Премиерот Заев главна тема во Србија (видео). Путин преку руските „пранкери“ им го даде Заев на одстрел на неговите работодавци…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Како што реков во еден од предходните текстови дека „руските пранкери (читај врни агенти на КГБ)“ се велемајсторски потег на рускиот претседател Владимир Путин. Мојата анализа излезе точна. Во најновиот текст на https://rs.sputniknews.com/intervju/201907111120339560-ekskluzivno-sputnjik-objavljuje-ceo-razgovor-zaeva-sa-ruskim-prankerima/ во текстот интервију со „руските пранкери“ порталот вели:
Обидот на Заев да ги релативизира очигледните факти и да го обвини Спутник за ширење на лажни вести, а пранкерите неправилно да ги пренеле неговите зборови, беше причина да се побара од Лексус (Алексеј Столаров) да каже што всушност се случило.
“Ние не го сменивме текстот. Едноставно го објавивме она што го рече. Ако го слушнеме снименото, го слушаме зборот донации. Тој не беше изненаден што само мораше да плати 100.000 долари и дека тогаш беше гарантирана афтокефалноста. Само тоа да го направи. Покрај тоа, ако го донесам пријател, цената ќе биде 100 илјади. Тоа е вистина. Не знам што разбрал, но тоа беше така “.
Што ви кажа Заев за Србија и Косово?
“Што се однесува до Косово, тој беше загрижен за плановите за територијална размена. Северниот дел на Косово и териториите што Албанците сакаа да ги преземат за себе. Тој смета дека Србија го спроведува планот на Путин, тој беше многу загрижен. Тој ни кажа дека тој се пожалил на тоа на Мајкл Помпејо. Што се однесува до односите со Вучиќ, тој јавно изјави дека Вучиќ е под контрола на Русија и дека нема ништо за што да се изненади. “…..
Еве што му порачуваат „руските пранкерри на премиерот Зоран Заев:
“Би сакал да кажам дека не го сметам Заев за лош човек. Како пријател, тој е многу пријатен и шармантен. Отвореноста не е лоша. Лошо е кога некој зборува за она што не мисли и кога ги признава идеите на русофобија. Не ми се допаѓа тоа. Сепак, се надевам дека нема да биде лут, туку ќе донесе заклучок дека, сепак, нашите народи мора да бидат пријатели, а не непријатели. Јас му порачувам тоа на него.”
Покрај интервијурто на порталот „спутник“ се појави на јутуб и емисијата на „спутник“ од чевтрок до четврток, каде една од главните теми беше повторно премиерот Зоран Заев. Гостин во емисијата (ви го постирам видеото од емисија) беше Ратко Димитриевиќ директор на една од српските телевизији кабловски или со нацинална концесија. Србите се прашуваат што се премиерот Зоран Заев им пренел на „руските пранкери“ за Србија и претседателот Александар Вучиќ.
Ви предлагам внимателно да го изгледате видеото што го постирам, не поради премиерот Зоран Заев. Во емисијата гостинот Ратко Димитриевиќ јасно ја опиша и изнализира политичка ситуација со регионот, особено кога се во прашање евро интеграциите на Србија. Интересно е што неговата анализа за влегување на Србија во ЕУ дека тоа никогаш нема да се случи, се поклопува со моите анализи и предвидувања до сега „дека Србија и македонија никогаш нема да станат членки на ЕУ“.
Во многу мои текстови кажав дека солидно ја познавам личноста на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимровил Путин. Тоа е личност која работи во ракавици (натпросечно интилегентна), ги трга ракавиците само во исклучителни ситуации, а тогаш не бира срества во остворување на своите цели. Премиерот Зоран Заев му застана на патот токму на некрунисаниот владетел на светот Власдимир Владимирович Путиин, со воведување на санкции и преторевуњето на руски дипломат, а такви работи Путин не простува. Но, премиерот Зоран Заевне е личност на кој Путин не би кренал рака, зошто е свесен дека одлуките што ги донесува му се напишани од работодавците. Од тие причини преку „руските пранкери – агенти“ пред неговите работовци го разголи, буквално им га даде самите да се ослобат од него, неговите раце ќе останат чисти.
Премиерот Зоран Заев треба да обрне големо внимание на безбедноста, бидејќи во моментот зачекори на патекаа по која чекореше и покојниот претседател Борис Трајковски кој беше ликвидиран токму од оние што го донесоа на власт, од работодавците. На, оваа неколку пати го предупредив, што следува по завршената задача. Задачата му е завршена со разголувањето преку „руските пранкери-агенти“. Ово разголување преставува голема шлаканица од претесдателот Владимир Владимирович Путин на САД, на неговите работодавци….
Споделете