Светската и домашната политичка сцена ги очекува бурен период, Меркур од 8-ми јули до 1-ви август е ретрограден.. Внимавајте што потпишувате, какви договори и партнерства склучувате……
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, внимавајте од 08 јули до 19-ти јули, Меркур ќе се движи ретроградно (повратен, неповолен од) во знакот Лав, а од 19-ти јули до 1-ви август низ Рак. Веројатно се прашувате зошто да се внимава на ретроградниот Меркур. Меркур е мала планета и по димензиите потсетува на Месечината. Најблиска е до Сонцето и во астрологијата е позната како гласник на Боговите. Во зависност од нејзината положба, може да дејствува негативно, а во аспект со Јупитер позитивно. Меркур предизвикува постојани промени, непредвидливи. Неговото ретроградно движење може да донесе многу непромислени потези, пресврти, скандали. Како сето ќе се одрази на светската политичка сцена и кај нас, побарав одговор во говорот на планетите.
Меркур владее со знаците Близнаци и Девица. Меркур е планета на интелектот, комуникативноста и литературата. Неговиот дијаметар изнесува околу 5.000 км, а од Сонцето е оддалечен 58 милиони километри. Дневно минува приближно еден до еденипол степени, а дванаесетте знаци на Зодијакот ги минува приближно за една година. Меркур е симбол на пубертетот, браќата, пријателите. Создава добри говорници. Меркуров ден е среда. Кај луѓето управува со дробовите, нервниот систем, рацете, цревата, памтењето, фантазијата, движењето на телото. Од 8-ми јули ќе почне да се движи ретроградно низ Лав, а од 19-ти јуи низ Рак, до 1-ви август. Ретроградното движење на Меркур може да донесе, многу поместувања на светската политичка сцена па и кај нас, многу штрајкови, бунтови, демонстрации. Како што реков Меркур ќе се движи ретроградно низ Лав и Рак.
Како ќе делува Меркур врз светската политичка сцена, особено кај главните играчи претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин побаров одговор во говорот на планетите. На македонска политичка сцена како ќе делува нема да толкувам, си има позицијата и опозицијата аналитичари иастролози, не сакам лебот да им го земам. Само ќе нагласам во кои полиња и области ќе биде, како и неколку клучни аспекти, да им помогнам каде се насочат во „нивните анализи“, што би рекол Миленко Неделковски, што можат да „евединтираат“.
Натална карта на претседателот на САД Доналд Трамп со моменталните транзити
Претседателот на САД Доналд Трамп роден е на 14 јуни 1946 година во 10 и 54 во држава Љуорк. Значи роден е во знакот на Близнаци, со подзнак во ЛАв. Но, подзнакот Лав му ее на 28 сптен од, скоро 29 од Лав (секој знак има 30 степени), значи над 90 проценти од првата куќа (самата личност) му е во Девица, што зборува ретроградниот Меркур кај него силно ќе се одрази, бидејќи Меркр, како што спомнав владее со Блиизнаци и со Девица, значи со неговиот знак и неговата прва куќа. Кога ќе с погледне добро неговата натална карта, ако мене ме праша би го советувал, да обрне внимание на безбедноста и сороботниците. Се прашувате зошто? Во моментот низ неговата дванаесетта куќа транзитира Марс (воинствена планета) а му е владетел на деветта куќа (странство) долги патувања. Ово зборува дека треба да обрне внимание долгите патувања, патувањата надвор од земјата. Во моментот ретрградниот Меркур (кој од утре понува ретроградно да се движи) ќе се движи низ негова дванаесетта куќа (подсвест, таинствени непријатели) а деновиве транзитниот Мсарс и ретрограниот Меркур ќе бидат во коњукција во неговата дванаесетта куќа (таинствени непријатели). Во најлопш случај може да има обиди од оние што го опкружуваат, да го симнат од претсдателската функција, не е исклучено тоа да го направат по насилен пат. Но, исто така можно е да биде вовлечен во скандал, а САД да ја вовлече во воен конфликт. Со текстот ја постирам наталната карта на претседателот на САД Доналд Трамп со моменталните транзити, за можат полесно неговите астролози или астролог подобро да ја анализираат.
Натална карта на претседателот на Руската Федерација Бладимир Владимирович Путин
Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин роден е на 7-ми октомври 1952 година во 9 и 30 минути во Ст. Птерзбург. Значи роден е во знакот на Терезија со подзнак во Скорпија. Кај него Меркур е владетел на втора куќа (пари, финансии) и вметната планета од осма уќа (блокади, пречки, смрт), а во моменто му транзитира, поточно ќе биде во неговата деветта куќа (странство, долги патувања). Ово зборува дека треба да обрне внимание на долгите патувањата надвор одземјата, особено неделава, поточно деновиве бидејќи ретроградниот Меркур и Марс (воинствена планета) ќе бидат во силна коњукција во неговата деветта куќа (странство, долги патувања). Марс му е владетел на првата куќа (самата личност) заедно со Плутон и владетел на шеста куќа (работа, соработници). Што зборува дека треба да обрне внимание во односите со соработниците. Во деветта куќа ова коњукција може да ми донесе обиди од странство во дисредитација, обиди Русија да се вовлече во некој воен конфликт. Понатаму оставам на неговите астролози или астѕролог да го толкува говорот на планетите. Од тие приичини ја постирам неговата натална карта со транзитите. Познато е дека Русија и САД имаат добри астролшки школи, но мора да се признаее руската енеколку чекори е пред астролошката школа на САД.
Се прашувам, да ли поштарот ќе донесе пакетче со шише водтка или виски, но изгледа дека ќе мора повторно со домашна кавадеречка лоза, чашка ракија да испијам пред ручек, за апетит.
Натална карта на Република Македонија со моменталните транзити
Што се однесува до македонската политичка сцена, нема да ја толкувам, само ќе нагласам каде ќе се наоѓа и кои аспектиќе градат некои планети, особено Меркур. Толкувањето ќе го оставам на партијските и владините астролози и „евидентичари – аналитичари, што би рекол Миленко Неделковски“.
Кога ќе се погледне наталната карта веднаш ќе се забележи дека Република Македонија е родена во знакот на Девица (8 септември 1991 година во 20 часот, кога заврши референдумот). Меркур е вметната планета од шеста куќа, во мундана или политичката астрологија ја прставува владата и народот. Деновиве ќе биде во коњукција ретроградниот Меркур и марс (воинствена планета, планета која носи насилна смрт). Интерсено што Марс е владетел на првата куќа на Македнија, бидејќи е во подзнак Овен и осмата куќа (блокади, пречки, смрт). Мо, што е друго интересно. Ретроградниот теранзитен Меркр и транзитниот Марс во моментот се во силна коеукција на 4 степен од Лав а наталниот Мсрс е на 4 степен во Терезија во шеста куќа (влада). Значи градат аспект, секстил (агол меѓу планети од 60 сепени. Во исто време транзитнто Сонце е на 15 степен од Рак, додека наталното Сонце (шеста куќа започнува во Лав, што зборува дека Сонцето го преставува премиерот) е на 15-ти степен од Девица, што зборува за поклопување на сектил на транзитното и наталното Сонце. Толкувањто понатаму ќе го оставам на партијските и владините астролози и „аналитичари-евидентичари“.
Со текстот ја постирам и моменталната полжба на планетите, за да можете сами да видете каде ќе транзитира ретроградниот Меркур во вашата натална карта, во кои области или куќа треба да обрнете внимание.
Драги пријатели, имав намера да пишувам, како кај вас, во овој период ќе делува ретроградното движење на Меркур, но тоа нема да го направам од следните причини: Ако пишувам за секој знак, ќе треба буквално да пишувам, дека сте исти знак и подзнак, дека Меркур ќе се движи низ само една куќа, една област од животот, а може да се случи спротивно, во зависност од подзнакот. Од тие причини кој е заинтересиран како ќе делува кај него ретроградното движење на Меркур, може да се информирате во редакцијата на списанието ХОРОСКОП, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидувања….
Споделете