Да ли Путин претера со шегите (видео)? Американската морнарица забележала непознат објект, се сомневаат на НЛО, на Русија или Кина, на нивни хиперсонични објекти….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува; Илија Бошков – Крајнички

Порталот http://webtribune.rs/susreti-americke-mornarice-i-neuhvatljivih-nlo-na-moru-sumnja-na-ruse-i-kineze-i-tajne-supersonicne-projekte-video/ излезе со наслов „Средби на морнарицата на САД и недофатливи НЛО на море: Се сомневаат за руски и кинески тајни суперсонични проекти – ВИДЕО“ порталот во текстот вели:

           Членот на американскиот комитет за државна безбедност, Марк Вокер, побара од американската морнарица да ги рафетли пријавените средби со необични необични објекти на море, кои се движат во целосна спротивност со законите на физиката.

Вокер исто така се обидува да утврди дали овие објекти претставуваат закана за националната безбедност на САД. Опсесијата со „неидентификувани летачки објекти“ се здоби со конкуренција со појава на неидентификувани суперсонични предмети на море.

Извештаите од капетанот на американската морнарица, кој видел чудни предмети што ги кршат законите на физиката и се движат со хиперсонична брзина без видливи мотори, ги поттикнале службениците на САД да побараат појаснување.

Членот на Комисијата за безбедност, Марк Вокер, напишал писмо до секретарот на морнарицата Ричард Спенсер, во кое го прашува да го расфетли случајот – дали е тоа напредна руска или кинеска технологија – или е тоа нешто друго?

„Загрижени сме за ова, треба да знаеме со што се соочува нашата морнарица“, изјави Вокер за Фокс.

Инаку, пред две години, американската влада конечно призна дека ја започна Програмата за напредно идентификување на НЛО, која, наводно, била прекината.

Сепак, Пентагон потврди дека одделот сè уште рутински истражува НЛО, истакнувајќи дека „неидентификувани“ – не значи автоматски – вонземјани.

По изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп кој кажа: Не верува во вонземјани, но не ја исклучувам можноста да постојат“, веројатно вонземјаните што ги забележала морнарицата на САД тргнале на кафе за Москва – кај Владимир Путин…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20