Германнија го врти грбот на САД… Трамп доби корпа од Меркел, Германија го одби барањето на САД да испрати копнени трупи во Сирија…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Претседателот на САД Доналд Трамп продолжи со неуспеси во надворењшната политика. Главните сојузници не го следат. САД побара од Германија во Сирија да испрати копнени трупи, Германија експресно го одби барањето, учествува само во воздушните напади на НАТО колицијата во Сирија. Во меѓувреме повторно од стејдепарментот стаса закана до Турција, ако добије руските ракетни системи С-400, првиот чекор што ќе направат нема даим испорачат ловците Ф-35. Сето ово зборува дека НАТО се наоѓа на патеката која води кон Историјата, кон распадот на НАТО.
Мра да се признае дека оваа одлука на Германија е многу храбра, кога се знаее дека Германија е окупирана од 1945 година од САД, има над 15 бази на САД во Германија. Имаат економска, но не војна слобода. Покрај тоа што водечка економска сила во Европа, Германија не е земја што поседува нуклеарно оружје, за разлика од Франција и Велика Британија, чак не е постојана членка, а мисламни прудржна членка на Советот за безбедност на Обеденетите Нации. Повеќе за одбивањето на Германија да испрати копнени трупу во Сирија пишува порталот http://webtribune.rs/tarmp-u-neverici-nemacka-odbija-zahtev-sad-da-posalje-trupe-u-siriju-borite-se-sami-mi-necemo/ кој излезе со насслов „ТРАМП НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА: Германија го одби барањето на САД да испрати копнени трупи во Сирија – БОРЕТЕ СЕ САМИ, НИЕ НЕ САКАМЕ“. Порталот во текстот вели:
Германската влада одби да испрати копнени трупи во Сирија. На 8 јули Берлин ја отфрли поканата од Соединетите Американски Држави, објави претходниот ден, да испрати војници во Сирија. Германските власти планираат да го продолжат своето учество во коалицијата предводена од САД во борбата против терористичката група Даис (ИСИС), но сегашниот мандат на Бундесверот не вклучува испраќање на копнени сили во Сирија.
Тоа беше објавено во понеделникот од официјалниот преставникпретставник на федералната влада, Стефан Сајберт, според Дојче Веле.
Според него, членовите на американската коалиција во блиска иднина ќе одржат консултации и ќе донесат одлуки за понатамошни чекори. Во исто време, во борбата против ИСИС има воени и цивилни компоненти, кои треба разумно да се распределат меѓу учесниците во коалицијата, рече Сајберт.
Бундестагот, исто така, не го поддржа повикот на Вашингтон да испрати копнени трупи во Сирија.
“Јас сум многу критичен по ова прашање. Покрај тоа, нема да имаме мнозинство во Бундестагот за да донесеме таква одлука”, рече шефот на конзервативната фракција ЦДУ / ЦСУ во владејачката коалиција Ралф Бринкхаус.
Претседателот на Социјалдемократската партија (вклучен во владејачката коалиција) Торстен Шефер-Гимбел, исто така, го отфрли барањето на САД. Зелените, либералите и левичарите ја повикаа владата на Ангела Меркел јасно да го отфрли барањето на Вашингтон.
Претходно, специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри, ја повика Германија да испрати германска војска во Сирија.
“Ние сакаме германските копнени сили делумно да ја заменат армијата на САД во регионот”, изјави тој за весникот Welt am Sonntag на 7-ми јули и на новинската агенција ДПА.
Според Џефри, учеството на германските војници во борбени операции во Сирија не е главна цел, бидејќи “против милитантите на ИСИС подобро е да се користат силите на локалната армија”. Сепак, Бундесверот може да им помогне на сојузниците во областа на логистиката, обуката на локалните војници, областа за техничка служба и поддршка на воздушните трупи, рече американскиот дипломат.
Во овој момент, Бундесверот е вклучен во борбата против ИСИС во Сирија, спроведувајќи воздушен извидување од територијата на Јордан. Мандатот на Бундесверот истекува на 31-ви октомври. Според Сајберт, Берлин има намера да ја прошири оваа мисија.
Потсетиме дека на крајот од 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп го објави почетокот на целосното повлекување на американските сили од Сирија. Сепак, после тоа, оригиналните планови на американскиот претседател беа прилагодени – беше одлучено во Арапската Република, на неодредено време, околу 400 американски војници од 2.200 војници да останат таму во декември минатата година.
Webtribune.com
Споделете