За 4-ри години од 2013 до 2017 година 260 000 албанци добиле државјанство на некоја земја од Европската Унија…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Мора да признаам, се изненадив кога го прочитав податокот на порталот http://vostok.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=3&idnovost=121420&Od-2013.-do-2017.-oko-260.000-Albanaca-dobilo-drzavljanstvo-jedne-od-zemalja-EU дека за 4-ри години 260 000 албанци добиле државјанство од некоја земја од ЕУ. Се запрашав кога 260 000 албанци добиле државјанство, колку се иселени од Албанија, Косово и Македонија. Ова бројка од 260 000 треба најмалку да се помножи со 4-ри или 5-ти, ако не и повеќе. Но, поголемо изненадување од кои земји најмногу добиваат државјанство: Италија и Грција. За Италија не ме чуди, романска група на наод се. Но, ГРција, која има проблеми со чамите? Ово е податок до 2017 а сега сме 2019 година. Прашање колку се работни дозволи и влезени со безвизбиот режим од Албанија или Македонија, па и од Србија.Еве го во целост текстот на порталот http://vostok.rs/index.php?option=btg_novosti&catnovosti=3&idnovost=121420&Od-2013.-do-2017.-oko-260.000-Albanaca-dobilo-drzavljanstvo-jedne-od-zemalja-EU :
Агенцијата за европски статистики објави дека во периодот 2013-2017 година, околу 260.000 Албанци добиле државјанство на една од земјите на Европската унија.
Огромното мнозинство Албанци или околу 92 отсто од оние што добиле државјанство на ЕУ станаа граѓани на Грција или Италија.
Само во 2017 година, околу 59.000 албански државјани станаа државјани на една од земјите на ЕУ, со што албанската заедница стана втора по добиени државјанства во ЕУ, веднаш по Мароканците со 68.000.
Грчката влада им додели државјанство на 30.000 албански државјани, додека Италија има 27.000, според Еуростат.
Голем број албански државјани, исто така, бараат азил во земјите на ЕУ. Во периодот од 2013 до 2017 година, 157.000 граѓани на Албанија аплицираа за азил.
Танјуг
Споделете