Политички хаос во Бугарија: претседателот Радев му удри „шлаканица“ на премиерот Борисов.. САД ја „одра“ Бугарија со авионите Ф-16….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во соседна Бугарија владее политички хаос, поради одлукта на владата да купи 8 авиони ловци ф-16 од САД за 1,3 милијарди евра. Бугарија бараше да плати 900 милиони евра, што зборува дека платила 50 проценти повеќе. но, изјавила дека ќе и треба да докупи од истите за таа формира ескадрила. Ова одлука на владата на Бугарија, Бугарија ќе ја внесе во поголема должничка криза, ќе го намали стандрдот. Од овие причини претседателот на Бугарија Румен Радев ја критикуваше владата, по што се крена голема врева на политичката сцена во Бугарија. За политичка врева во Бугарија пишува порталот http://webtribune.rs/u-bugarskoj-politicka-drama-zbog-f-16bedni-bugarski-narod-dugi-niz-godina-finansirace-ameriku/ кој во текстот вели:
Бугарија одлучи да купи нови борбени авиони, новиот блок 70 на Ф-16. Оваа одлука предизвика сериозна политичка криза во таа земја.
Иако Бугарија објави дека за осум нови авиони и опрема намераваат да издвојат максимум 900 милиони евра, владата по долго размислување се согласи за цена од 1,3 милијарди евра.
Америка кога објави како за осум авиони и придружна опрема колу бара, Бугарија се закани дека ќе ги прекине преговорите со Американците и ќе разговора со Италија и Шведска во врска со договорот.
Тие се согласија со американските услови, иако бугарскиот министер за одбрана рече дека се надеваат дека САД ќе ја намалат цената за 60 милиони долари.
Меѓутоа, еден ден откако владата се согласи со условите во САД, во Бугарија се се создаде политичка драма.
Имено, на договорот со Американците му се спротивстави бугарскиот претседател Румен Радев. Тој вчера изјави дека одлуката на бугарската влада е резултат на притисокот на САД, а не квалитетот на понудата.
“Постои значајна разлика меѓу она што нашата земја првично побара и што доби од САД. Трошоците за техничко одржување на овој авион ќе бидат значително поголеми, така што овој проект го прави бесмислен”, бугарскиот претседател беше јасен.
И бугарската партија “волја” ја критикуваше изјавата на заменик-министерот за одбрана Атанас Запријанов дека Софија има намера во следните неколку години, да купи уште неколку американски Ф-16 авиони за да формираат една цела ескадрила, велејќи дека тоа ќе биде така “мизерниот бугарскиот народ многу години ќе финансира американските работни места”.
Само за потсетување министерот за одбрана на Бугарија, како што викаат бугарите воениот министер, е Красимир Карачанов, лидер на бугарското ВМРО БНД..
Споделете