Искористете ја енергијата на растенијата, Среќата нема да ве напушти….
Хороскоп Крајнички
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
За личен успех многу помагаат растенијата на Овенот
За личен успех многу помагаат растенијата на Овенот
Неговите растенија се:црвени, портокалови, розеви, темноцрвени; бодливи и долги. Такви се индиската и јапонската азалеа, кралската бегонија, мушкатото. Освен на Овните, овие цвеќиња се препорачуваат и за луѓето коишто се стремат кон успех, кон утврдување на своето јас, кон тоа да бидат силни личности.
Богат живот и физичка издржливост осигуруваат растенијата на Бикот
Бикот е знак на стабилна материјална положба, а исто така и на физичките сили, на издржливост и на психичка рамнотежа. Затоа растенијата на овој знак во Вашиот дом ќе Ви донесат богатство, здравје, издржливост. Колку се поубави цвеќињата на Бикот, толку поголема магична сила му придаваат. Такви се бегонијата, кинеската иглика, персиската циклама, темјанушката и други.
Гаранции за пријателство и успешно учење се растенијата на Близнаците
Собните растенија соодветни на овој знак од хороскопот се оние со многу лисја, лесни и воздушести, а исто така и ползечките ратстенија. На знакот на Близнаците блиски се аспарагусите, бромелиите, коишто не бараат ниту почва ниту полевање, бидејќи се хранат од влагата и правот на просторијата; како и кокосот, палмите, папратот, бршленот, хлорофитиумот.
За среќа во семејството помагаат растенијата на Ракот
Ракот, како знак на водната стихија, сака растенија наситени со влага, со месести, сочни стебла или лисја, коишто бараат обилно наводнување. Тие често живеат во компактна група и благопријатно дејствуваат врз домот и семејството. Такви се американското агаве, алоето, каланхоето, фуксијата. Овие растенија имаат добро влијание не само врз Ракот, туку на сите знаци, и придонесуваат за добри семејни и пријателски односи.
Успех во љубовта и творештвото носат растенијата на Лавот
Правило е дека растенијата на Лавот имаат многу убави цветови. Но, тие се со каприци во однос на условите на живот, одгледувањето, бараат добро осветлување… Во домот или во дворот тие помагаат за чистењето на енергијата, а исто така и за зголемувањето на физичкиот и емоционалниот тонус на нивниот газда. Такви растенија се амарандата, јапонската камелија, царското мушкато, мимозата, кинеската роза и други.
Растенијата на Девицата се грижат за здравјето и развитокот на интелектот
Овој знак има како земна природа, така и вонземна. Затоа овие растенија се со увртени стебла, а може да имаат и воздушни корени. Такви се собната лоза, филадендронот, монстера и други
Растенијата на Вагите ги помагаат партнерските односи и го истенчуваат вкусот
Вагите сакаат цвеќиња со убави цветови и плодови, со силни и прави стебла. Такви се индијската азалија, хелиотропот, хибискусот, божикната ѕвезда, лилијата, хризантемата, декоративните лути пиперчиња и други.
Развојот на необичните способности е прерогатив на растенијата на скорпијата
Скорпијата од една страна е сврзана со змијата – исцелителка, па затоа нејзините растенија се или убави на изглед или носат отров или опасен мирис; а од друга страна Скорпијата е воден знак управуван од воинствениот огнен Марс. Затоа нејзините растенија се полни со вода или имаат боцки. Такви се алоето, змејово дрвото, олеандерот, пустинските кактуси…. Растенијата на скорпијата помагаат при развивањето гатачки моќи, за способноста да се гледа во невидливиот свет. Затоа луѓето коишто се интересираат за овие дејности треба да ги одгледуваат дома.
Успех во патувањата ќе Ви донесат растенијата на Стрелецот
Стрелацот секогаш сака да разбере што има зад хоризонтот. Затоа негови растенија се оние коишто растат угоре и високо. Освен тоа, Стрелецот е склон кон филозофирање, кон висока духовност, а бидејќи заштитник на овој знак е Јупитер, му одговараат цитрусовите, кисели овошја. Украсни растенија соодветни за него се бонсаите, сансеверијата (јазикот на свекрвата), фикусот, лимоновото дрво…
За да постигнеме професионален успех и да го зацврстиме здравјето ги користиме растенијата на Јарецот
Тие имаат прави, силни лисја; боцки и трња. Земниот Јарец е бавен, затоа и неговите растенија се бавно растечки. За овој знак одговараат драцената, живиот камен, лапидаријата, вашингтонската палма, дрвото на парите, фикусот, бенџаминот…
Растенијата на Водолијата се носители на новаторството
Водолијата е фонтана од оригинални идеи, со необичаен приод кон с# што ја опкружува, независно дали станува збор за односите со луѓето или работна задача. Таа секогаш наоѓа излез, па и во безизлезна ситуација. Ќе Ви помогне да погледнете на светот со други очи. Растенијата пак се ретки, невообичаени, и тука спаѓаат: абутилон (собен клен),драцена, калатеја, маранта, јатрофа.
За духовен раст помагаат растенијата на Рибите
Рибите се воден знак и затоа кај нивните растенија се понекогаш се гледаат форми на морски животни. Такви се бриофилиумот, здравецот, мушкатото, платицериумот, фикусот и, се разбира, орхидеите.
Споделете