Фенг Шуи: Магијата на спалната соба..збогатете го љубовниот живот, односот со партнерот…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Спалната соба е најинтимниот дел, крепоста на семејниот живот. И ако тоа место не е устроено хармонично, љубовта не може да се задржи во домот. Пред с#, кога избирате место за спалната, погрижете се таа да нема заеднички ѕид со кујната или со бањата. Во краен случај, до тој ѕид поставете орман.

Креветот

 Особено внимание треба да обрнете на креветот. Тој не треба да биде до прозорецот, зашто така поголем дел од времето ќе го минете не во спиење, туку во размислување. Исто така, не би требало да го ставите телото до балкон или тераса. Подобро е во спалната да има еден голем кревет, отколку два еден до друг. Ако, сепак така ви е поудобно, покријте ги двата кревета со еден заеднички чаршаф и заедничка прекривка. Креветот не би требало да биде така поставен, нозете на оној кој спие да бидат кон вратата. Тоа се смета за “поза на покојник” и ја исцрпува животната сила. Исто така, внимавајте вратата да не биде токму спроти креветот. Под креветот не би требало да се чуваат ненужни работи.

Огледалата

 Во спалната тие треба да бидат поставени така оние што спијат да не се одразуват директно во огледалото. Ако во спалната има тоалетна масичка со шкафчиња, тие треба да бидат затворени преку ноќта. Не ставајте такви огледала во кои не можете да се огледате во цела фигура – “отсечениот” дел од телото ќе страда.

Водата

Има не мал број примери кои потврдуват дека во спалната не би требало да влегува ништо кое има директна врска со водата или пак ја симболизира. Познати се случаи во кои по изнесувањето на слика на која е прикажана вода од спалната, човекот оздравува по долготрајно боледување. Затоа, ако имате аквариум, неговото место не е во спалната. Иако водата симболизира богатство, нејзиното место не е во спалната соба. Се разбира, нема ништо лошо ако спалната ја бојадисате во сино.

Треба дебело да се потцрта:

Спалната каде што Вие се осамувате со саканата личност, треба да биде токму спална соба. Во неа не би требало да се наоѓат разноразни апарати, полици со книги, бироа и сл.

Еве неколку пораки од Лилијан Ту во однос на Фенг Шуи во спалната:

Телевизискиот екран во спалната соба води кон раздвојување на партнерите.

Не спијте под голем абажур, кој го раздвојува креветот на две половини. Енергијата која паѓа одгоре го симболизира разделувањето на постелата на две половини и на тој начин ја “пресекува” љубовната двојка.

ИМАТЕ ЛИ НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА ВО ВАШИОТ ДОМ?

 Често се случува само еден предмет кој се наоѓа во вашиот дом да ја уништи семејната среќа или здравјето. Не станува збор за предмети кои специјално се исполнети со негативна енергија, туку за стандардни нешта кои зрачат со неа. Еве неколку од нив:

Напукнато или скршено огледало.

Искината или издупчена долна облека.

Фалсификувани пари.

Облека во која човек доживеал несреќа.

Скршен леб оставен на масата.

Чинии неизмиени после јадење.

Религиозни книги и симболи поставени обратно;

Фотографии на починати роднини поставени на видно место, особено се опасни ако се поставени заедно со фотографии на живи луѓе;

Отворени ножици. Особено опасно е ако острите краеви се свртени навнатре кон домот;

Пајажини во аглите на таванот.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20