живеат на места каде им се допаѓа, да ги напуштаат местата што не им се допаѓаат. Покрај се ние и помогнавме, изградивме патишта до сите делови на нашата држава и денес секој може да отиде до дивите места каде човечка нога не стапнала, сето тоа поа патиштата кои им ги изградивме, автопатишта, коридори…..
Сепак наталитетот паѓа, наскоро ќе нема изборно тело, а здраствената грижа за која зборете бугарите освен што исчезнуваат се повеќе се болна нација?
Јас, не гледам проблем, оној што сака да раѓа му создадовме услови, изградивме патишта до сите болници. Ако не сакате да раѓате во болница повикајте брза помош ќе дојдат кај вас дома, до вашата куќа има патишта. Значи, како што реков кој сака да роди нека роди, кој не сака нема никаков проблем, југоисточните граници бараат бугарско државјанство колку што сакате. А болните исто така можат да си одат на доктор каде што ќе одберат. Сепак, ќе се повторам, направивме патишта до секоја болница, направивме автопати, коридори…
Во врска со образованието, да ли ќе кажете нешто, родителите се жалат дека нивото на образованието се повеќе и повеќа паѓа, во исто време децата се соочуваат со несодветни учебници?
Јас, лично не сум слушнал за ово, постојат патишта до секое училиште, дури тротарите се асфалтирани, така што секој сака да учи може да оди да студира, можат да одат и по најголем дожд, без да се извалкаат. Родителите ги гледам секое утро како гиносат децата на училиште по нашите патишта, по должината на автопатите,….
Што ќе кажете за недостаток на инвестиции, статика покажува дека се помалку странски капитал влегува во земјата, дури и оние што се тука полека си заминуваат?
Не знам за што збрувате, создавме услови бизнисот да расне насекаде. Денеска секој бизнисмен може да ги пласира своите инвестиции, каде што ќе посака, бидејќи на секаде има патишта, а за бизнисот најважно е да има патишта, автопати….
Што е со платите, да ли сме земја со најниски плати во Европската Унија?
Благодарение на патиштата, денес сите можат да барат работа низ целата земја и да одат таму каде што најмногу ќе им понудат пари. Тоа е благодарение на патиштата, автопати…
Во ред, но цените на основните продукти минатата година се зголемија невројатно многу, вклучувајќи ги сметките за струја и за домаќинствата. Како ќе коментарите на ово?
Цените се зголемуваат, но конкуренцијата расте, цените паѓаат. Прашање на желба е да се најде продавница со пониски цени. А, патишта има до секоја продавница, се качуваш во колата и ги бараш по патиштата, по овој или некој друг, по автопатите, на северниот кордор, јужниот лак…
Каква е пораката за бугарите што бараат среќа во странство. Што ќе направите да се вратат во Бугарија?
Јас, мислам дека тие забележаа колку постигнавме. Ги поврзавме нашите патишта со европските коридори и враќањето во Бугарија никогаш не било полесно, нивен „ќеф“ е по кој коридор ќе се вратат, можат да избират автопатишта, коридори…
Со каква порака сакате да се обратите до бугарските граѓани во пресрет на европските избори?
Да патуваме!, По нашите патишта, по должината на автопатите, северниот коридор, јужниот лак…. Да видат колку направивме за земјата, ние ги асфалтиравме скоро сите.
Се надевам, дека премиерот на Бугарија Бојко Борисов, ќе го одржи ветувањто на папата, покрај „патштата, автопатите..“ ќе ги изгради заборавените мостови, дека на крајот од мандатот со право ќе викаат „БОЈКО ФИЧЕТО“….
Споделете