Бугарија се пофали со „Европска титула“: „Бугарин стана мистер геј на Европа 2019 година. Нашето момче – најубаво и најумно“… Бугарија успешно се вклопува во Западните вредности…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Не можев да не се насмејам, кога го прочитав текстот на бугарскиот портал https://lupa.bg/news/balgarin-stana-mistar-gei-evropa-2019_13804news.html?fbclid=IwAR0o7nhd_kx3UWzOiL7EHtqaGSRW_AOkQd7Hhr6oMb-iB086y3M3Jd27tlI кој излезе со наслов „Бугарин стана геј мистер на Европа 2019 година. Нашето момче – најубаво и најумно е“. Да се разбераме немам геј фобија, секој има право на секусуално орентација, но за мене нешто што не од Бога дадено, не е природно, непрефатливо е. Но, секој има право да избере како ќе го живее својот живот. Доволно е да се прочитат првите редови во Билјата, која вели “Бог прво го создаде Адам, потоа од реброто на Адам во сон зема едно ребро, од неа ја создаде Ева“. Значи не создал два Адама или две Еви. Самата природа за размножување бара машки и женски клетки. Но, како што реков, секој има право во животот да го  одживее како што тој мисли.

           Од овие мои согледувања трагикомична ми беше информацијата која ја пренесе бугарскиот портал РАДОСНО https://lupa.bg/news/balgarin-stana-mistar-gei-evropa-2019_13804news.html?fbclid=IwAR0o7nhd_kx3UWzOiL7EHtqaGSRW_AOkQd7Hhr6oMb-iB086y3M3Jd27tlI Еве дел од текстот на порталот и фотките се негови:

           Автор: Калојан Александров

31-годишниот Бугарин Александар Петров ја победи конкуренцијата и ја освоји титулата во овогодинешниот натпревар Мистер Геј Европа, дозна Lupa.bg. Нашиот претставник најде достојно место како прв меѓу еднаквите во финалето на натпреварот кој се одржа за време на парадата во Келн во саботата.

           Учесниците во трката доживеаја осум различни предизвици, претставникот на Бугарија освоил четири од нив – претходно интервју, писмен тест, личен проект и како најфотогеничен. Вкупниот резултат му е 211 поени од 240 можни.

Немам оментар по овова „радосна“ вест која ја пренесе бугарскиот портал https://lupa.bg/news/balgarin-stana-mistar-gei-evropa-2019_13804news.html?fbclid=IwAR0o7nhd_kx3UWzOiL7EHtqaGSRW_AOkQd7Hhr6oMb-iB086y3M3Jd27tlI .

БУГАРИЈА СО ГОЛЕМИ ЧЕКОРИ ОДИ „НАПРЕД“ КОН ЗАПАДНИТЕ ВРЕДНОСТИ. НАТАЛИТЕТОТ ИМ Е НАМАЛЕН, ДОЖИВУВААТ ДЕМОГРАФСКА КАТАСТРОФА ПО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ И НАТО. ИМ НЕДОСТАСУВА НАРОД, ЗАТОА САКААТ ДА НЕ „ПОСВОЈАТ“….

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20