Викиликс политички го погребува Груевски… одобрил пензии за борците на УЧК и ветил двојазичност на цела територија.. Заев оди само по стапките на Груевски…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Добро е познато дека поранешниот премиер Никола Груевски ги амнестираше хашките случаеви, донесе закон за унапредување на албанскиот јазик, на кој претседателот во тоа време Бранко Црвенковски, стави вето, одби да го потпише.
Порталот https://www.kurir.rs/region/severna-makedonija/2454499/vikiliks-objavio-tajni-sporazum-evo-dokaza-da-je-gruevski-placao-albanske-teroriste излезе со наслов „ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: Ево докази дека Хгруевски ги плаќаше албанските терористи“. Порталот во текстот вели:
СКОПЈЕ – Според документите на Викиликс, поранешниот македонски премиер Никола Груевски во 2007 година постигна договор со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, кој е претставник на македонските Албанци.
Груевски во 2007 година му вети на Алија Ахмети дека ако пристапи во коалиција со него, ќе предложи во Парламентот закон кој обезбедува социјална помош за припадниците на ОНА кои учествуваа во немирите во Македонија во 2001 година. и Законот за двојазичност (албански јазик низ целата територија на Македонија).
Ова е официјален документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рече дека ќе го стори тоа, но дека народот не сме да знае за тоа.
“Груевски изразил подготвеност на владата на која е на чело да обезбеди “работа и пари” за луѓето предложени од партијата ДУИ”, се вели во документот, заедно со усвојувањето на законот за двојазичност.
Понатаму е наведено дека Владата на Македонија ќе го одрече секое учество во овој договор.
Автор: ЕПК
Се прашувам кој одлучил во исто време да се пуштат низ вода актуелниот премиер Зоран Заев и Никола Груевски. Руските „пранкери – агенти“ го попвлекоа првиот чекор, го пуштија човект на САД Зоран Заев низ „вода“. Сега САД им враќа преку Викиликс со Никола Груевски, бидејќи одби да воведе санкции на Руската Федрација. Како Што е познато актуелниот премиер Зоран Заев протера руски дипломат, нешто што многу скаспо ќе го чини.
Овој документ на Викиликс може да биде основа Јавниот обвинител да покрене истрага по допрен глас, а во тој случај Унгарија ќе биде приморана да го депортира. Бидејќи ваквиот документ, некои правници велат дека е во сферата на велепредавство, рушење на уставниот поредок, особено со законот за двојаичност кој го ветил, а се донесе закон за унепредување на албанскиот јазик.
Тука треба да се наспомене дека САД, преку Ел Чека во исто време и претседателот на ДУИ Али Ахмети го пупшта низ вода, со обид да се предизвика дестабилизација во Македонија, но и кај албанскиот електорат. Големо прашање е како Ел чека ги добил бомбите, прислушкуваните разговори на функционерите на ДУИ?
МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА ЗОВРИВА, НЕ ТРЕБА ДА ОДИТЕ НА ТЕТАР. НО, КОЛКУ ОВО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ГО ТОЛЕРИРА, ГОЛЕМ ЗНАК НА ПРАШАЊЕ Е?
Споделете