МЕРКУР Е РЕТРОГРАДЕН……
Пишува Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, внимавајте од 27 јули до 19 август, Меркур ќе се движи ретроградно (повратен, неповолен од) во знакот Лав. Веројатно се прашувате зошто да се внимава на ретроградниот Меркур. Меркур е мала планета и по димензиите потсетува на Месечината. Најблиска е до Сонцето и во астрологијата е позната како гласник на боговите. Во зависност од нејзината положба, може да дејствува негативно, а во аспект со Јупитер позитивно. Меркур предизвикува постојани промени, непредвидливи. Неговото ретроградно движење може да донесе многу непромислени потези, пресврти, скандали. Како сето ќе се одрази на светската политичка сцена и кај нас, побарав одговор во говорот на планетите.
Меркур владее со знаците Близнаци и Девица. Меркур е планета на интелектот, комуникативноста и литературата. Неговиот дијаметар изнесува околу 5.000 км, а од Сонцето е оддалечен 58 милиони километри. Дневно минува приближно еден до два степена, а дванаесетте знаци на Зодијакот ги минува приближно за една година. Меркур е симбол на пубертетот, браќата, пријателите. Создава добри говорници. Меркуров ден е среда. Кај луѓето управува со дробовите, нервниот систем, рацете, цревата, памтењето, фантазијата, движењето на телото. Од 27 јули ќе почне да се движи ретроградно низ Лав. Ретроградното движење на Меркур може да донесе, многу поместувања на светската политичка сцена па и кај нас, многу штрајкови, бунтови, демонстрации. Во наталната карта на Македонија ќе транзитира низ петта куќа (народ, деца). Како што реков Меркур ќе се движи ретроградно низ Лав, а Лавот во астрологијата владее со власта. Ако е познато дека шеста куќа на наталната карта на РМ почнува во Лав, може да се очекувааа големи антивладини протести, кои можат да поминат во конфликти, да донесат жртви. Не би сакал овој дел многу да го толкувам, но во моментот имаме аспект на транзитниот ретрограден Марс со наталниот Марс, кој е во шеста куќа (вомунданата или политичката астрологија), ја преставува владата а ретроградниот Мсарс е во единаесетта куќа политички здружунија, точно на 27 јули ќе бидат во силен квадрат (неповолен аспек на две планети од 90 степени), на исти 4 степен. Тука треба да се напомене дека до 6 септември и Сатурн е ретрограден (што ја преставува власта, а во 9 куќа, од тука е недостаток на поддршка од меѓународната заедница – изостана препорака за почеток преговорите, какко и поканата за влез во НАТО. Каде никогаш нема да влеземе, ниту во ЕУ, ниту во НАТО. Ретроградниот Меркур во Лав на глобалната политичка сцена може да донесе нови глобални владетели, што зборува за доминација на Русија и Кина. Се прашувам. да ли ретрогрдното движење на Меркур ќе доведе до инволивирање или влијание Русија и Кна на Балканот, во заштита на нивните проекти (гасоводот, кинеската пруга „патот на свилата“ и Вардарска долина“) Во исто време ретроградниот Меркур во Лав ќе донесе поактивно учество или поголема активност на Русија и Кина на финасиско поле, во уништувањето на доларот, па и еврото. Сето може да предизвика враќање во многу европски земји на старите валути. Германија одамна ги има отпечатено новите марки. Како што знаеме еврото беше замена за марката. Во голема мера ќе биде разнишан и меѓународниот фонд, со БРИКС, финасиската фондација, позната како евроазијска, која е создадена како пандам на Меѓународниот фонд, поточно на доларот. На меѓународна сцена, особено деновиве може да донесе опасност по безбедонста на Американскиот председател г-дин Доналд Трамп – од неговите соработници. Во моментот ретроградниот Меркур, кој му е владетел на 11 куќа (политички здруженија) ретрогрдно транзитира низ неговата 12 куќа (потсвест, таинствени непријатели), како што спомнав во Лав. Постои опасноста по неговата безбедност, не е исклучено да биде вовлечен во политички афери, за да се предизвика негово заминување од власт.
Драги пријатели, имав намера да пишувам, како кај вас, во овој период ќе делува ретроградното движење на Меркур, но тоа нема да го направам од следните причини. Ако пишувам за секој знак ќе треба буквално да пишувам дека сте исти знак и подзнак, дека Меркур ќе се движи из само една куќа, една област од животот, а може да се случи спротивно, во зависност од подзнакот. Од тие причини кој е заинтересиран како ќе делува кај него ретроградното движење на Меркур, може да се информирате во редакцијата на списанието ХОРОСКОП, каде се изработуваат детални хороскопи….
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НАД 20-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
контат. тел 078 215 911
Споделете