Земете ја судбината во свои раце….Очите го издаваат карактерот…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Кафени очи
Жените со кафени очи се од расата на “машки девојчиња”, за кои што и да се случи не е крајно негативно, не е фатално. Тие се борат – како за својата работа, така и за својата љубов, и никогаш не чекаат нешто на готово. Ете, затоа секогаш точно знаат колку секое нешто може да ги чини.. Тие ја немаат надворешноста на Барби, но умеат да се облекуваат и да се дотерувааат со вкус, а тоа во комбинација со нивниот висок интелект им дава навистина забележлива појава. Исто така, добро се справуваат во сите професии, вклучително и во оние кои што се сметаат само за “машки”.
Мажите со кафени очи се решителни, насочени кон целта; со спокојна и хармонична природа. Во нив тлее вистински жар, којшто може пламне во буен оган. Тие претпочитаат активност и дејства пред зборови и ласкања; секогаш ја постигнуваат целта што ја замислиле. Мажите од овој тип се присутни главно во сферата на интелектуалниот труд.
Црни очи
Црнооките жени имаат атрактивна надворешност, која што ја засилуваат со силни, ефективни тоалети, и сакаат луксуз и задоволен, богат, безгрижен живот. Тие се темпераментни љубовници и сопруги, но и доста лути, одмаздливи и каприциозни. Претпочитаат професии, коишто им нудат предизвици и ризици; а што е особено важно – ги претпочитаат мажите кои што обично победуваат благодарение на своите особини и упорност. Секогаш се стремат да докажат дека се нешто повеќе од обичните жени – домаќинки. Го сакаат театарот, хазадтот, дизајнерските професии и нестандардните полиња на лична реализација.
Мажите со црни очи се страсни, огнено чувствителни и избувливи. Поради тие особини, многу често се лишени од блиски пријателства и од здрави врски. За нив љубовта и сексот се неразделни, но лутината и настојчивоста често пати им прават лоша услуга. Често имаат проблеми со законот. Ја сакаат работата без шеф и точно зацртаните параметри на нивните задолженија.
Зелени очи
Жените со вакви очи се исклучително женствени и привлечни, волшебни уметнички во земскиот рај. Исклучително се интелегентни и интуитивни, и можат да бидат злопамтила, подли, расипани, сплеткарки. Тој тип жени меѓутоа се многу благи со децата, и се многу нежни и предани мајки. Тие често ги менуваат своите професии и љубовници во стремежот кон повисока позиција во општеството и авторитет. Исклучително голема помош во тој поглед им дава интуицијата.
Мажите со зелени очи имаат многу интереси, огромен потенцијал и силна пробивност. Мозокот им е како калкулатор и веднаш можат да ја проценат ситуацијата или човекот што е пред нив. Брзо се искачуваат на професионалниот столб и речиси секогаш се реализираат во професијата што ја сакаат. Зеленооките мажи ги признаваат главно законите на џунглата и ги претпочитаат само успешните луѓе. Надворешно се убави, но се доста студени и сексот за нив е уште една арена на која што треба да победат со технички туш. Многу им значи да бидат водачи и во личниот и во професионалниот живот – за нив тоа е речиси прашање на живот или смрт.
Сини очи
Синооките жени се деца со надворешен изглед на жени. Тие се чувствителни и ранливи и дејствуваат импулсивно, како деца, и брзо паѓаат во очај дури и после најмалиот неуспех. Нивната привлечност дејствува како магнет и имаат доста додворувачи, но многу често ги одбираат најнесоодветните мажи, веројатно заради незрелиот однос кон животот и луѓето. Сферата на нивните интереси, и често и професионалните ангажмани ги опфаќаат киното, телевизијата, модните подиуми, и сите области кои може да го привлечат вниманието на луѓето што ги опкружуваат.
Синооките мажи се полни со голема гордост, артистичност и заводливост. Тие лесно воспоставуваат контакти и се мудри кон своите пријатели и познати. Тие имаат отворен карактер и естетско чувство за хумор. Но, лекомисленоста многу им ги расипува нивните професионални и љубовни шанси. Најдобро се покажуваат во сферата на комуникациите и општо, секаде каде што има многу, многу луѓе.
Сиви очи
Жените со сиви очи се нежни, ранливи, со лабилна психа, нестабилно расположение. Ним им се допаѓаат мажи рицари, кои што повеќе се закрилници и старатели, отколку рамноправни партнери. Тие се верни пријателки и сопруги. Исклучително добро работат во колектив, како угледни, примерни работнички, а ризикот и претприемливоста не се нивна одлика. Сакаат да работат во спокојство, и затоа често се поетеси, докторки во оддалечени краишта или библиотекарки.
Мажите, меѓутоа, се амбициозни ловци кои сакаат успешна кариера и висок материјален стандард. Љубовта кон одредена жена може да им помине само ако тие ја примат улогата на второ “јас” и постојано се восхитуваат од нив. Сентименталноста е нешто непознато за нив и тие повеќе се со студени, горделиви и ретки природи. Ете зашто најчесто најуспешните адвокати, доктори, драмски автори, актери и научници се со сиви очи.
Шарени очи
Жените со шарени очи се волшебн и без да бидат класични убавици. Тие секогаш успеваат да го привлечат вниманието на околината со својот ведар карактер, своето чувство за хумор, со своето присуство да го засенат друштвото. Тој тип жени многу лесно воспоставуваат контакти и многу лесно наоѓаат работа и си создаваат семејство и дом. Имаат многу пријатели и познати од сите општествени кругови, зашто со сите можат да најдат заеднички јазик. Перфектно поле за нивна професионална реализација се рекламните агенции, односите со јавноста и посредувањето.
Мажите се симпатични, добродушни веселници кои умеат да му се насладуваат на животот.Тие често многу големо внимание посветуваат на вистината и се борат за неа. Во љубовта на прво место ги поставуваат пријателските односи и се многу добри сопрузи и родители. Луѓето ја ценат нивната способност секогаш да помогнат, но многу често стануваат цел на искористување од страна на шефовите и на своите блиски. Мажите со шарени очи бараат обично професија, којашто ќе им дозволи да ги раскрилат своите творечки способности и потенцијал.
Споделете