Тајните на Тибет: Градинираите на земјата…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Во Тибет се наоѓа база на дојденци, тврди Лобсанг Рампа, автор на многубројни бестселери посветени на тајните на религијата
Тибет отсекогаш го привлекувал вниманието на луѓето што се стремеле да одговорат на вечните прашања на животот: “Како е создаден светот? Кои сме? Каква е нашата улога во тој свет?”.
Но, за непосветениот е многу тешко да ги дознае скриените тајни што се чуваат на Тибет. Манастирите од будистите и аскетите – монаси коишто достигнале просветлување, љубоморно се чуваат од туѓите очи.
Познатиот научник и писател Лобсанг Рампа долго време живеел во Тибет. Сите негови книги се посветени на мистичните загатки на минатото, на паранормалното, и се преведени на десетици јазици. Награда за трпението и лишувањата на Рампа му станале откровенијата на тибетскиот монах.
СЛЕПИОТ АСКЕТ
Аскетите условно можат да бидат разделени на два типа. Првите даваат завет за вечно молчење, и под никакви услови не го нарушуваат. Со тие коишто не дале такво ветување исто така е многу тешко да воспостави контакт – оти живеат во тешко достапни пештери. Токму со таков монах се сретнал Лобсанг Рапа.
Ден по ден научникот се трудел ја да спечали неговата доверба. Аскетот, макар што бил слеп, се движел небаре гледа с#. Секогаш знаел каде се наоѓа гостинот и неретко ги претчувствувал неговите намери. Ееднаш старецот го помолил Рампа да приготви чај, а потоа му раскажал за градинарите на земјата…
Треба да се одбележи дека патувајќи по Тибет, Рампа често забележувал во небото чудни појави, коишто современите учени ги нарекуват НЛО. Месните жители се однесувале потполно спокојно кон тие аномалии, коишто ги нарекувале “кочии на боговите”. Една од тие божествени “кочии “ видел Рампа и над пештерата на аскетот. На прашањето “Што е тоа?”, старецот одговорил: “Тоа се градинарите на земјата”.
“Уште една загатка”, помислил писателот, но не настојувал таа да му биде откриена брзо. Сепак, трпението му било наградено: раскажувајќи за својот живот, монахот му открил на Рампа една своја голема тајна.
Судбината на аскетот била тешка. Паднал во рацете на кинески војници, па бил ослепен и осакатен. Успеал да избега, и со последни сили се добрал до планината, кадешто изгубил сознание. Кога се свестил, макар што не видел каде се наоѓа, изострените сетила му поткажале дека местото е доста чудно. Но, пријателски глас на неговиот роден јазик му соопштил дека го спасиле градинарите на земјата, и е во потполна безопасност. После тоа гласот кажал дека тој е избран за претставник на човештвото, и треба да говори од негово име, пред лигата на обединетите светови.
БАЗАТА НА ДОЈДЕНЦИТЕ
Аскетот со неверојатна прецизност ја опишал базата на дојденците. Според него, таа се наоѓала на едно високо планинско место во Тибет. Стратешки, тоа било многу погодно место. Првин, таму имало многу угаснати вулкани, чиишто кратери можеле да бидат приспособени за создавањето на тајната база, а самото место е идеална писта за спуштање на меѓуѕвездени бродови. Освен тоа, планините постојано се обвиткани со облаци, и речиси е неможно базата да биде нападната од авион или забележена од сателит.
За да може слепиот монах повторно да гледа, вселенските дојденци му обезбедиле специјална опрема. Бидејќи очните нерви не му биле повредени, очите што ги изгубил му биле заменети со специјална телекамера приклучена на нервите.
ЧУВАРИ НА ЗНАЕЊЕТО
Влегувајќи во базата, на монахот кого го запознал Рампа му се дала можност да престојува во фантастичен свет, создаден од суштества коишто многу личеле на луѓе. Какви биле тие? Разликите помеѓу нив и нас не биле поголеми отколку помеѓу Европејци, Азијци и Африканци, објаснува монахот. Тие му раскажувале за многубројните неуспешни обиди да контактираат со земните жители. Тогаш тој ги прашал зошто не стапиле во контакт со земните влади? Одговорот на тоа прашање била историјата на Алантида, чиишто жители комуницирале со дојденците, а некои стапувале и во одреденвид на брак. Вонземјаните и и луѓето можеле дури и да имаат деца – деца на два светови!
Но, владеачките елити имале свои планови за тоа како да ги искористат дојденците.
Понатаму следува опишувањето на технологиите на дојденците, коишто фасцинираат со својата напредност, која не била можна во човечката цивилизација во текот на дваесетите години на минатиот век. Фасцинантно е кога будистички монах, којшто никогаш не го напуштил Тибет, да зборува со такви подробности за можноста да се видат тридомензионални слики, фигури, со помошта на шлем и да се осетат објектите со помош на “нараквици” прицврстени на рацете. Така Рампа, уште во оние години, поподробно го опишал процесот на вклучување на огромна компјутерска база кон човечкиот мозок, долго пред појавата на прототиповите на современите компјутери. Така “вклучениот” монах дознал за устројството на галактичките сојузи, ги видел првите денови на нашата планета Земја, работата на дојденците, коишто ја корегирале еволуцијата на биосферата, за во неа да се развијат разумни суштества.
Просечната возраст на вонземјаните била 5.000 години.
Според нив, човештвото нема за брзо време да достигне такво ниво на развој што би спречило нуклеарна војна. Затоа своите знаења вонземјаните му ги предале на тој монах – аскет, чијшто висок морал не би дозволил да ги злоупотреби. Задачата му била да ги чува и да ги предаде тогаш кога човештвото ќе стане достојно да стане член на вселенскиот сојуз на цивилизациите.
Чуварите на информацијата за дојденците се многубројни, и еден од нив станал Лобсанг Рампа.Тој ги пишувал своите книги така како да не верувал дека некој ќе поверува во нив.
Полека – полека, почвата на човечкиот разум ќе биде разорана – за семето на знаењето да премине на други светови, и за да влеземе во вселенски сојуз.
Споделете