Претседателот Стево Пендаровски ја загрози популарноста на премиерот Зоран Заев во српските медуими. Српскиот портал
Пендаровски ја загрози популарноста на Заев во српските медиуми (видео)… „Спутник“ пишува за романтичната средба на Пендаровски и Борисов..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Претседателот Стево Пендаровски ја загрози популарноста на премиерот Зоран Заев во српските медуими. Српскиот портал https://rs.sputniknews.com/regioni/201907121120342208-ljubavi-kako-si-mi-pozdrav-pendarovskog-i-borisova-hit-na-drustvenim-mrezama-video/ излезе со наслов: „Љубави како си: Поздравот на Пендаровски стана хит на социјалните мрежи (видео). Во текстот порталот вели:
На средбата Бојко Борисов и претседателот на Северна Македонија Пендаровски Стево, кој беше на неодамнешниот самит во Сараево бугарскиот премиер го поздрави зборовите: “љубави, како си” и “имаш поздрав од Зоки ” – стана хит на социјалните мрежи.
Сараевските медиуми пренесуваат дека Борисов за момент го прекина разговорот со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ да се поздрави со македонскиот претседател, со кого срдечно се ракуваа и го прегрна.
Начинот на кој се обрати Пендаровски на Борисов предизвика бран на шеги на социјалните мрежи, пренесува ТВ Сараево “N1”.
Тој му се обрати на Борисов видливо расположен со зборовите : “Љубави, како си” и му пренесе “поздрав од Зоки”, мислеќи на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.
Бугарскиот премиер го повика Пендаровски да му се придружи во разговорот со Брнабиќ.
На видеото се гледа загриженост на бугарскиот премиер Бојко Борисов за своите граѓани. На српската премерка Ана Брнабиќ за поврзување на патната мрежа на Србијасо Бугарија, поточно Софија и Белград, и кажа: „Добро е, бугарите ќе можат за нова година да одат за Белград и да кркат (јадат)….
Споделете