Древни тајни: Злокобната сила на погледот, енергетското зрачење на погледот….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Што претставува “хипнотичкиот”, “пронижувачкиот”, “магнетски” поглед? Примери во секојдневниот живот има безброј. Кога маговите гледаат со лоши мисли можат да нанесат штета на живо суштество или човек. Но со поглед можат не само урочува, туку и да се убива…
Во текот на 1925 година, англискиот физичар Ч. Рос спровел серија експерименти за време на кои луѓето се обидувале со погледот да дејствуваат врз минијатурна метална спирала, закачена на свилен конец. Многумина успеале со погледот да ја натераат да се заврти. Врз основа на тоа, научникот заклучил дека очите излачуваат електромагнетни бранови.
ПОГЛЕДОТ НА ВАСИЛИСК
Во првиот век од н.е римскиот писател Плиниј Постариот во “Историјата на природата” го опишува царот на змиите Василск, којшто имал способности да убива не само со отровот, туку и со погледот. Изразот “погледот на Василск”, во смисла на убиствен поглед, влегол во многу јазици во светот.
Во 80-те години на 19 век на островот Сицилија во градот Месина живеел човек чии очи поседувале токму таква “погубна сила”. Случаен, без секаква смисла фрлен поглед, можел да убие човек. Еднаш тој во витрината на продавницата видел огледало и се загледал во него. Наскоро после тоа се разболел и умрел – наводно огледалото му го вратило неговиот убиствен поглед.
Погледот на Василск дејствува фатално не само врз луѓе, туку и врз животни. Весникот “Канадиан трибјун” ја раскажува следната приказна:
За време на лов 55-годишниот Стив Мек Келан бил нападнат од мечка гризли. Лежејќи на земјата, Стив инстинктивно посегнал по ножот, а самиот со поглед исполнет со бес и очај се загледал во очите на ѕверот. Мечката замрзнала на место. Ловецот продолжил настојчиво да гледа во неа, обидувајќи да се концентрира точно на зениците. Тој знаел дека на тој начин може само да го раздразни агресивното животно – но не му текнувало ништо подобро. И наеднаш, животното вреснало силно и паднало на земјата. Се покажало дека е мртво. Подоцна при прегледот на мечката не се откриени никакви убоди.
Истражувачите заклучиле дека причината за смрта е моќниот енергетски импулс од очите на човекот кој ги разурнал нервните клетки во мозокот на ѕверот – пишувало во весникот.
Погледот на човекот кој се наоѓа на прагот на смртта носи во себе огромна емоционална сила, способна да нанесе непоправлива штета на луѓето на коишто ќе падне. Со тоа се објаснува и обичајот да се врзуваат очите на осудените на смрт. Силата на нивниот поглед може да се покаже како не помалку погубна од оружјето насочено кон нив.
Во однос на енергоинформацискотодејствување нема принципиелна разлика помеѓу “погледот на Василиск” и урочувањето. Прашањето е во тоа каков спектар од вибрации е присутен во зраците на погледот на одреден човек. Во зависност од тоа, тие го нарушуваат нормалното функционирање на определени органи и системи. За среќа, далеку од тоа секој човек да може да прави уроци, а да не зборуваме за убиствен поглед којшто испраќа смртоносен импулс во срцето. Тоа е толку ретка способност како и дарбата за вистинско биоенергетско исцелителство.
Чувството дека некој Ве гледа во тилот им е познато на многумина. Научниците од американскиот универзитет во Квинс, решиле да ја потврдат или да ја отфрлат таа популарна претстава. Во експериментот учествувале стотина доброволци. Секој од нив бил поставен на средината на просторијата и во неговиот тил гледал друг човек. Се покажало дека во 95 одсто случаи туѓиот поглед се чувствувал доволно јасно. Повеќето го чувствувале како извесен притисок на вратот, како дувнување на ветар. Се дошло до единствениот заклучок дека очите на човекот зрачат со извесна енергија. Но дали секогаш таа е неповредувачка?
ПРЕБРЗИ ЗАКЛУЧОЦИ
Според радиофизичарот Б. Кажински, којшто посветил долги години на истражување на телепатијата и мисловното дејствување од растојание, зраците на погледот претставуваат снопчиња био-радијации од мозокот. А улогата на електромагнетни брановоди ја играат зениците на очите, тесно поврзани со мозокот. Со нивна помош, енергијата генерирана од мозокот може да се концентрира и да се зрачи концентрирано.
Последните истражувања во областа на взаемните дејствувања на дистанца покажуваат дека многу од древните суеверија не се без основа. Експериментите спроведени од академик Е. Казначеев во Институот за општа патологија и екологија на човекот (Сибриското одделение на РАН) убедливо покажува дека ласерски зрак со определен дијапазон може да пренесува информација способна да зарази совршено изолирана средина (дури и во запечатен стаклен сад) со вируси од растојание. Ако зраците на погледот по нешто наликуваат на ласерските, не е исклучено дека тие се способни да пренесуваат вирусни заболувања.
Научниците допрва треба да се напрегаат за да сфатат какви видови енергија се одговорни за преносот на мисли. Освен електромагнетната, денес се проверуваат и други хипотези. Некои истражувачи сметаат дека станува збор за потполно самостоен вид зрачење коешто ги спроведува електромагнетните бранови низ торзионите полиња. Други научници тврдат дека во тоа би можеле да учествуваат и т.н. форм-полиња на празните структури. Еден од првите што ги открил бил новосибирскиот ентомолог Гребников – над пчелните кошници.
Се покажало дека тие полиња можат да се почувствуваат во вид на лесен притисок, на студен ветар, изблик во очите или метален вкус во устата. Се претпоставува дека зениците во очите, исто така се способни да создадат соодветно браново поле. При тоа насоченоста на излачувањето зависи од насоката на погледот…
Особено ефектно е тоа дејство кога мисловниот тек е насочен кон очите, а преку нив и кон мозокот на животното (или човекот). Истото мислење го поткерепуваат и некои современи истражувачи. Тие сметаат дека благодарение на погледот, мозокот добива основна маса не само од оптичката, туку и од телепатската информација за човекот со којшто се остварува комуникацијата. Огромен дел од таа информација се анализира на потсвесно ниво. И токму благодарение на тоа, ние неколку минути по почетокот на разговорот интуитивно чувствуваме што преставува непознатиот човек.
Хипотезата за телепатската улога на очите објаснува многу нешта. Ние се загледуваме при зачудување или изненадување. “Го јадеме “ со очи тоа што н# заинтересирало. Очите ни “излегуваат” од длапките при силен страв… Станува јасно дека очите се отвораат широко кога несвесно се стремиме преку нив да добиеме максимум информација – и оптичка и телепатска. И обратно, ги затвораме очите кога сакаме да се изолираме од надворешниот свет. Очите се затвораат самите од себе кога се обидуваме да се концентрираме над нешто внатрешно: на нашите мисли, спомени и чувства. Ги подзатвараме очите за време на грижливо набљудубвање на нешто или при висока концентрација на мислата. Оставајќи само еден процеп за гледање, организмот на тој начин се грижи да се изолира од с# што е второстепено, помалку важно, кое му пречи да се сосредоточи врз главното. Не е случајно и тоа што човекот ги затвора очите или го спушта погледот под нечиј обвинувачки и укорувачки поглед. На тој начин тој се штити од туѓите емоции и го заштитува својот мозок од негативни информации.
ОСОБЕНОСТИТЕ НА СУПТИЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА
Ако се согласиме со хипотезата за предавање на мисли со поглед, стануваат разбирливи и други закономерности утврдени од од психолозите. За време на разговорот, најчесто својот собеседник во очите го гледа оној кој го смета за посилен, поискусен, помудар од себе… Слично на ученикот во училиште, тој го “отвора” својот мозок за телепатска сугестија. Од истата причина раскажувачот ретко гледа во очите на слушателот. Во неговиот мозок се случува интензивен процес на формулирање на мислите, а туѓиот поглед (а, според тоа, и туѓите мисли) можат да му попречат. Затоа и го трга погледот.
Познато е дека колку е поголемо растојанието меѓу собеседниците, толку почесто тие се погледнуваат еден друг во очите – честите погледи го компензираат намалениот обем на информации.
И целосно природен совет за искусни луѓе: за да го разберете некого подобро или без искривувања да ги предадеме сопствените мисли, гледајте го соговорникот право в очи. При тоа, подобро ќе се восприми не само душевната состојба на комуникација, туку и мислите. Зашто информацискиот дијалог се води непосредно: од мозок – кон мозок.
И обратно: за да ја сочуваме нашата потсвест од несаканото дејство, подобро е да не го гледаме соговорникот кој н# напаѓа в очи. Во краен случај треба да го гледаме или во челото, или меѓу веѓите. Агресорот нема да забележи ништо, а самиот ќе почувствува нешто непознато непријатно, студено, зашто вистински контакт нема да има. Целонасочните микро антени на нашите очи ќе се тргнат од туѓата енергија и нема да пропуштат поголем дел од неа во нашиот мозок.
Има една особеност: жените, за разлика од мажите, не го сфаќаат директниот поглед како загрозување. Повеќе е обратно – за нив концентрираниот поглед е знак на интерес и желба за контакт. Потребата за такви погледи е дефинирана од самата природа. Од една страна, таа е предизвикана од неопходноста за привлекување на партнерот за продолжување на видот, а од друга – од потребата за суптилно општење со новородените: имено, преку очите мајката воспоставува телепатски контакт со своето дете кога тоа с# уште не научило да зборува.
Постои уште едно објаснување зошто жените се стремат кон директни погледи. Ако за машката половина од човештвото е посвојствено логичното мислење и затоа пред с# е важна смислата на зборовите, за жените како интуитивни суштерства е поважно кој стои зад тие зборови. Жената е значително повосприемчива за телепатски информации и затоа за неа погледот има многу поголемо значење, отколку за мажите.
Психолозите направиле интересен експеримент. Од еден негатив биле направени две фотографии на една иста девојка и биле покажувани на различни луѓе за да изберат на која слика девојката е посимпатична. Сите посочиле едана иста фотографија, иако не можеле да објаснат зошто. Тајната била во тоа што на таа фотографија со помош на ретуш биле малку зголемени зениците на очите. Научниците не можеле да ја објаснат таа привлечна сила. А некогаш се сметало дека големината на зениците зборува за животност: тие се широко отворени кога организмот е исполнет со сила и се намалува кога енергијата се напушта (на старост и во време на тешко заболување). Ако ја прифатиме таа гледна точка, тогаш станува јасно зошто се толку привлечни широките зеници: здравите луѓе, исполнети со енергија многу повеќе се привлечни. Но, тоа е само психолошко објаснување.
Постои и енергоинформациска верзија. Зеницата станува поголема кога се појавува потреба од надворешна информација. Тие се раширени во детството кога мозокот жеднее за сознанија. Зениците се намалуваат кога човекот е под стрес, кога исчезнува интересот кон надворешниот свет, кога човекот се обидува да се изолира од него, да се повлече во себеси, кога е раздразнет и кога е налутен.
Се претпоставува дека има уште една причина: намалувањето на зениците препоставува истекување на животната енергија од организмот. Зениците забележително се рашируваат при зголемен интерес кон сексуалниот партнер. Тоа е повик на нагонот за продолжување на видот – можеби на тоа се должи потсвесната симпатија кон крупните зеници. Но тоа не е само посакување. Поверојатно е дека при раширувањето на зениците се засилува и магиското дејство врз саканиот објект. И ете сме кај посебниот вид уроци – љубовни. Породени од пламената страст, тие кај жртвата предизвикуваат не болест, туку безумна љубовна желба.
Знаејќи, или интуитивно разбирајќи ја улогата на зениците, жените со векови прибегнувале кон разни трикови за да ги направат поголеми. Заради тоа биле подготвени да ја жртвуваат дури и острината на видот. Уште во древниот Рим, а подоцна и во Италија и Шпанија, тие си капнувале во очите сок од отровна трева – беладона. Од тоа зениците силно се раширувале, очите добивале таинствен блесок и длабочина, што на жената & давало посебна привлечност. Не случајно беладона на италијански значи “прекрасна дама”.
Хипотезата за приемот и предавањето на мислите со помош на поглед објаснува многу нешта. Во тоа се вбројува и магијата на црните очи. За нивната недостижна привлечност најмногу се виновни зениците: тие се слеваат со темната боја на ирисот и изгледаат многу големи. И тогаш се зборува за магиски очи.
Не е чудно што големината на зениците го објаснува посебниот шарм на кусогледите жени, зашто кај нив недостатокот на острината на гледање често се компензира со зголемувањето на зениците.
А раширувањето на зениците во моментот на смртта е факт кој засега нема соодветно објаснување. Но постои претпоставка дека раширените зеници на човека му даваат можност подобро да навлезе во другиот свет, каде што ќе се пресели наскоро…
Споделете