АСТРОКВАЛИТЕТИТЕ ВО ВАШАТА ЛИЧНОСТ

 

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Во вашата личнист, покрај елементите на Оган, Земја, Воздух и Вода, голем удел имаат и елементите на астроквалитетите. Класичната поделба на астроквалитетите е поделена во три групи: кардинални, фиксни и променливи елементи. На основа на својот знак и подзнак, можеме да ја откриеме и улогата на астроквалитетите  во својата личност. На пример: ако вашиот знак е Овен, а подзнак Близнаци, тоа значи дека имате спој на кардинално – променливи елементи (Овенот припаѓа на кардиналните, а Близнаците на променливите астролошки знаци). Тоа исто важи и за обратната комбинација: Близнаци – Овен (астроквалитет: променливо – кардинален).

ЕЛЕМЕНТИ НА АСТРОКВАЛИТЕТОТ

КАРДИНАЛЕН (Овен, Рак, Терезија и Јарец)

Многу лесно воспоставувате интензивни контакти со луѓето. Вие сте лесно заљублива личност и бидејќи сте многу страствени, вашите интимни врски започнуваат и завршуваат многу брзо. Импулсивни сте, горди и уште на почетокот на врската ја наметнувате својата иницијатива. Го сакате ризикувањето и не се плашите ни тогаш, кога треба да изгубите нешто скапоцено. Вашиот однос со луѓето е вистинска грубост, во кој ги користите сите дозволени и недозволени средства. Со останатите кардинални знаци се согласувате, затоа што и тие се оригинални како и вие, но лошата страна е во тоа што постојано се натпреварувате со нив. Вашите односи со фиксните знаци се плодни, бидејќи тие ви помагаат да ги реализирате вашите идеи, но можат да ве “убијат” со својата спорост и непокорност. Луѓето со променлив квалитет се приспособуваат на вашите нови идеи, но многу често ги отфрлаат реалните можности за врска со вас, бидејќи вие не им давате да “дишат” и не им дозволувате “поширок круг на движење”. Вие спаѓате во луѓето кои одлично стартуваат, но обично не стигнуваат до целта. Морате да го негувате трпението и самодисциплината.

ФИКСЕН (Бик, Лав, Скорпија и Водолија)

Вие сте многу пријатна личност и можете да поминете повеќе часови со луѓето кои ве интересираат. Кога на некој ќе му го “подарите” срцето, тоа е засекогаш. Верни сте и сигурни и се врзувате за сите скапоцености на животот. Со својата силна личност не се штитите само себе, туку и оние кои ги сакате. Иако сте бавни, насекаде стигнувате точно навреме. Морате да бидете внимателни со својата посесивност и љубомора, бидејќи многу често саканата личност ја претворате во објект. Со луѓето, кои ги имаат вашите квалитети, имате многу цврсти односи, но голем проблем во односите со нив е недостатокот на компромис. Луѓето од кардиналните знаци ве воодушевуваат со ентузијазмот и енергијата, но ве плаши нивната брзина. Променливите знаци одлично се приспособуваат на вашите идеи, но тие не ви се допаѓаат поради несигурноста и недофатливоста. Спороста е ваша позитивна карактеристика, но, за жал, многу работи можат да ви “се лизнат” од раце.

ПРОМЕНЛИВ (Близнаци, Девица, Стрелец и Риби)

Вие сте мајстор за логични аргументи и најдобро се чувствувате кога ве почитуваат за убавата речитост и големата способност да комуницирате со луѓето. Многу често ги поврзувате причините, идеите и настаните. Во љубовта не сте постојани и многу често имате и повеќе од една врска. Недофатливи сте, бидејќи не дозволувате другата страна да ве врзе. Постојано ги менувате плановите и многу често не сте истрајни докрај. Луѓето, кои имаат квалитети како вас, ви се многу забавни, бидејќи се променливи и разнообразни како вас. Меѓутоа, во спој со нив многу тешко ги остварувате сите големи планови. Многу ве привлекуваат личностите од кардиналното подрачје, бидејќи ве воодушевуваат со својата динамичност и ентузијазам. Тие ви го покажуваат “правецот на движење” во животот, но многу често, токму поради тоа, можат да “пројдат низ вас”. Луѓето со фиксни елементи ве воодушевуваат со неопходната стабилност, но ве “убиваат” со тоа што се многу тешко променливи.

СПОЈ НА КВАЛИТЕТИТЕ

КАРДИНАЛНО – ФИКСЕН

Вие сте динамична личност со изразени лични ставови. Многу често тие ставови ги наметнувате и на останатите луѓе, бидејќи кај вас постои голема желба да управувате со другите. Вие сте родени да ги извршувате шефовските должности, но вашата претерана иницијатива над останатите може да ве претвори во вистински тиранин. Морате да се помирите со тоа дека и другите имаа право на свое мислење. Намалете го својот егоцентризам.

КАРДИНАЛНО –ПРОМЕНЛИВ

Вие сте многу интересна личност, полна со нови идеи и проекти. Ги воодушевувате луѓето околу себе затоа што сте полни со живост и подготвени сте за многу брзи промени. Попустливи сте додека не ви ја загрозат индивидуалноста. Сакате да им помагате на послабите од вас. Вашата негативна црта е нестабилноста и поради тоа многу често не ги извршувате своите обврски на време. Ако сакате да ги остварите своите идеи и да имате корист од промените, морате во себе да ја развивате постојаноста.

ФИКСНО – ПРОМЕНЛИВ

Вие сте многу контрадикторна личност – понекогаш сте непостојани, а понекогаш – најупорни на светот. Многу често, одвнатре сте стабилни, а однадвор несигурни. На вас ви е неопходна голема внатрешна енергија, со која би ги придвижиле вашите неисцрпни резервоари на позитивни карактеристики. Морате да го развивате и контролираното извршување на задачите, бидејќи за тоа имате сила и енергија.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20