АНКЕТАТА УКАЖУВА: Заев ако распише вонредни парламетарни избори Мицковски политички ќе го погребе, ВМРО ДПМНЕ ќе го остави во опозиција….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Морав да се насемејам кога го видов тетекстот на порталот http://javno.mk/anketa-za-edna-godina-retingot-na-hristijan-mitskoski-petpati-povisok/?fbclid=IwAR2Q9ScR-tTY2xgyOGOyzkdiQmylp9ZGHaJhkvrFY4w3j5-IbqGVouTrers кој излезе со наслов: „АНКЕТА: За една година ретингот на Христијан Мицкоски петпати повисок“ Порталоот во текстот ја донесува и анкетата, која кога ќе се погледне, повеќе е од трагикомична. Кога ќе се погледне анкетатата популарноста на премиерот Зоран Заев е 18,3 проценти, на лидрот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски е 11,7 проценти. Кога 11.7ќе се подели со со 5, се добива нешто над 2 проценти рејтинг, поточно 2,5 проценти на лидерот на ВМРО ДПМНЕ од минатата година до сега. Ово се должи на неговата пасивност за време на преговорите за промена на името, како и учеството на пратениците на ВМРО ДПМНЕ во отварање на уставните промени. Уште мината година јасно кажав „Македонскиот народ, во моментот е обезглавен – нема лидер!“.

Ако се добро анализира анкетата која ја донесува порталот, катастрафална е рејтингот за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски! Се прашувате  зошто? Покрај  промената на името, премиерот Зоран Заев има 18,3 доверба, што е една третина повеќе од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Што зборува за анемичност на македонскиот народ, за недоверба во двете партии. Сметаат дека коолиционо работат против македонскиот народ. Тоа го покажува и другиот дел на анкетата каде велат за ВМРО ДПМНЕ би гласало 25 проценти а за СДСМ 23,1 проценти. Овој резултат на анкетата е катострафален токму за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Особено кога порталот вели дека минатата година кога се менуваше името лидерот на ВМРО ДПМНЕ имал само 2,5 проценти, Пассивноста на ВМРО ДПМНЕ, не одржа постојани протести против преговорите и договорот за променас името „преспанскиот договор“, напротив го чуваше грбот на премиерот Зоран Заев за промена на името. Значи, минатата година во ово време лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски имал само 2,5 проценти доверба. Трагикомично е со таква доверба од народот, покрај катострафалното владеење на премиерот Зоран Зев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ да се повиква на македонскиот народ. Оваа анкета покажува дека македонскиот народ ги поистоветува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, во улогата на промена на името.

          За мене како новинар аналитичар, трагикомично е кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски повикува на предвремени парламетарни избори по ваква анкета.

          Да сум на местото на премиерот Зоран Заев, уште утре би ги закажал предврените парламетарни избори. Над 30 проценти или над една третина има поголем рејтинг од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, покрај катострафалното водење на државата. Особено во моментот кога не се доби дата за пристапни преговори за влез во ЕУ. Членство во НАТО  не е готова работа, веројатно ќе се најде земја која нема да го рафитикува договорот. Во такви услови за актуелната власт најдобро се предвремени избори, во моментот кога се вакви рејтинзите.

          ВМРО ДПМНЕ подобро е да молчи и да чека редовни избори, во спротивно и следните 4-гдини ќе биде опозиција. Разликата помеѓу партиите ње непуни 2 проценти во рејтинзите, ако се земат во предвид албанското гласачко тело, во овој момент предвремените избори за ВМРО ДПМНЕ би можеле да бидат катастрафални, избрзана работа.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20