ЉУБОВ И КАРМА

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

 

Љубовта е врховното чувтство од соединувањето на душата.

Љубовта е најсветлото цвеќе во букетот од нашите чувства, најмоќната сила, најсилната емоција, најсериозниот урок во животот. Како вашата љубов ќе го издржи тоа огнено искушение?

 

Нашиот однос кон љубовта, кон спротивниот пол, кон сексуалната привлечност – тоа е најглавниот критериум за степенот на развиток на нашата душа, критериум за степенот на самоосознавањето на личноста, за слободното пројавување на нашите вистински желби.

          Според една убава приказна има две половинки на една хармонична душа кои патуваат во вселената. Душата има свои цели и задачи непојмливи за земниот разум. Според законите на еволуцијата, душата доаѓа на Земјата за да измине долг пат во запознавање на светот на материјата.

          Долгиот и тежок пат преку отелотворување е полн со искушенија и главното се состои во тоа што влегувајќи во заемниот свет, една хармонична душа се распаѓа на две половинки: машка и женска. Сега нивната задача е да насобере огромна духовна енергија, повторно да се обедини во една душа, за да започнат ново патешествие во световите.

Патот на Земјата, во царството на материјата протекува на различен начин за различните души. Едни од нив го минуваат целото отелотворување заедно, среќавајќи се во вакви или такви околности помагајќи си една на друга во собирањето духовни сили. Други ја среќаваат својата половина дури тогаш кога ќе минат извесен дел од искушенијата, кога нивната општа душа е подготвена да се обедини повторно. Трети, долго време патуваат сами, тешко им е да ја познаат својата половинка. А некои луѓе се толку дисхармонични кон себе си и светот, што не можат воопшто да ја сретнат другата половина на својата душа, затоа што не се разбираат добро дури ни себе си. Енергетски двете половинки се многу тесно поврзани и целосно си одговараат една на друга. Ако едната се чувствува лошо, исто така се чувствува и другата, ако едната е во прекрасна состојба, и другата е полна со позитивна енергија.

Со тоа се објаснува беспричинската тага или неочекуваниот прилив на енергија. Дури и ако луѓето живеат во различни делови на планетата, нивниот духовен раст, исто како и деградацијата, се случуваат усогласено. Тие процеси се однесуваат кон такво ниво на енергија, кое апсолутно не е под власт на човечката волја, а исто така и на земското ниво на примање.

ПОЛОВИНКИТЕ СЕ СОЕДИНУВААТ НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Ако ние упорно врвиме по патот на спознанието продолжувајќи со кармичките тешкотии, стремејќи се кон хармонија внатре во себеси и околу нас, тогаш можностите за среќна средба несомнено растат. Кога законите на животот се усвоени, душата се искалила насобирајќи неопходна енергија, половинките се соединуваат на природен начин. Кога и како се случува тоа? Колку отелотворувања треба да поминеме заедно?

Сето тоа е прашање на лична карма на душата како целина и на одделната индивидуа. Ние сме способни да тргнеме на далечното патување по ѕвездените светови само ако сме двајца, само кога сме се сретнале и кога сме ги решиле сите наши земски задачи. Целото наше земско постоење е потчинето на една главна цел – спознавање на законот на Љубовта, на несебичното предавање. Вистинската космичка и земска љубов – тоа е целосно сознание за тоа дека само кога даваме, ние дебиваме. Да даваш и да трошиш, не е едно исто. Да научиш да разбереш на кого и што да даваш, речиси е првостепена задача на човечката личност.

Среќата во љубовта е голем подарок на судбината, не само тогаш кога ние ја среќаваме својата половинка. Нашите мажи и жени почесто ни се даваат според кармички задачи и не се тоа космичките половинки. Извршувајќи ги тие космички задачи, би можеле да ги обединиме така: да се научиме да сакаме и да даваме, а исто така и да разбереме и да го прифатиме другиот човек таков каков што е.

Но колку и да е различна љубовта, таа секогаш ни е дадена како восхит, како енергетски подем, како полет за творечкиот импулс, сила, желба за живот и создание. Затоа треба да бидеме благодарни на Бога, на судбината и на човекот кој ни ја дарува својата љубов за секоја секунда од среќа, за секое дишење, проткаено со енергијата на животот.

Секоја минута љубов му носи на човекот скапоцена енергија, збогатена душа.

КАРМИЧКА ЗАВИСНОСТ ВО  ЉУБОВТА

Во животот често се случува убавата и трпелива жена никогаш да не ја сретне својата вистинска љубов, а умниот и симпатичен маж да се вљуби во зла и мрзелива жена. Сето тоа ни изгледа толку сложено и неправедно.

Законите на кармата се неумоливи: Најголемите реки течат под земјата  – гласи древната мудрост. Вистинската суштина секогаш е скриена под површината на настаните што течат. Вистинските причини на она што се случува не секогаш се видливи. Нашите односи со сопрузите, саканите и возљубените секогаш во себе носат кармичко бреме. Неопходно е внимателно да се вслушнеме во себеси и во својот партнер, за да можеме интуитивно да разбереме што означува дадениот човек во нашиот живот. Можеби тој е случаен минувач, можеби е нашата половинка, но кармичката зависност е толку сложена, што ние сме способни да се мразиме и сакаме еден со друг истовремено. Решение може да  донесе единствено нашето срце и никој неможе да му суди. Дури и тоа да е неправилно решние, кармички тоа сепак е правилно.

На пример понекогаш луѓето ви велат: “Што имаш ти заедничко со тој тип?” Но вие ништо не можете да направите. Му дозволете да ве искористува, му ги простувате навредите, па дури и јавните скандали, не ви се допаѓа неговото однесување, но кој знае зошто, секојпат му верувате и ги исполнувате неговите желби. Вие решавате дека токму тој е вашата половинка, дека е невозможно да се разделите со неа. Всушност, вие едноставно не се познавате, немате контрола, со вас си играат и управуваат други. Тоа продолжува до тогаш додека нешто не ви ги отвори очите не ве доведе до сознание и тогаш се случува просветлувањето, како завеса да паѓа од очите и вие с# гледате во вистинска светлина. Вашите блиски можат да ви помогнат да го напртавите тоа, но само според ваша желба! Никој не може да ве запре да донесете решение.

КАКО СЕ СЛУЧУВААТ ПРЕСВРТИ?

Кармичките зависности на вљубените и сопрузите се доста интересни. Се случува да набљудуваме некоја двојка – и двајцата се пријатни, добри, внимателни луѓе. По свадбате мажот неочекувано се претвора во тиранин. Работата стигнува до развод: “Ние сигурно сме сосем различни луѓе”, ја кажуваат тие еден пред друг дежурната фраза.

Но судбината им се насмевнува и тие дознаваат дека во минатиот живот биле во други односи: Жената била алчна и груба, го навредувала својот нежен и грижлив поклоник, го понижувала пред сите, претпочитала други мажи пред него. Со задоволство го оставала да страда и самата таа не била среќна.

Низ сексуалниот контаклт нивната енергија се “сетила” на сето тоа, но разумот не можел да разбере дека многу од нивните негативни црти биле надминати преку воспитувањето кое тие го добиле, но негативната кармичка зависност помеѓу нив останала.

И ете сега двајцата живеат така: секој пат заемно се молат за прошка поради далечното минато. И нивниот живот се нормализира. Тие позитивно ја надминуваат својата карма, иако ни малку лесно не се средуваат работите. Таа двојка не преставува единствена душа, тие луѓе не се половинки од едно цело, но тие се среќни поради нивната земска љубов, позитивно веруваат во патот на развојот на своите души.

Во друг случај нештата се развиваат поинаку. Тие се среќаваат на посебен начин: во толпа од луѓе, како отескогаш да се познавале, проникнуваат од длабокото чувство за секое движење на своите души. Таа е интелетуалка, а тој – носач. Нејзините пријатели се воспитани и воздржани. Неговите пријатели – пијаници, груби луѓе, без сентименти. Нивната запрепастувачка несоодветност би можела да биде многу зачудувачка во фонот на неверојатната сила на нивното привлекување. Минуваат две години, тие не ја издржале социјалната различност и се разделуваат. По извесно време девојката се мажи, момчето – исто. Но нивниот понатамошен живот минува во светлината на оние две години кои ги минале заедно. На одмината возраст тие ненадејно се среќаваат и никогаш повеќе не се разделуваат, бидејќи целосно се соодветни еден на друг. Тие луѓе се половинки. Во моментот на нивната прва средба пред нив стои една иста задача: да научат да го прифаќаат животот и да се борат со околностите. Тие научиле да си дадат поддршка еден на друг, кој во голем степен го менува нивниот понатамошен живот. Мажот разбрал дека не сторил доволно за да го направи својот живот подобар, а жената дека с# што блеска не е злато. Целата нивна понатамошна судбина е потврда за тоа дека ние добиваме среќа само како резултат на работата на својата душа.

Во моментот на сексуално соединување, луѓето ја разменуваат целата своја енергија, нивните кармички заемни односи, кармичките проблеми избувнуваат со таква сила која тешко може да се претпостави. И ако при тоа, тие се поврзани со љубов и нежност, со желба да си помагаат и да се поддржуваат еден со друг во сите проблеми, тие сигурно “ги одработуваат” своите кармички долгови, многу побрзо ако тоа го прават одвоено.

Љубовта е енергија подарена озгора, за да ни помогне да минеме по животниот пат. Затоа, треба да бидеме внимателни кон тоа чувство во себеси и тогаш среќата сигурно ќе н# пронајде.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20